Слобода 5

Анархосиндикалистите ослободени!



                 На рочиштето одржано на 16 јуни оваа година судијата Драгомир Герасимовић изрече ослободителна пресуда за „Белградската шестка“: Ратибор Тривунац, Тадеј Курепа, Иван Вуловић, Иван Савић, Никола Митровић и Сања Дојкић поради недостаток на докази дека извршиле кривично дело „предизвикување на општа опасност“ за што беа обвинети.
                Со ова е завршен (првостепениот) процес против шестмината анархосиндикалисти кои беа уапсени на 3. септември минатата година и речиси шест месеци проведоа во Окружниот затвор во Белград, обвинети за „Меѓународен тероризам“. Благодарејќи на големиот притисок на севкупната јавност, шестката е пуштена да се брани од слобода на главниот претрес на 17 февруари годинава. Тоа веројатно беше светски преседан во судската пракса – обвинети за тероризам да се бранат од слобода! Непосредно пред продолжението на судењето, на 22 март, обвинителството ја измени квалификацијата на кривичното дело во „предизвикување на општа опасност“, но обвинението остана речиси исто – преполно со бесмислици и контрадикции.
                Членовите на „шестката“ обвинети се исклучиво поради тоа што јавно укажуваа на суштинските проблеми на ова општество, како и на нивните причини, со тоа што ги поддржуваа обесправените работници и го пропагираа нивното самоорганизирање. Тие станаа жртви на државната репресија која среде кризата и честите социјални превирања се спроведува врз самоорганизираните работници. На работниците ширум Србија им се испраќаат закани, уцени, обвиненија, осуди, па дури се и физички напаѓани и малтретирани на најразноврсни начини за да потклекнат и да се откажат од борбата за своите права и на газдите да им овозможат непречена експлоатација.
                Потсетуваме и дека моментално се водат уште два политички процеси за кривично дело „опструкција на правда“. Едниот се води против другарот Давор Билић, на кого на 17 февруари му е одземен пасошот и кој од тогаш не може да се врати во Хрватска, поради истакнување на транспарент со натпис „Анархизмот не е тероризам“ пред судницата, а вториот против уште тројца другари од Вршац поради лепење на плакатите „Слобода за уапсените анархисти“.
                Бараме прекинување на процесите кои се водат против сите кои се солидаризираа со „Белградската шестка“.
                Исто така сакаме најостро да ги демантираме наводите на некои медиуми кои Ратибор Тривунац го ословуваат како „лидер“ односно „водач“ на „Анархосиндикалистичката иницијатива“. Нашата организација се заснова на нехиерархиски, директно-демократски принципи и како таква нема, и не може да има, ниту лидер ниту пак водач. Ратибор е наш другар и пријател, но е само еден од членовите.

Секретаријат на Синдикалната конфедерација
„Анархосиндикалистичка иницијатива“
Секција на
Меѓународното здружение на работници и работнички







„ТОА ШТО ЈАС ГО ПОСАКУВАМ ПОВЕЌЕ ОД СÈ ВО ОВОЈ ПОСЛЕДЕН ЧАС НА АГОНИЈА Е НАШИОТ СЛУЧАЈ И НАШАТА СУДБИНА ДА БИДАТ РАЗБРАНИ ВО НИВНАТА ВИСТИНСКА СУШТИНА И ДА СЛУЖАТ КАКО ОГРОМНА ЛЕКЦИЈА ЗА СИЛИТЕ НА СЛОБОДАТА, ТАКА ШТО НАШЕТО СТРАДАЊЕ И СМРТ НЕМА ДА БИДАТ ЗАЛУДНИ“

Николо Сако и Вартoломео Венцети







„На народот му беше доста!“
Анархистички разговор за
грчката криза
Следното е разговор за грчката криза со Константинос Авримидис - грчки жител на Ирска,
член на работничкото движење за солидарност 
(Workers Solidarity Movement) и на поштенскиот синдикат





- Можеш ли да ни обезбедиш малку информации за економската криза во Грција?

Главната причина беа пожарите на шумите, бидејќи ја употребуваа таа изгорена земја, за развој и беше тоа голем скандал бидејќи не се случија од природни причини. И потоа го имате младиот Алекс (Григоропулос) кој беше убиен од страна на полицијата и колапсот на светските банки и нивното влијание врз грчката економија, сето тоа додадено на социјалното незадоволство. Но никој не зборуваше за домашната економија: луѓето на власта ги местеа бројките, тие ги криеја информациите и работите беа далеку полоши одошто се кажуваше на јавноста.

