Слобода за Алексеј Гаскаров и
Максим Солопов!
На 28 јули, 2010, повеќе од 200 млади антифашисти и анархисти извршија спонтана демонстрација пред градската административна зграда во Химки, предградие на Москва. Тие демонстрираа во одбрана на Химки шумата, која се наоѓаше во тоа време во процес на уништување поради голем бизнис. Демонстрацијата, за чие време беа скршени неколку прозорци, доби големо јавно внимание.
Властите одговорија со бран на репресии. Дента по демонстрацијата, двајца добро познати социјални активисти, Алексеј Гаскаров и Максим Солопов, беа уапсени. Тие сега се соочуваат со закана до 7 години затвор поради неодговорно однесување, и покрај тоа што нема доказ за нивно учество во нелегални активности. Во меѓувреме, полицијата продолжува да лови и малтретира други активисти, особено оние вклучени во антифашистичкото движење.
Кампањата за зачувување на Кимки шумата трае веќе три години. Властите одлучија да изградат сегмент од планираниот автопат од Москва за Петроград, прв од тој тип во Русија, кој ќе минува низ шумата. Ова би водело до влошување на природните услови во регионот, а локалните жители и Московјаните би биле оттргнати од уште една рекреативна зона.
И покрај достапноста на алтернативни патеки за кои нема потреба од сечење на шумата и вигорозните протести од енвироменталистите и обичните граѓани против планираната рута, властите веќе долго време го игнорираа гласот на општеството и на неколку пати презеде мерки да ги поттисне нивните критики.
Властите на Химки и контракторот на проектот за автопатот користеа насилство и други тактики прротив бранителите на Химки шумата. Тие одбија да дадат дозвола за протестни демонстрации, регрутираа националистички бараби за да го растурат мирниот протестен блок организиран од енвироменталистите и локалните жители и нелегално апсеа и претепуваа новинари кои ја покриваа сторијата.Скоро пред две години, Михаил Бекетов, главен уредник на весникот Химкинскаја Правда и критичар на локалната администрација, беше претепан од непознати лица; тој напад го остави Бекетов трајно осакатен. Сергеј Протозанов, дизајнерот на изгледот на друг опозициски весник, беше убиен под слични околности шест месеци подоцна.
После демонстрацијата од 28 јули, руската полиција и тајните служби ослободија дотогаш невидена полициска мрежа против антифашистите. Луѓе кои само еднаш им го привлекле вниманието на Центарот за превенција на екстремизам и ФСБ поради инволвирање со антифашистичкото движење беа земени со сила за испрашување.
Во неколку случаи тие беа предмет на строга физичка принуда од испитувачите со цел да ги натераат да дадат сведоштво. Згора на тоа, беа извршувани и нелегални пребарувања во нивните станови. Сите овие акции од страна на властите се прекрувања на руските и интернационалните закони.
Уплашени од бројните и растечките протести против сечењето на Химки шумата, властите конечно остварија концесии преку согласување за да се разгледа користа на планираната рута за автопатот. Но тоа не значи победа. Алексеј Гаскаров и Максим Солопов се сé уште во полициски притвор без никаква причина. Тие се заложници на властите.
Од 17 до 20 Септември, активисти и загрижени граѓани, вршат триесет и шест акции на солидарност, во триесет и два града и дванаесет земји низ целиот свет, вклучувајќи ги Солун (Грција); Берлин, Хамбург, Бохум, и Дизелдорф (Германија); Сиетл ( САД); Краков (Полска); Киев, Харков, Тернопил, и Запорожје (Украина); Луцерн, (Швајцарија); Истанбул (Турција), Лондон (Велика Британија); Стокхолм (Шведска), Рим (Италија), и Копенхаген (Данска ). Париз (Франција), Атина (Грција) и Њу Јорк (САД) имаа по две акции.
Во Русија, протестите се одржа во Ижевск, Иркутск, Казан, Саратов, Чебоксари, Москва, Петрозаводск, Петерсбург, Омск, Тиумен, и Јарослав. Во некои од овие градови се оддржаа по два протеста. Исто така, протести имало и во Мексико Сити, Будимпешта и Уфа (Русија). На почетокот, спонтани акции за поддршка на Гаскаров и Солопов, се одржаа во Тел Авив, Париз, Берлин, Москва, Киев, Минск, Петербург и Ижевск.
