Слобода 1

Анархистичка организација во Македонија:

АНАРХИСТИЧКИ ФРОНТ



      Анархистички фронт е група на луѓе која работи кон создавање на бескласно и бездржавно општество, засновано на еднаквост, солидарност, слобода, соработка, екологија, мир, без општествени, економски и политички хиерархии. Анархистичкиот фронт се формира месец Јуни 2009.
      А.Ф. учествуваше во организацијата на Анти-концертот во Велес, месец Август, каде се делеше бесплатна храна, под паролата: Храна, а не оружје. Потоа, А.Ф. организираше и протест пред српската амбасада во Скопје, во знак на солидарност со уапсените анархист(к)и од Србија.
      Членовите на А.Ф. во меѓувреме остварија контакти со Федерацијата на анархистите од Бугарија, од кои има добиено литература и весници, со Анархистичката федерација од Британија од кои има добиено литература, весници и часописи, со МАСА(мрежа на анархосиндикалисти и анархосиндикалистки од Хрвтаска) од кои има добиено литература, Антиавторитарното движење од Грција и Анархосиндикалистичка иницијатива од Србија. Некои од целите на Анархистичкиот фронт се и промовирањето на идеите на анархизмот, како и нивното спроведување во пракса, градењето на антиавторитарниот дух во општеството, поттикнување на самоиницијативноста кај луѓето.

АНАРХИСТИЧКИ ФРОНТ




Поддршка за студент(к)ите!


      Анархистичкиот фронт во врска со случувањата со студент(к)ите го напиша следниот текст до медиумите, меѓутоа од непознати причини не беше објавен:
Се воздржуваме од кажување погрдни зборови за да го опишеме гадењето што кај нас го предизвикаа актуелната власт и партиите во опозиција, трудејќи се да го свртат вниманието од студентскиот протест. Едните со цел заташкување на својата неспособност да ги решат проблемите, а другите пробувајќи да заработат некој поен.
Како и секогаш, партиите се обидуваат да ги наведат луѓето дека позади секоја акција стојат тие самите или нивните опоненти.
Се огласуваме со цел да ја прикажеме вистинската слика за работите, наместо тоа што се обидуваат да ни го сервираат.
      Најголемиот дел од луѓето во нашето движење се студент(к)и и сите тие се активни членови во СЛОБОДЕН ИНДЕКС. Најодговорно изјавуваме дека никој од нас не е и нема да биде поддржувач на ниту една политичка партија и ниту еден член на АНАРХИСТИЧКИ ФРОНТ никогаш нема да гласа на локални, парламентарни или претседателски избори. Јавно ги негираме и отфрламе сите партиски опции во државата, како од власта, така и од опозицијата.
      Веруваме дека студентите, кои се движечка сила на секое општество, вредат доволно како луѓе и понатаму како компетентни во својата област за да не им треба „поддршка” од партија за да бидат успешни, и да го работат она што го сакаат - она во коешто вложиле многу труд и време во студентските денови.
Нема да дозволиме чистиот студентски бунт против институциите кои ги газат студентите да биде обоен со нечистите партиски бои!

АНАРХИСТИЧКИ ФРОНТ





Што е анархизам?