Конзервативците и Социјалистите исто така знаеја дека ситуацијата е прилично лоша, но земјата имаше избори во октомври месец. Социјалистите знаеја дека земјата се наоѓа во многу лоши услови и дека не можат да платат за пензиите и за платите, ние всушност бевме во банкрот. ММФ и Светската банка беа подготвени да ни дадат пари, за одредена цена, знаете. Новоизбраните социјалисти беа избрани со ветувањето дека ќе направат економска реформа што подалеку од неолиберализмот, тие ветуваа јавно и социјално трошење, итн. Луѓето паднаа во замката. Тие дадоа 100 дневна програма за сето тоа да се случи. Тие ветија дека ќе ја нападнат корупцијата, но ништо од тоа што го ветија не се случи, бидејќи немаше пари! Но тие не го признаваа тоа, иако го знаеја пред изборите, но сé беше за изборните ветувања. Па тие се свтеа кон ЕУ за да им даде заем. ЕУ водена од Франција и Германија не беа желни само да им дадат заем, па тие рекоа дека ќе земат заем од ММФ. Сега, Грција беше првата земја што ќе добие пари од ММФ внатре од ЕУ, а тоа има последици за целата унија.

-  Колку лоши беа условите наметнати со добивањето на заемот?

По давањето на првата количина на пари, ММФ бараа низа од реформи како што се намалување во трошењето за јавни услуги и намалувањето на пензиите. Па затоа тие ги исекоа бонусите и платите, така што 30% од просечниот приход сега не постои за работниците. Пензиите исто така беа намалени за 30%; на луѓето на кои им беа дадени кредити за куќи, автомобили и други работи, почнуваат да ги губат. Вториот услов е дека мора да ги намалат значително платите на работниците во приватниот сектор, кои и веќе беа заебани. Па резултатот е дека за прв пат во 36 години ќе имаме генерален штрајк, каде 300.000 маршираа само во Атина. Овој месец ќе имаме уште еден генерален штрајк, всушност утре, па за два месеци ќе имаме два генерални штрајка, нешто што се нема случено претходно во скорешни времиња. Сега гледате и домаќинки кои излегуваат на улиците со тавчиња, обични луѓе што не можат да се снајдат за живеачка, не е веќе само левицата што излегува на улиците.

                Друго нешто што се случува е масовен егзодус на мигранти, па луѓето одат во Германија, Франција и ова не се случило со години.

-  Koja e реалната сила на штрајкот и што може да постигне?
Протестите и штрајковите не може многу да постигнат, искрено. Сега е време да се организираат масовни блокади 
во работата заедно со окупации... целта е да се симне власта. Тие ќе мора да одржат референ-дум за целата работа со ЕУ и ММФ, а потоа ќе мора да имаме масовна реконструкција на јавниот секотор, борба со корупцијата на сите нивоа, почнувајќи од врвот. Највисоките нивоа се проблемот; има министер за туризам што пред два дена откри дека нејзиниот сопруг, познат локален музичар, должел на даночното 5,5 милиони евра. Таа даде оставка, но тие се обидоа да го измолзат народот додека должат милиони на државата!

- Кои се политичките и социјалните актери што може да ги донесат тие промени за кои што кажа пред малку?

Не се знае. Знаете, во Грција има повеќе луѓе со класна свест отколку во останатите европски земји. Но сепак не е значаен процент од населението со цел да се има целосна промена. Мнозинството од синдикатите се поврзани со политичките партии, конзервативни и социјалистички, освен PАМЕ кој што е поврзан со комунистичката партија. Проблемот со нив е, и покрај тоа што имаат 10% од електоратот, тие не носат свежи идеи, тие зборуваат на луѓе кои живеат во ’50-тите. Тие ги повикуваат луѓето на улица бидејќи немаат друга опција; раководството мора да ја слуша вољата на нивните луѓе. Претседателот на сојузот на синдикатите од приватниот сектор (GSSE) пред неколку недели за малку ќе беше линчуван од самото раководство кога се обиде да ги смири луѓето кои демонстрираа. Нема многу простор за нив да дадат мислење различно од она на мнозинството. Останатата  левица  и  анархистите  се  обидуваат

да се придружат на синдикатите, што е добро, бидејќи така постигнуваат многу повеќе работејќи политички онаму каде што се луѓето, но сепак тоа не е доволно... ова требаше да го сторат пред многу години. Анархистите маршираа во одделени групи, имаше малку секташтво, но сега почнуваат да маршираат заедно со синдикатите и нивните социјални организации, што е развој во позитивна насока.

- Некои луѓе од медиумите тврдат дека протестите во Грција умираат во овој момент...