Неколку факс пораки биле испратени, од страна на луѓе од целиот свет, до општинскиот суд во Химки, до канцеларијата на обвинителот во регионот на Москва и до претседателот на Руската Федерација.
Руската држава и меѓународните организации, добиле стотици пораки кои укажуваат на колапс во владеењето на правото во Химки и повикување на примателите да престанат со овие репресии и да ги ослободат Алексеј Гаскаров и Максим Солопов.
Во текот на протестните акции во Русија, активистите собраа повеќе од 700 разгледници, адресирани до рускиот претседател. Потписниците барале да се ослободат Химки заложниците.
За дополнителни информации, посетете го овој
вебсајт http://khimkibattle.org на
англиски,германски, руски и француски.
Граѓанската војна во
Дарфур, Судан
Конфликтот во Дарфур е герилски конфликт или цивилна војна на територијата на Дарфур во Судан. Таа војна почна на 23 фебруари кога Суданската Либеративна Армија (SLA) и Движењето за Правда и Еднаквост (JEM) земаа оружје во рацете, и ја обвинија Суданската влада за угнетување и геноцид над Африканците кои живеат со Арапите.
Па зарем не сме сите луге на оваа планета и не треба да се подржуваме без разлика на нашата боја и раса?! Зарем расизамот не замре заедно со втората светска војна?! Едната страна ја сочинуваат Суданската армија и полиција и Janjaweed суданска милитанска група регрутирана од арапските номадски племиња а од друга страна се ЈЕМ и SLA-бунтовници
кои даваат отпор на Суданската влада и насилството од страна на Janjaweeds.
Со различни проценки за човечките жртви бројките се движат од од дваесет до стотици илјади мртви! Причините за мртвите во тој регион се директен напад, глад или болести. Исто така се создава ситуација кога има масовна миграција на луге во кампови за бегалци преку границите на Судан и премногу хуманитарни кризи. Иако суданската влада и ЈЕМ потпишаа договор за мир, таму мирот уште не е створен.
Иако договорот е потпишан Janjaweed и Суданската влада и натаму извршуваат авионски напади и бомбардирања врз селата со цивили. Со тоа договорот е прекршен и најголемата суданска бунтовничка организација ЈЕМ одтогаш ги бојкотира сите преговори и се одлучи за земање на оружје во рака и одбрана од напаѓачите. Се ова се случува поради поделбата на Дарфур на северен у јужен дел и со тоа се поделени расите на Северни Арапи коа сметаат дека се повисока раса и на Јужни Црнци за кои арапите мислат дека се створени за да робуваат. Но како светот реагира на ова?
Освен неколкуте организации кој вистински одат во Дарфур и во камповите за бегалци да помогнат на беспомошните,останатиот дел од светот само ги за-мачкува очите на народот со потпишување деклара-ции за мир, додека гинат стотици луге поради раси-зам. Очигледно светот (читај Америка и Европа) е премногу зафатен со правење на поважни работи што нема време и начин да го спречи геноцидот на Средниот Исток. Тоа е болен сарказам, но и брутална вистина. Неодамна тројца активисти за спречување на конфликтот отидоа да снимаат документарец за Дарфур, и тие луге завршија во затвор киднапирани од Иранската влада и обвинети за шпиони. До кога?! Разбуди се народе! Лугето умираат! Да ги скршиме стегите на општеството да го отфрлиме расизамот и да живееме слободно!