Александар Беркман


     Сакам да ви кажам за анархизмот. Сакам да ви кажам што е анархизмот, бидејки мислам дека е убаво да знаете. Исто така, бидејки премалку се знае за ова, а она што се знае генерално се трачеви и најчесто се погрешни. Сакам да ви кажам бидејќи верувам дека анархизмот е најубавата и најголема работа која човекот ја смислил, единствен начин кој ти овозможува слобода и добросостојба и носи мир во светот. Сакам да ви кажам на многу прост и  едноставен јазик, да не би можеле погрешно да го разберете. Големи зборови и фрази на високо ниво служат само да збунат.
      Чистата мисла значи  едноставен говор. Но пред да ви кажам што е анархизам, сакам да ви кажам што не е. Ова го сметам за потребно бидејќи кружат многу погрешни информации. Дури и  интелигентни луге често имаат погрешна претстава. Некои пак зборуваат за анархизам воопшто непознавајки ништо на ова тема.. а, некои лажат, бидејки несакаат да ја дознаеш вистината...
      Анархизмот има многу непријатели, тие нема да ти ја кажат вистината за него. Зошто анархизмот има непријатели и кои се тие ќе дознаеш подоцна во овој текст. Сега можам да ти кажам само дека ниту твојот политички водач, ниту твојот работодавач, ниту капиталистот ниту пак полицаецот нема искрено да ти зборуваат за анархизмот. Повеќето од нив не знаат ништо за ова, а сите го мразат. Нивните весници - капиталистичкиот печат - исто така се против.
      Дури и социјалистите и болшевиците погрешно го претставуваат анархизмот. Вистина, мнозинството и  не знаат подобро, но оние кои знаат, исто така често лажно го прикажуваат анархизмот, како неред и  хаос. Еве сами заклучете за нивната неискреност: најголемите учители на социјализмот Карл Маркс и  Фридрих Енгелс учеа дека анархизмот ќе дојде од социјализмот. Тие велеа дека прво мора да имаме социјализам  па од него да произлезе анархијата, што би било послободна и  поубава состојба  на општеството. Но и  покрај тоа, социјалистите кои се следбеници на Маркс и  Енгелс инсистираат да го нарекуваат анархизмот хаос и  неред, што ви кажува колку ја игнорираат вистината.
Болшевиците го прават истото и  покрај тоа што нивниот најголем учител, Ленин рекол дека анархизмот ќе следи по болшевизмот и  ќе биде поубаво и  послободно за живеење. Ете затоа сакам да ви кажам што анархизмот НЕ Е.
Тој не е бомби, неред и  хаос. Не е грабежи и убиства. Не е војна на секој против секого. Не е враќање кон варварството.
      Анархизмот е многу спротивно на сето тоа. Анархизмот значи  дека треба да си слободен, дека на никој не треба да робуваш, дека не треба да те експлоатираат и  искористуваат.
Значи  дека треба да бидеш слободен да го правиш она што го сакаш и  да не си принуден да го правиш она што не сакаш. Значи  дека треба да имаш можност да го одбереш начинот на живот кој сакаш да го живееш, без никој да ти  попречи. Значи  дека секој другар треба да ја има истата слобода како и  ти, дека секој треба да ги има истите права. Значи  дека сите луѓе се браќа и  треба да живеат како браќа, во мир и  хармонија. Дека не треба да има војни, насилство, монопол и  сиромаштија.
      На кратко, анархизмот е состојба или општество каде секој човек е слободен и  еднаков со другиот.
Може ли тоа да се случи? - ќе прашаш, и  како?
Не пред сите да станеме ангели. - дофрла твојот пријател.
Па... остави да разјасниме, можеби можам да ви докажам дека можеме да бидеме достоинствени и да живееме достојно како луѓе... и без да ни пораснат крилја.



ЗАБЕЛЕШКА: Овој краток текст е извадок од книгата Што е анархистички комунизам од Александар Беркман. Доколку сте заинтересирани, книгата може да ја најдете бесплатно на интернет на англиски јазик на оваа адреса:





ЦИТАТИ


Работниците се како лимони. Откако богатите ќе го исцедат сиот сок од нив, ги фрлаат во ѓубриштето.
Рикардо Флорес Магон

Капитализмот не може да се „убеди“ да си го ограничи растот, исто како што човекот не може да се „убеди“ да престане да диши. Обидите да се „позелени“ капитализмот, да се направи „еколошки“, се осудени на пропаст од самата природа на системот како систем на бескраен раст.
Мјуреј Букчин




Анархија - поема
Џон Хенри Мекеј


Секогаш озлогласена, наклеветена, никогаш разбрана, 
Ти стравотен терор на нашата епоха.
„Руина на сиот ред“, крикнува народот,
„Ти, бескрајно силување на војна и убиства“
О пушти ги нека викаат. За нив што никогаш не настојувале
Вистината што лежи зад збор да се пронајде,
За нив вистинското значење на зборот никогаш не беше дадено.
Тие ќе продолжат слепо меѓу слепите.
Но ти, о збору, толку јасен, толку силен, толку чист,
Ти кажуваш се’ што јас за цел си зедов.
Јас те давам тебе на иднината! Ти ќе бидеш обезбедена
Кога сите самите ќе се разбудат,
Дали ќе дојде со светлината на сонцето? Со возбудата на бурата?
Не можам да кажам – но земјата ќе види!
Јас сум Анархист! Каде што јас нема да владеам
И владеан нема да бидам!







Анархистички фронт


Анархистички фронт е организација која се залага за создавање на
бескласно и бездржавно општество, засновано на еднаквост,
солидарност, слобода, соработка, екологија, мир, без општествени,
економски и политички хиерархии. Ние сметаме
дека за постигнувањето на такво општество потребна е револуција.
За да има револуција потребно е да се создадат материјалните услови за истата.
Тоа може да се случи преку доброволно, хоризонтално организирање и
директна акција на луѓето за конечно отфрлање и уништување на капитализмот и државите.

Доколку си заинтересиран/а за приклучување,
информирање и сл. за активностите на
Анархистичкиот фронт посетете ја веб страната:

http://anarhija.tk
Или пишете на:
anarhisticki.front@gmail.com

Текстовите се лични мислења и ставови на авторите и немаат авторски права.
А.Ф. може, но и немора да се согласува со истите.
© Copyleft. Весникот може слободно да се препечатува, копира и споделува.