Јас имам поинакви информации, а утрешниот штрајк ќе го докаже тоа. Тие стануваат посилни. Но евентуално ќе постои мала пауза, но нема да умрат, бидејќи летото ќе дојде и многу луѓе ќе одат на одмори, тие може и да им дадат и неколку бонуси за пензионерите да заминат на одмор, но тоа што мора да го земете во предвид е дека септември може ќе биде најжешкиот месец, но јас чувствувам дека октомври ќе биде двојно пожежок. Луѓето ќе се вратат, бонусите ќе ги нема, пензиите и платите ќе бидат намалени, тие уште ќе отплатуваат кредити, а образованието ќе колабира. Тоа ќе биде само кратка пауза. И постои и шанса дека летото може да нема воопшто смирувачки ефект. Ова е посебна година и посебно време а ние шпекулираме, тешко е да се знае што всушност ќе се случи, за прв пат земјата е во таков неред, неред кој се создаваше последните 30 години.

- Што мислите кои ќе бидат можните сценарија за решавање на кризата?

Едно сценарио што јас сакам да го видам е Грција како ја води светската сцена со постигнување на нешто што не било постигнато на ниедно друго место. Јас не сакам да ја видам мојата земја изолирана како Кубанскиот модел, со ембарга и сл. Тоа што ние треба да го видиме е да успееме да излеземе од обврските наметнати од капиталистичкото раководтсво: надвор од НАТО, сите бази и странски војници надвор, надвор од ММФ... без да паднеме во теории на заговор, јас силно верувам дека искуството на латинска Америка, тие може да ја направат земјата во финсниско заморче... надвор од ЕУ, бидејќи нема поента да се остане во пазарен сојуз каде што нема вистинска солидарност на социјално ниво. Тоа не е унија на луѓе, ние сме принудени да ја плаќаме цената два пати... ние наводно сме живееле под ист покрив, но ние сме станарите од подрумот, тоа не е релација помеѓу еднакви. На нас ни треба референдум и мислам дека многу луѓе ќе изгласаат да не се плати бидејќи ние не го предизвикавме долгот, тое беше создадено од пазарни шпекуланти, политичари, капиталисти. Втората фаза е да се донесат тие што се одговорни и да им се даде сметката на нив. Исто така треба и да градиме независни синдикати што ќе демократизираат работничката класа, така што ќе ја пополнат својата работа во едуцирање, агитирање и организирање... Мислам дека ова ќе има домино ефект за другите земји како Исланд -  што имаа референдум, а тие гласаа да не платат на Холандија или Британија долгот што тие не го предизвикале. Луѓето не ја создадоа кризата, банките ја направија.
Но не знаеме како ситуацијата ќе напредува. Ни недостигаат многу нешта за да ја направиме ситуацијата да напредува, но најлошото сценарио ќе биде ако војската дојде на власт. Тоа значи дека Грција ќе биде избркана од ЕУ на најлошиот можен начин.А на тој начин ММФ може да ја наметне волјата преку диктатор, како што правеше САД во минатото. Тоа е најлошото сценарио. Јас имам чувство дека армијата нема волја да интервенира, постои поширок политички спектар внатре во армијата сега, што би ја отежнало многу таквата одлука. Инаку, не гледам како капиталистите би ги наметнале реформите на друг начин. На луѓето им беше доста.
Извор: http://anakismo.net







Огранизаторите на Св. првенство ги решија

проблемите со редарите






Организаторите на Светското првенство исплатија две илјади редари кои тргнаа во штрајк судирајќи се притоа со полицијата после натпреварот помеѓу Германија и Австралија во Дурбан барајќи да им се исплати износот за кој се договориле. Имено, редарите одлучиле да го искористат своето уставно право на штрајк што ги довело во судир со полицијата која мораше да ги спречува незадоволните работници.

За да ја смири ситуацијата полицијата користеше солзавец и гумени куршуми. Како што и му доликува на капитализмот луѓето кои само бараа да им се исплати она што им било ветено, вчера после исплатата ги предале своите униформи и акредитација и воедно останале без работа. Еден човек мавтал со своето плико во кое се наоѓале 205 ранди односно 20 евра притоа викајќи: кикирики, кикирики!

- Потпишавме договор на три месеци и бараме одговор во согласност со договорот и повторно да работиме – објасни Зенеле Мкинека која била дел од редарската служба.

Организаторите објавија дека натпреварите во Кејптаун и Дурбан ќе ги обезбедува полицијата. Еден дел од членовите на обезбедувањето кои на исплатата дошле без потребната документација не добиле пари, а полицијата за евентуални немири подготвила водени топови. Јужноафричката Република инвестирала силни пари во организацијата на Светското првенство, а луѓето кои ги обезбедуваат натпреварите мораат на улиците да се борат за она што го заработиле. Од една страна гламурот и милионите кои ги заработуваат фудбалерите, а од другата страна работниот народ кој мора да се бори за секое евро, поточно за секој ранд. Кој сега воопшто размислува за илјадниците бездомници кои се едноставно преселени од градовите домаќини за да се сокрие тагата и бедата  на Јужноафричката Република?