Повеќе информации:
http://freeourfriends.eu
http://www.darfurianvoices.org
Преведено од Unchained Mind
ГО ЧЕКАМ ДЕНОТ
Зошто? Зошто? Зошто? Затоа што некој сака да се удира во гради и да вика јас сум тој. Зошто? Затоа што некој сака да биде над некој. Зошто? Затоа што себичноста е огромна. Зошто? Затоа што некој има премногу гордост во себе. Зошто, зошто, зошто мора да постои овој глуп систем од капиталистички копилиња? Зошто мора некој да биде над тебе? Зошто некој да одлучува за тебе? Зошто не се гледаат другите вредности во животот? Зошто не направиме едно поубаво место за живеење? До каде ќе води оваа себичност, до каде ќе стигнеме со овој “напредок”? Што со законите? До каде со нив? До каде со нивната КОНТРОЛА?! Кој е тој што ќе ми каже мене што да правам и како да се однесувам? Ако сакам законот сигурно нема да ме спречи да се однесувам ЈАС како што сакам. До каде со тие 18 години? Што понатаму? Извини дечко кој си над мене и кој одлучува за мене, ама мене не ми треба никој да ме контролира, а и на многу други луѓе како мене. На добрите луѓе не им треба закони за да ги контролираат, а лошите ќе најдат начин околу нив.
Дали ќе се постигне ред со тотална контрола? Па како што гледаме во денешницата има еден куп закони, но со ниту еден од нив не се постигнал ред. Има ли криминал? Има ли неправда? Има ли потценување и дискриминација? Одговорот мислам дека и сами го знаеме. 18 години, непоминување на пешачки, за чистота? До каде со ова? Дали сакаме да живееме во свет во кој се раѓаме и гледаме само да преживееме до наредното утро? Дали сакаме да живееме во свет кога еден ден некој ќе ти рече да не одиш во тоалет затоа што е забрането од 13 до 15 часот да се користи одводот, заради заштеда на вода? Слободно може да почнат да нè дресираат како кучиња и да ни даваат колаче за секоја нивна исполнета желба. Дали сакаме да живееме во свет во кој треба на колена да клекнеме и да молиме за своите основни потреби?
Дали сакаме да живееме во свет во кои сме изигрувани цел живот? Не гледаме ли дека не водат кон тотално слепило и наивност? Го чекам денот кога на повеќето луѓе ќе им СКУРЧИ од овој “кучешки” систем на контролирање. Го чекам денот кога сите заедно ќе се собереме, ќе соработуваме, за заедничко добро, без некој да му наредува на некој друг како да го живее својот живот или како да се однесува, што треба да прави за да постигне нешто или за која цена да си ја продаде гордоста. Се надевам дека нема да ни треба многу време да сфатиме во какви заблуди живееме, затоа што неможам повеќе да гледам авторитети, кои за да стигнат до таа позиција си се продале себеси, својата гордост, својата фамилија, своите пријатели итн. Го чекам денот...
~Анонимен
Анархистичка одбрана на порнографијата
Порнографијата не престанува да биде контраверзна тема, дури и помеѓу анархистите, од кои се очекува да бидат најсилните подржувачи на слободата на изразувањето. Како и да е, голем број анархисти ја имаат критикувано порнографијата, а некои ги подржувале или пак учевствувале во анти-порнографските движења чиишто членови се обидуваат да ги спречат во своите намери оние кои сакаат да бидат гледачи на порнографски содржини. Некои канадски анархисти отидоа дури и до палење на порнотека, активност која повеќето анархисти ја игнорираа или пак не ја критикуваа. Од друга страна оние кои ја бранат порнографијата и слободата на изразување, сексуално или поинаквo, се исклучени како сексисти или реакционери. Што е тогаш причината заљубените во слободата и сексуалната револуција да ги заборават своите принципи кога станува збор за сексуално експлицитна литература или кинематографија?
Aнтипорнографското движење, вклучувајќи ги и членовите анархисти и останатите подржувачи, не е монолитно. На некои не им се допаѓаат валканите книги и филмови, но ја подржуваат слободата на произведување и консумaција на ваквиот материјал. Ослонети се на аргументи и протести со цел да ги сменат ставовите на оние кои сакаат порнографија, охрабрувајќи ги да не и се препуштаат, но сепак се противат на цензурата. Други, меѓу кои исто така има анархисти, сметаат дека физички напади врз порнотеки, како и врэ државната цензура се прифатливи тактики во борбата против порнографијата. Додека нападите на цензурата се разбирливо складни со анархистичката теорија, нападите на порнотеките се навидум проблематични во едно движење кое се залага за сексуална слобода.