Дали анархијата е возможна?






„МОЖЕБИ“ ќе си речете, „докол-ку можеме без власт. Но дали можеме?“

Можеби би можеле најдобро да го одговориме ова прашање преку преиспитување на вашиот живот.

Каков дел од вашата егзис-тенција одигрува власта? Дали ви помага да живеете? Дали ве храни, облекува и ви дава покрив над главата? Дали ви е потребна за да ви помогне да работите или играте? Ако сте болни, го викате докторот или полицаецот? Може ли власта да ви даде поголема способност од таа што ви ја дала природата? Може ли да ве спаси од болест, старост или смрт?

Земете го во предвид вашиот секојдневен живот и ќе видите дека власта не е фактор во него освен кога се замешува во него и ве притиска да направите некои работи а ви забранува да направите други. Те присилува да плаќаш даноци и да ја поддржуваш без разлика дали сакаш или не. Те тера да носиш униформа и да служиш во војската. Навлегува во твојот жи-вот ти наредува го контролира твоето однесување и генерално те третира како ќе посака. Дури и те насочува во што да веруваш и те казнува ако мислиш и правиш спротивно. Ти кажува дури и што да јадеш и пиеш и те затвора и застрелува ако не послушаш. Ти командува и доминира на секој твој чекор.
Те третира како „лошо момче“ и како неодговорно дете на кого му е потребна „силната рака“ на неговиот старател но ако не ги послушаш секако си одговорен за тоа.

Подоцна ќе погледнеме по-детално на животот во анархис-тичкото општество и ќе видиме кои услови и кои институции ќе постојат во таа форма на општес-тво, како ќе функционираат и какво влијание ќе имаат врз луѓето.

За сега сакаме да се осигура-ме дека таква состојба е возмож-на и дека Анархијата е изводли-ва.

Каква е егзистенцијата на просечниот човек денеска? Речиси целото твое време е потрошено на заработувачка за твојот живот. Толку си зафатен со заработување за живот што скоро и да немаш време да живееш, да уживаш во животот. Ниту време а ниту пари. Среќен си ако имаш некоја поддршка, работа. И од време на време слушаш: невработеност и илјад-ници се избркани од работа се-која година во секоја држава. Тоа значи дека нема приход, нема плати. Резултат на тоа се грижи и приватизација, болести, очај и самоубиства. Тоа значи сирома-штија и криминал. За да ја ублажиме таа сиромаштија ние градиме засолништа од добро-творни прилози, домови за си-ромашни бесплатни болници кои ги поддржуваш со данокот. За да се запре криминалот и да се казнат криминалците, пак си ти кој мора да ја поддржуваш полицијата, детективите, воени-те сили, судиите, адвокатите зат-ворите и чуварите. Можеш ли да замислиш нешто побесмислено и непрактично? Законодавците донесуваат закони, судиите ги толкуваат тие закони, различни
те функционери ги извршуваат, полицијата ги следи и уапсува криминалците и конечно затворскиот чувар ги затвора. Многубројни институции и луѓе се зафатени со невработените луѓе внамавајќи да не крадат и казнувајќи ги ако го сторат тоа. Тогаш „ги обезбедуваат“ со основните средства за опстанок, истите тие средства чијшто недостаток ги натерало таквите луѓе да го прекршат законот. По подолго или пократко време тие се ослободени. Ако не успеат да се вработат, се повторува истиот тек на настаните: кражба, апсење, судење, и затворање.

Ова е груба но типична илустрација на карактерот на нашиот систем, глупав и неефи-касен. Законот и власта го под-држуваат ваквиот систем.

Нели е чудно тоа што повеќето луѓе мислат дека неможеме да живееме без власта, кога всушност нашиот секојдневен живот нема никаква врска со власта, нема никаква потреба од неа и е засегнат од неа таму каде што само кога законот и власта ќе се вмешаат во него?