Исто така, приказот на жените во порнографијата не е повеќе сексистички или понижувачки од нивниот приказ во поголемиот дел на литературата и визуелните медиуми, од новели па до телевиэиски магазини и реклами. Во сексистичко општество, поголемиот дел од приказите на жените содржат барем дел од сексистичките особини заеднички и на мажите и на жените. Покрај се, некоја порнографија содржи женски карактери кои се независни, самомотивирани и преокупирани со сопственото задоволство, особено во садомазохистичката порнографија каде жените се често доминантни во однос на мажите. Она што им пречи на овие луѓе не е сликата на жените во порнографијата, која е слична на сликата во остатокот на општеството туку сексуалната експлицитност; тие имат проблем со сексот.
Антипорнографските активисти исто така тврдат дека порното кое ги понижива жените е причина за ставот и односот на мажите кон жените, и затоа се разликува од другите форми на изразување. Но, како и другите видови на опис и прикаэ, порното го рефлектира она што луѓето сакаат да го видат и она со што се помирени; не се обидува да вметне идеи неприкладни на умот на луѓето. И, дури и во малкуте случаи во кои нови идеи им се понудени на луѓето преку порното тие сепак си остануваат само идеи. Мажите не силуваат или пак тепаат жени поради тоа што тоа го виделе на филм. Сексизмот, силувањето и претепувањето на жените од страна на нивните партнери постоело одамна пред појавата на модерната порнографија, и општествата со помалку порнографија не се помалку сексистички или насилнички настроени кон жените од оние во кои има повеќе порнографија.
Тврдењето дека порното ги прави мажите насилни е погрешно и базирано на митот дека порнографијата е претежно насилна. Порното е претежно составено од ненасилен, консензуален и заеднички задоволителен секс. Некои од нив исто така содржат садомазохистички секс, којшто, иако содржи насилство и (привидна) болка, истовремено е консензуаелен и меѓусебно задоволувачки. Секако дека постои порно кое прикажува силување и други форми на недоброволен и насилен секс, но тоа е сепак мал дел од порното кое денес се произведува и консумира. Исто како и несексуалните насилни книги и филмови, тоа е просто опис на фантазијата направена од авторот или изведена од актерите кои ја прифатиле. И доколку антипорнографите навистина имаат проблеми со насилството а не со сексот во порното, зошто тогаш протестираат само пред порнографските продавници и уништуваат порно списанија и видеотеки, додека истовремено ги игнорираат хорор магазините и книгите за петок трианесетти.
Еден аспект на овој феномен што е често занемаруван е хомосексуалното порно. Голем дел на денешната порнографија прикажува секс помеѓу мажи, со зголемен број на прикази на секс помеѓу жени. Антипорнографите го игнорираат овој вид на порнографија бидејќи не оди во прилог на нивните аргументи. Зошто според нив односот помеѓу двајца мажи, во кој претежно едниот маж е доминантен а другиот пасивен, не ги понижува мажите додека пак сексот помеѓу маж и жена е понижувачки кон жените? И доколку ги понижува, зошто ваквата порнографија не ги навредува мажите, особено пасивните? А, доколку ова порно содржи садомазохистички прикази и (поттикнува) насилство, зошто тогаш не резултира со распространето насилство против мажите, или пак нивно силување?
Сепак дискусии на оваа тема ретко се случуваат бидејќи повеќето противници на хетеро-порното не сакаат да говорат за него, ниту пак да го критикуваат квир-порното бидејќи не сакаат да ризикуваат да бидат сфатени како „хомофоби“ или да бидат политички некоректни. Причината е секако и фактот дека порното во хомосексуалните кругови е разбрано како ослободувачко, за разлика од хетеросексуалните кругови каде е сé уште табу. Поради оваа „политизација“ на квир-порното, било каква дискусија за хомо-порното од страна на антипорнографите, од кои мал број се хомосексуални, секогаш е критикувана од страна на геј либерационистите како „анти-геј“ и затоа е ефектно спречена. Тоа е несреќа, бидејќи ваквата дискусија би ги покажала слабостите на анти-порнографските аргументи.
Иако делува чудно кога некои секусални либерационисти и анархисти порното го сметаат за нападно. Сигурно е дека луѓето имаат различни вкусови. Доколку јас сакам порно, не значи дека треба да го сакаш и ти. Но доколку некој тоа го сфаќа како навредливо, тогаш треба едноставно да го избегнува, а со тоа би ја избегнал и навредата. Сепак, анти-порнографите не се задоволни со оваа стратегија кога се работи за порното.
Мислат дека доколку ги навредува нив, тогаш мора да ги навредува и другите, особено жените, и затоа си земаат за право да ги заштитуваат другите. Исто така, чувствуваат дека порното ги прави мажите агресивни и сексисти и затоа се обидуваат да ги спречат да гледаат порнографија.
Kако што е наведено во горниот дел на текстот, антипорнографите се разликуваат според стратегиите кои ги применуваат во постигнувањето на сопствените цели. Иако оние што користат аргументи да влијаат врз другите да го избегнат порното се подржани од цензорите, нивните идеи за луѓето се проблематични за оние со анархистичка перспектива. Луѓето се слободни суштества кои прават избори и донесуваат одлуки врз база на она што го гледаат, слушаат и доживуваат, и се одговорни за последиците на овие одлуки. Слободарскиот начин да се општи со останатите слободни агенти е да им се дозволи на останатите кои сакаат да ги гледаат или читаат овие материјали кои некој не ги одобрува, и да им се допушти да ги видат овие книги или филмови па потоа преку дискусија да се обидат да ги убедат во своите сфaќaња.
Проблемот треба да биде дебатиран на слободниот пазар на идеи, пазарот каде сите треба да бидат слободни да ги видат сликите или списите и да дискутираат за нив, а не да зборуваат со јазикот на пуританците дека порното содржи понижувачки и штетни призори и зборови. Луѓето кои вршат притисок врз продавачите на порното да престанат да дистрибуираат порнографија на база на искуство на некој друг, иако не користат насилни форми на дејство сепак не ја почитуваат способноста на донесување одлуки на другите.
Дури не веруваат во силата на сопствените аргументи кога се соочуваат со порнографското искуство на другите. Овие луѓе веруваат дека другите треба да бидат сочувани (најмногу, од самите себе си) од страна на оние попросветлените, т.е. антипорнографски настроените. Убедувањата да ги сопрат сопствените искуства и да се водат според мислењата на другите во врска со работи кои вклучуваат читање и гледање, подразбираjќи го тука гледањето и читањето на порното, не е ни анархистичкo, ниту пак слободарско.
Според анархистите, повеќе проблематични се оние антипорнографски активисти кои се отворено цензорски настроени. Додека до сега немаме сретнато анархисти кои подржуваат закони против порното, голем број анархисти го подржуваат уништувањето на имотот на продавачите на порното. Уништувањето на филмови и книги кои некои луѓе имаат намера да ги продадат на други кои доброволно сакаат да ги купат e еднакво цензорски акт како и некој закон спроведен од страна на државата. Иако се согласуваат со останатите антипорнографи кои имаат за цел да ги заштитат другите од порното, овие луѓе одат чекор понатаму и користат присила да ги постигнат сопствените цели. Ваквото гледиште е некомпатибилно со сите визии на слободно општество зацртани од страна на повеќето анархисти, и треба да биде одбиено од страна на сите борци за слобода.
Порнографијата, како и секоја друга врста на забава може да биде добра или лоша, во зависност од индивидуата. Како и да е, како жанр на литература или филм, не е подобра или полоша од било што друго. Ако порното е лошо и сексистичко, тогаш најдобрата стратегија е да се критикува и дискутира јавно, за да се поттикне продукција на несексистичка порнографија, а не да се потиснува. Сексот и неговиот приказ се извор на задоволство за многумина и слободата да се ужива во него треба да биде брането, или барем толерирано од страна на анархистите. Цензорите, вклучувајќи ги и оние кои се изјаснуваат како анархисти, се непријатели на слободата, и сите анархисти кои ги подржуваат ја доведуваат во прашање нивната предаденост кон идеалите за слободно општество.