„Но сигурноста и јавниот ред“, посочувате „може ли да ги имаме тоа без закон и власт? Кој ќе нѐ заштити од криминалот?“

Вистината е тоа што т.н. „закон и ред“ е всушност најлошиот неред како што ви-довме во претходните глави. Тој мал ред и мир што го имаме е благодарение на здравиот разум, слогата и здружените напори на луѓето независно од власта. Дали ти треба власт за да ти каже да застануваш пред автомобил во движење? Дали ти треба за да ти каже да скокаш од мостот во Бруклин или Ајфеловата кула? Човекот е социјално битие: тој неможе да опстојува сам;  тој живее во општества и заедници. 
Заедничката потреба и заеднич-ките интереси резултираат со одредени договори за да нѝ обезбедат сигурност и комфорт. Таквото соработување е бес-платно, доброволно, за него не е потребна принуда од никаква власт. Се вклучуваш во спорт-ски клуб или во пејачка заедница само затоа што твоите потенцијали лежат во таа област, и соработуваш со други-те без никој да те присилува. Научниците, писателите, умет-ниците и изумителите се здружуваат едни со други барајќи инспирација и заеднич-ка работа. Нивните инспирации и потреби се нивен најдобар поттик. Влијанието на власта може само да им ги „замрси“ работите.

Низ животот ќе видите дека потребите и наклонетостите на луѓето доведуваат до здружува-ње, соработка, меѓусебна заш-тита и помош. Ова е разликата помеѓу раководење, управување на работите, и владеење со луѓето; помеѓу правење нешто што самите го избирате и нешто на што сте принудени. Тоа е разлика помеѓу слободата и ограниченоста, помеѓу Анар-хизмот и владеењето, бидејќи анархизмот значи доброволна соработка наместо присилено учество. Тоа значи хармонија и ред наместо вмешување и неред.

„Но кој ќе нѐ заштити од криминалот и криминалците?“ се прашувате.

Најпрво запрашајте се дали власта навистина нѐ заштитува од тоа. Нели самата власт ги создава и поддржува условите во кои се појавува криминалот? Нели нападите и насилството се работи кои власта ги застапува а го креираат духот на нетолеранција и гонење омраза и повеќе наслиство? Нели криминалот се зголемува со зголемувањето на сиромашти-јата и неправдата  предиз-викани од власта? Нели е самата власт најголема неправда и криминал? Крими-налот е резултат на економски-те услови, на социјалната нееднаквост, на грешки и злодела чии родители се монополот и власта.

     Власта и законот можат само да го казнат криминалецот. Тие не се обидуваат да најдат лек ниту пак да дејствуваат некако превентивно на него. Единствен лек за криминалот е да се укинат, поништат причините за него а ова власта неможе да го направи бидејќи таа постои за да ги одржува тие причини. Кримина-лот може да се запре само со отстранување на условите кои го предизвикуваат. Власта тоа НЕ МОЖЕ да го направи.

Анархизмот значи да се оддалечиме од тие услови. Криминалот кој резултира од владеачкото угнетување и неправ-да, од нееднаквоста и сиромашти-јата ќе исчезне во состојбата на Aнархија.

Другите видови криминал ќе продолжат да постојат одредено време, како што е на пример  криминалот предизвикан од љу-бомора, страст, од поривот за присила и насилство. Но ваквите криминални дела со исчезнува-њето на системот во кој се појавиле, исто така ќе исчезнат заедно со атмосферата која ги предизвикувала.

Затоа анархијата нема ниту да раѓа криминал, а нема ни да овозможи простор за негово развивање. Секако повремено ќе се појавуваат анти-социјални дејства на кои ќе се гледа како  на остатоци од претходното „болно“ општество и таквите ќе бидат третирани како „нездрава“ состојба на умот, отколку како криминал.

Анархијата прво ќе го храни „криминалецот“ и ќе му обезбеду-ва работа наместо прво да го надгледува, уапсува, суди, затвора и конечно да го храни него и сите останати кои треба да го надгле-дуваат и да го хранат. Секако дури и овој пример покажува колку поразумен и поедноставен живот има во анархијата.

Вистината е: сегашниот живот е непрактичен, сложен и збуну-вачки и не нѐ задоволува од било која гледна точка. Поради тоа има толку мизерија и незадоволство. Работникот не е задоволен, а ниту газдата е среќен поради „лошите времиња“ поради кои губи имот и моќ.Стравот за иднината ги обезема и сиромашните и богати-те подеднакво.

Секако, работникот нема што да изгуби од премин од капита-листичко во анархистичко опш-тество.

Луѓето од средната класа се скоро еднакво загрижени за нивниот опстанок како и работ-ниците. Тие се зависни од добрата воља на производители-те и трговците, од големите спојувања на индустријата и капиталот и секогаш им се заканува стечај и распад.

Дури и големите капиталис-ти имаат малку да изгубат од преминот од денешниот систем во состојба на анархија бидејќи при тој премин, сечиј живот и комфорт ќе биде обезбеден, стравот од конкуренција ќе биде елиминиран со укинувањето на приватната сопственост. Секој ќе има полна и непречена можност да го живее својот живот со сиот свој капацитет.