(Авторот е непознат)
АНАРХИСТИ
АНАРХСТИ! - Да, тоа сме ние. Нашата цел? - Уништување на сите светски поредоци досега, заосновани на лаги, крв и пепел и создавање на нов поредок, заоснован на соживот, разбирање и соработка помеѓу сите класи, раси, вери и идеи.Дали е возможно ? - Со малку верба во човештвото, да. Како ќе успееме? - Со многу работа, труд, активизам и дела, кои ќе им посочат на луѓето каде оди денешниот поредок и ќе им даде пример како тоа да го спречат.
Светот е болен, да. Но, како да го излечиме човечкиот свет, кога ги уништуваме самите „ корени “. Под „корени“ мислам на природата. Па, како сите други суштества, ние сме деца на мајката природа. Таа не создала и ни ги дала сите потребни услови за
егзистенција. Ние секако, треба да се оддолжиме. Дали го правиме тоа? - Не. Одогворот е: ние ја разочаруваме и ѝ враќаме многу несовесно и неодговорно.
егзистенција. Ние секако, треба да се оддолжиме. Дали го правиме тоа? - Не. Одогворот е: ние ја разочаруваме и ѝ враќаме многу несовесно и неодговорно.
Зошто? Ќе се запрашате можеби. Па вие како поединец/ поединка, можеби и немате што многу да сторите околу тоа. Денешните најголеми прблеми со кои се соочува природата и живиот свет, се од глобални размери. Слушаме за природни катастрофи, глобално затоплување, ефект на т.н. „Стаклена градина“. Дали сте се запрашале зошто е тоа така ? Тоа што вие ќе го фрлите вашиот отпадок во корпата за отпадоци и не менува нешто многу.
Бидејќи таму надвор има илјадници термоцентрали, фабрики, индустриски комплекси, нуклеарни централи. Знаете ли дека има и алтернативни извори на енергија? Но, никој не сака посебно да се заинтересира за нив. Тоа е можеби затоа што со овие моментални извори, кои се најголем загадувач, управуваат најпознатите енергетски гиганти, чии џебови секојдневно се полнат со осум-цифрени суми. Да, тоа се нашите „другари“, капиталистите. За да се изградат нивните „ машинерии за богатство “, се сечат огромни пространства на висока вегетација. Природата секако, ни враќа со големи катастрофи, елементарни непогоди, зголемени температури на лето, намалени температури на зима, оследици од радиоакитвите зрачења, појава на нови вируси и заболувања.
Поради нивните суети, денес не е загрозен само вашиот социјален статус, туку и вашиот живот воопшто. Затоа, наш апел до вас пријатели, познаници, соседи, сонародници и истомисленици е, ајде веќе еднаш да застанеме сите заедно, обединети со една мисла, како едно тело и да кажеме „СТОП“, на загадувањето на природата, од кое што загадување профитираат големите капиталисти, кои се гладни за уште и нема никогаш да го слушнат нашиот одзив, колку и да сме бројни. Тоа ќе го постигнеме само со организирана борба, во која секој ќе даде и најмал
придонес, кој ќе биде доволен за да го направиме светов едно убаво, сигурно место за живеење.
ДА ЖИВЕЕ СЛОБОДАТА !!!
придонес, кој ќе биде доволен за да го направиме светов едно убаво, сигурно место за живеење.
ДА ЖИВЕЕ СЛОБОДАТА !!!
Интервју со бендот Dishumanity
(Србија)
(Србија)
1. Најпрвин претставете се кои сте, што сте?
- Dishumanity: Вук(тапани, вокал), Кими(гитара), Душан(бас гитара)
2. Кое е значењето на името на бендот?
- Dishumanity: we love d-beat & hate humanity
3. Сигурно имате бенд/ови кои ви оставиле впечаток од вашата сцена. Кои се вашите влијанија, кои бендови ги слушате?
- Вук: Disstress, proces, krvavi protoko, specijalno vaspitanje, dazd, emetica… Душан: KKN, KBO, THIMBLE, Darkwood Dub… Кими: Distress, dazd, krvavi protokol, guiseppe carrabino, vox populi…
4. Каква е ситуацијата во тамошната сцена (Крагуевачката) и во Србија и како гледате на новите бендови?
- Dishumanity: Сцената овде во Крагуевац е многу добра, голема посетеност,има доста хардкор/панк, но и грајнд/кор бука....што се однесува до Србија секогаш може подобро..секако... Се на се доста добри концерти и луѓе што доаѓаат на истите , а што се однесува до новите бендови: Disfunkcija, r.i.p. misomor,lepra,terrarium,katma,downtrroden..
5. Како гледате на анархизмот, на издавањето на фанзини на SxE?
- Dishumanity: На анархизмот гледаме како нешто што нема врска со политика, доста луѓе денес го гледаат како политичко определување... ние го подразбираме како нешто во човекот, а не како политичко определување... а што се однесува до SxE your life is your fuckin life!
6. Што мислите за фанзините и за изданијата како што е „Слобода“?
- Dishumanity: Подржуваме секаков вид на d.i.y. нешта
7. За прв пат сте во Македонија, како ви се допаѓа сцената, приемот на публиката? Дали слушате некои МКД бендови?
- Dishumanity: Сцена во Мкд е супер, ние за првпат свириме во Мкд, и ни беше брутално добро, луѓето се полни бес и волја... Да слушаме некои Мкд бендови: FxPxOx, smack attack, shock troopers, defekt, no control, potop…
8. Кој е задолжен за музиката, текстовите кои ги создавате? Како би се опишале како бенд?
- Dishumanity: Вук е задолжен за текстовите на песните, Душан и Кими ја прават музиката apocalyptic d beat hc punk with anti war and anti capitalist lyrics!
9. Што значи за вас бендот? Какво е чувството да се има бенд?
- Dishumanity: Бендот за нас е секојдневен живот, начин да го исфрлиме гневот кој е во нас spread the doom
10. Запознајте нè со крагуевачката сцена. Има ли бендови? Кои ви се омилени бендови? Ако можам така да се изразам.
- Dishumanity: Крагуевачката сцена е многу добра, има премногу добри бендови..на пр. Emetica, Bombaski Proces, Specijalno Vaspitanje, Downtrodden, Disfunkcija R.I.P., Thimble...
11. Што мислите за фашизмот, национализмот?
- Dishumanity: Фашизмот одамна не постои, против националистите немаме ништо меѓутоа доста луѓе се претставуваат како националисти, а впрочем се шовинисти, а што се однесува национал-социјалзимот, СО СЕТА СИЛА ПРОТИВ НЕГО
12. Идни планови, изданија, турнеи?
- Dishumanity: Во август ќе издадеме кај Вуја (К.Б.О.) во студиото ‘’Чешњак’’. Што се однесува за турнеи не можеме ништо да кажеме... Овој пат им се заблагодаруваме на бендовите misomor, no control, downtrodden, wormrot на подршката
Анархистички фронт
Анархистички фронт е организација која се залага за создавање на
бескласно и бездржавно општество, засновано на еднаквост,
солидарност, слобода, соработка, екологија, мир, без општествени,
економски и политички хиерархии. Ние сметаме
дека за постигнувањето на такво општество потребна е револуција.
За да има револуција потребно е да се создадат материјалните услови за истата.
Тоа може да се случи преку доброволно, хоризонтално организирање и
директна акција на луѓето за конечно отфрлање и уништување на капитализмот и државите.
Доколку си заинтересиран/а за приклучување,
информирање и сл. за активностите на
Анархистичкиот фронт посетете ја веб страната:
http://anarhija.tk
Или пишете на:
anarhisticki.front@gmail.com
Текстовите се лични мислења и ставови на авторите и немаат авторски права.
А.Ф. може, но и немора да се согласува со истите.
© Copyleft. Весникот може слободно да се препечатува, копира и споделува.