На ова додадете ја и високата свест за мир и хармонија, чувството што доаѓа со слобода од финансиски и материјални грижи, знаејќи дека си во пријателски свет без никаква завист или бизнис ривалство за да ти го вознемирува умот, во свет каде сите се браќа [и сестри], во атмосфера на слобода и општо добро.

Речиси е невозможно да се замислат прекрасните можности кои ќе му се отворат на човекот во состојба на анархокомунизам. Научникот ќе може потполно да се псвети на неговите сакани цели без да биде загрижен за неговото парче леб. Изумителот би ги имал сите услови на располагање за да придонесе за доброто на човештвото со неговите изуми и пронајдоци. Писателот, поетот, уметникот - сите заедно ќе се издигнат на крилјата на слободата и социјал-ната хармонија за да ги постигнат нивните врвни дела.

Само тогаш правдата и вистината ќе си дојдат на место. Не потценувајте ја улогата на овие чувства во животот на човек или нација. Ние не живееме само од леб. Вистина, егзистенцијата е невозможна без можноста да се задоволат сите наши физички потреби. Но животот не зависи само од задоволувањето на овие потреби.

Секако, работникот нема што да изгуби од премин од капита-листичко во анархистичко опш-тество.

Луѓето од средната класа се скоро еднакво загрижени за нивниот опстанок како и работ-ниците. Тие се зависни од добрата воља на производители-те и трговците, од големите спојувања на индустријата и капиталот и секогаш им се заканува стечај и распад.

Дури и големите капиталис-ти имаат малку да изгубат од преминот од денешниот систем во состојба на анархија бидејќи при тој премин, сечиј живот и комфорт ќе биде обезбеден, стравот од конкуренција ќе биде елиминиран со укинувањето на приватната сопственост. Секој ќе има полна и непречена можност да го живее својот живот со сиот свој капацитет.

На ова додадете ја и високата свест за мир и хармонија, чувството што доаѓа со слобода од финансиски и материјални грижи, знаејќи дека си во пријателски свет без никаква завист или бизнис ривалство за да ти го вознемирува умот, во свет каде сите се браќа [и сестри], во атмосфера на слобода и општо добро.

Речиси е невозможно да се замислат прекрасните можности кои ќе му се отворат на човекот во состојба на анархокомунизам. Научникот ќе може потполно да се псвети на неговите сакани цели без да биде загрижен за неговото парче леб. Изумителот би ги имал сите услови на располагање за да придонесе за доброто на човештвото со неговите изуми и пронајдоци. Писателот, поетот, уметникот - сите заедно ќе се издигнат на крилјата на слободата и социјал-ната хармонија за да ги постигнат нивните врвни дела.

Само тогаш правдата и вистината ќе си дојдат на место. Не потценувајте ја улогата на овие чувства во животот на човек или нација. Ние не живееме само од леб. Вистина, егзистенцијата е невозможна без можноста да се задоволат сите наши физички потреби. Но животот не зависи само од задоволувањето на овие потреби.

Нашот сегашен систем на цивилизацијата ја направи „утробата“ на светот центар на универзумот запоставувајќи ги милионите луѓе. Но во разумно општество, со доволно ресурси за сите, обезбедената егзистенција ќе се подразбира дека е бесплатна и достапна за сите како што и воздухот е достапен за сите. Чувството за симпатија кон човештвото, за правда би имале можност да се развиваат, да бидат задоволени, да се прошируваат и растат. Дури и денес чувството за правда и фер игра е сé уште
во човечкото срце и покрај долгите векови на репресија и перверзија. Тоа не е, и неможе да биде отстрането беидејќи е вродено, природно за човекот, инстинкт кој е силен како и самозаштитата и е витален за нашата среќа. Бидејќи не цела мизерија што ја имаме во светот денес е резултат на недостаток од материјална помош. Човекот полесно може да се соочи со глад отколку со неправда. Помислата дека си неправедно третиран ќе те натера да протестираш и да се бунтуваш исто толку брзо како и гладта ако не и побрзо. Гладта може да е причина за некој протест или бунт, но под неа е прикриениот отпор на масите кон оние од чиишто раце тие страдаат од неправда и зло. Вистината е дека правдата игра далеку поголема улога во нашите животи одколку што повеќето од луѓето се свесни за тоа. Тие кои ќе го одречат ова знаат толку малку за човековата природа колку за историјата. Секојденвно гледаме луѓе кои се огорчени од она што го сметаат за неправедно. „Тоа не е во ред“ е инстинк-тивниот одговор на човекот за тоа што чувствува дека е погрешно. Секако секој има различна концепција за тоа што е добро или лошо зависно од традициите, околината или условите во кои се наоѓа. Но без разлика на неговите сфаќања, природниот импулс на човекот го тера да се побуни за она што мисли дека е погрешно и неправедно.

И од историски аспект може да се каже истото. Многу војни и бунтови биле водени од идеи за праведно и неправедно отколку поради материјални причини. Марксистите може да посочуваат дека нашите погледи за добро и лошо призлегуваат од нашата еконосмка состојба, но тоа во никој случај не влијае на фактот дека смислата за правда и добро во сите времиња ги поттикнале луѓето на хероизам и само-пожртвуваност во името на идеите.
Идеолозите [религиозните] како Христoс и Буда не беа потикнати од материјални добра туку од нивната посветеност на правдата и доброто. Пионерите во сите настојувања беа клеветени гонети, дури и убивани не поради свои лични мотиви туку поради вербата во правдината на нивната кауза. Џон Хас, Лутер, Бруно, Савонарола, Галилео и бројни други религиозни и социјални идеолози загинаа бидејќи ја поддржуваа каузата за правдата како што тие ја гледаа. Слично и во науката, филозофијата, уметноста, поезијата и образованието луѓето од времето на Сократ до модерно време ги посветија своите животи во служба на правдата и вистината. На полето на политичкиот и социјалниот напредок, почнувајќи од Мојсеј и Спартак, најблагородните беа посветени на идеите на слобода и еднаквост. Оваа предизвикувачката моќ на идеализмот не е ограничена само на одредени исклучителни личности. Народните маси секогаш биле инспирирани од неа. На пример американската војна за независност почна со колективно незадоволство на колониите од високите даноци и неправдите. Крстоносните војни траеја 200 години за да ја обезбедат Светата земја за христијаните. Овој религиозен идеал инспирираше 6 милиони луѓе дури и армии од деца, да се спротистават на огромни пречки и дури и на смртта во име на правдата и доброто. Дури и подоцна во Светските војни кои имаа капиталистички причини и причини, беа водени од милиони луѓе кои имаа верба дека се борат за кауза, за демократија и за престанување на сите војни.
Значи низ историјата мината и модерна, чувството за добро и правда инспирираше многу луѓе, индивидуално и колективно, на подвизи на самопожртвуваност и посвета и ги издигна многу повиско од нивниот секојдневен блед опстанок. Трагично е, секако, што ваквиот идеализм се изразувал со гонења, насилства и масакри. Беше тоа бескрупулозноста на кралот, свештеникот и господарот, незнаење и фанатизам што доведе до ваквите форми. Но духот кој ги исполнуваше беше тој праведниот. Целото искуство од минатото докажува дека овој дух е сé уште присутен и е доминантен дел од човечката животна скала.

Условите на нашиот денешен живот ја ослабуваат и подриваат оваа благородна каракте-ристика на човекот, ја изопачуваат нејзината манифестација и ја претвараат во канали на нетолеранција, прогонство, омраза, дури и презир. Но кога еднаш човекот ќе се ослободи од корумпирачкото влијание на материјалните интереси и ќе се издигне над незнаењето и класниот антагонизам, неговиот вроден праведен дух ќе најде нови форми на изразување, форми кои ќе се стремат кон поголемо братство и добра волја, кон индувидуален мир и социјална хармонија.

Единствено во состојба на Анархија духот може да го постигне својот целосен развиток. Ослободени од деградирачката и бруталаната борба за нашиот дневен оброк, споделувајќи го трудот и добросостој-бата, најдобрите квалитети на човечкото срце и ум ќе имаат можност за подем и корисна примена. Човекот навистина ќе стане благородното дело на природата како што досега се гледаше само во своите соништа.

Поради сите овие причини Анархијата е идеална не само за одредена група или класа, туку и за целото човештво, бидејќи тоа ќе биде од корист, во најголема смисла на зборот, за сите нас. Така, Анархизмот може да се сфати како универзална и вечна желба на човештвото.

Поради тоа, секој маж и секоја жена, треба да бидат заинтересирани за да придонесат да  се воспостави Анархија. Тие секако би го направиле тоа ако ја разбираат убавината и правдата на таквиот нов живот. Секое човечко суштество кое има чувства и здрав разум е наклонето кон анархија. Секој кој страда од зло и неправда, корупцијата и валканоста на нашиот денешен живот е инстинктивно наклонет кон Анархијата. Секој човек, чие срце не е одбивно на љубезност, сочувство, и другарство мора да биде заинтересиран за проширување на истите. Секој кој мора да ја издржи сиромаштијата и мизеријата, тиранијата и угнетувањето, треба да  го  поздрави доаѓањето на Анархијата.Секој човек што сака слобода и правда треба да помогне таа да се реализира.

 Секако најважно е дека сите потчинети и заробени на светот мора да бидат заинтересирани за Анархијата. Тие што градат палати и постојано патуваат, кои го креираат животот а не им е дозволено да земаат дел од оброкот, кои го создаваат богатството во светот а се лишени од негово наследство, кои го потполнуваат животот со радост и светлина, а самите остануваат презирани во темнината - Самсонот на животот на кој му е одземена силата од раката на стравот и незнаењето, беспомошниот Џин  на трудот - пролетаријатот од мозок и месо, индустриските и земјоделските маси - овие треба најсрдечно да го поздрават доаѓањето на Анархијата.

Кај нив Анархизмот ќе остави најголем белег. Тоа се тие кои прво и најважно работат за новиот ден кој треба да им го врати нивното наследство и да донесе слобода и благосостојба, радост и светлина на целото човештво.



- извадок од
„Што е тоа Анархокомунизам“ 
(21ва глава)на Александар Беркман




СИРОМАШТИЈАТА ВО АФРИКА...






     Јас ја знам сиромаштијата бидејќи таа постоеше и пред јас да се родам и постана дел од мојот живот и тече како крв низ моиве вени. Сиромаштијата не е да се чувствуваш празен еден ден, а следниот да јадеш, сиромаштијата е чувство на глад и празнина без надеж за иднината. Сиромаштијата е кога никој не ја сочувствува твојата болка и сиромаштијата е кога твоите соништа одат во пропаст бидејќи никој не ти помага.                Сиромаштијата е да ги гледаш твојата мајка, татко, брат и сестра да умираат во болка и жал само затоа што не можат да најдат нешто за јадење. Сиромаштијата е да ја слушаш баба ти или дедо ти како со плач јa повикуваат смртта бидејќи не можат да ја издржат својата беда повеќе. Сиромаштијата е да ги гледаш твоите деца и внуци како умираат, но не можеш ништо да направиш. Сиромаштијата е да ги гледаш кога леат солзи и во нивните најдлабоки сништа. Сиромаштија е страдањето од ХИВ/СИДА и умирање од таа срамна смрт. Сиромаштија е кога си го криеш лицето пред другите бидејќи се чувствуваш помалку од човечко суштество. Тоа е кога сонуваш за леб и риба кога некој те протерува и обвинува за нешто за кое што не си виновен, но кој би застанал позади тебе за да те одбрани?.. Сиромаштија е кога надежта на твојот татко или дедо исчезнува со трепнувањето на окото. Јас ја знам сиромаштијата како татковото име. Таа трае. Таа работи и никогаш не зема одмора за празници.“ – Изјава на еден Африканец.

Ова е тажна приказна, да. Всушност оваа слика ја гледате кога ќе отидете во едно село во Африка. За нив не постојат владетели, за нив не постои Бог, за нив постои единствено надежта која умира со секој изминат беден ден. Додека светот се занимава со неважна политика и борба за моќ и власт, овие луѓе се дават во песок. За нив животот е само тоа песок и бескрајно сонце. Нивната болка само се зголемува со лажната надеж која има ја даваат светските лидери со нивната „помош“.


Па наша искрена порака до нив:

      Драги другари капиталисти, социјалисти, високи свештеници и мултимилијардери, наместо да глумите светци и да правите милијарди секој ден, ве молиме во името на тоа „добро“ кое што го пропагитате/проповедате да фрлите барем еден мал дел кој ќе биде сосема доволен за овие луѓе да почнат да живеат како луѓе.


- Freedom.Fighter-


Анархистички фронт



Анархистички фронт е организација која се залага за создавање на
бескласно и бездржавно општество, засновано на еднаквост,
солидарност, слобода, соработка, екологија, мир, без општествени,
економски и политички хиерархии. Ние сметаме
дека за постигнувањето на такво општество потребна е револуција.
За да има револуција потребно е да се создадат материјалните услови за истата.
Тоа може да се случи преку доброволно, хоризонтално организирање и
директна акција на луѓето за конечно отфрлање и уништување на капитализмот и државите.

Доколку си заинтересиран/а за приклучување,
информирање и сл. за активностите на
Анархистичкиот фронт посетете ја веб страната:

http://anarhija.tk
Или пишете на:
anarhisticki.front@gmail.com

Текстовите се лични мислења и ставови на авторите и немаат авторски права.
А.Ф. може, но и немора да се согласува со истите.
© Copyleft. Весникот може слободно да се препечатува, копира и споделува. 
quot;Times New Roman