Слобода 11



{извор}
Немири во Чиле
На 21ви декември, 2012та година, после стотиците апсења претходниот ден, студентите во Сантиаго започнаa со демонстрации, блокирајќи го сообраќајот, фрлајќи молотови коктели, извикувајќи го слоганот „Преземање на улиците“, барајќи бесплатно образование. Подоцна го окупираa и универзитетот, кој се наоѓа во центарот на градот, на неколку метри од претседателската палата.
Во 2011та година, зградата била преземена во период од 5 месеца, за време на крвавите протести и судири во Чилеанскиот главен град, на повеќе пригоди во годината.
Студентите ги кажаa своите барања уште пред две недели, со надеж за промена на образовниот систем, оставен од диктаторот Аугусто Пиноче, истовремено барајќи и бесплатно образование и јавните училиша, кои моментално се под управа на локалните општини, да бидат под надлежност на Министреството за образование.
Полицијата употребуваше солзавец и изврши масовни апсења.
Од владата се очекува да употреби една милијарда долари од данокот за едукација, но студентите и нивните претставници сметаат дека не е доволно.


{извор}
Продолжени бунтовите во Eгзархија, четири години по убиството на Александрос Григоропулос од страна на полицијата


Во последниве денови, историјата со сите сили се урна и кај нас. Со востанието во Марибор се започна нешто, кое многумина мислеа дека е невозможно: луѓето се самоорганизираа, го притиснаа својот локален шериф во ќош и го принудија на бегство и истовремено предизвикаа поширок отпор против политичко- економските елити и капиталистичкиот систем. Немаме кристална топка со која ќе предвидиме што ќе се случи, но знаме дека романтизирањето и наивноста нема да ни помогнат, туку организираноста и храброста.
Од одоздола – нагоре и од периферијата кон центарот.
Протестот се рашири на сите страни и краеви на земјата и се разви во словенско востание против политичарите и владеачката класа. Од секој крај на земјата, со свој дијалект, им се кажува на политичарите дека се готови. Баш децентрализацијата на отпор и фактот дека истиот не е организиран одозгора, од страна на водачите, туку одоздола, од страна на луѓето кои никој не ги претставува, една од клучните карактеристики на актуелните случувања. Со цел да се одржи солидарност меѓу луѓето и да се спречи злоупотребата на востанието, од страна на политичката класа, децентрализацијата треба да се унапреди, зајакне и брани.
Полиција насекаде, а права никаде
Полициската бруталност над демонстрантите не е никакво изненадување. Она што изненадува е зголемувањето на илузијата дека полицијата ќе ни се придружи. Навистина, полицијата не е примарна цел на востанието и судирот помеѓу демонстрантите и полицијата не е конечен и единствен хоризонт. Целта во овој конфликт е капиталистичката и политичката класа и целиот систем како таков. Но, исто така е вистина дека полицијата не е наш сојузник, бидејќи таа ја врши својата системска улога и никаде и никогаш не е сојузник на востанието. Да се потсетиме: полицијата е репресивен апарат на државата, чија структурна функција е одбрана на владејачкиот поредок и интересите на владејачката класа. И тоа важи и покрај фактот дека под униформите исто така се наоѓаат искористувани поединци. Бидејќи сè додека ги исполнуваат наредбите на своите шефови, ќе бидат полицајци. Дури откако тоа ќе престане да се случува, можат слободно да станат дел од востанието. Верувањето во илузијата дека се на наша страна е крајно наивно. Дали нивната интервенција на досегашните протести навистина била толку примерна, како што некои ја прикажуваат, и дали навистина била во интерес на луѓето? Зар веќе заборавивме на бруталното разбивање на мариборските протести и заканите од министерот за внатрешни работи Горенак, дека ќе ги фати сите организатори на „нелегални“ протести? За жал не изненадува ниту морализирањето за „проблематичните“ и „насилните“, кое се рашири по виртуелните социјални мрежи. Власта и медиумите ни фрлија коска, која некои веднаш ја зграбија. Што се десет скршени прозори, скршената врата од општината, разглобените калдрми во споредба со државното структурно насилство? Безнадежна младина, невработеност, несигурност на работните места, укинување на стипендиите, оброците, намалување на бројот на наставници во градинка,
намалување на правата од областа на здравственото осигурување, намалување на средствата за едукација и истражување, присилување на луѓето на предвремено пензионирање, снижување на платите, пензијата, бројот на слободни денови, недостаток на непрофитни станови, животот на младите во изнајмен стан или кај родителите до старост, кршење на правата на хомосексуалците, емигрантите, жените, припадниците на малцинските религии... Можевме и понатаму да ја продолжуваме оваа реченица, а сè уште не сме ни допреле до корупцијата, непотизмот, клиентелизмот и криминалот на владеачката елита. Нè присилуваа да работиме сè повеќе, а плодовите од таа работа секoгаш ги присвојуваше капиталистичката класа. Овој систем се темели на експлоатација. Сега кажете ни кој врз кого врши насилство? Како да бидеме луѓе со оние кои ни ја украдоа иднината? Младите се лути и немаат повеќе време за губење. Затоа престанете да ги осудувате, заедно можеме да го фокусираме вниманието кон вистинските проблеми .
Уште поопасно е повикувањето на саморепресија и соработка со полицијата. Зарем во денешното општество нема доволно надѕор, сигурносни камери и репресија? Зарем и ние сега ќе станеме оние кои ќе ѝ помагаат на полицијата да ги бара „проблематичните“, ќе им ги предаде нив и на тој начин многу млади ќе се откажат од бунтот? Соработката со полицијата е плукање во сопственото лице, осудувањето на младите, кои својот став го искажуваат на директен начин, води до блокирање на потенцијалните протести. Денес власта го смета за насилство кршењето на прозорите, а наскоро истата етикета за насилство може да биде залепена на било кој облик на протест, кој не би бил пријавен, пасивен и на тој начин целосно бенигнен. За систем кој со години нè понижува, ограбува и угнетува, сите ние сме прекршители.
Затоа овојпат повторно ја изразуваме целосната солидарност со затворениците, бараме нивно ослободување, крај на судскиот и медиумскиот прогон и поништување на сите казни, кои луѓето ги добиле поради учеството на протестите.
Власта на луѓето, не на партиите. Поради првичниот и спонтан жар на востанието, каде дојде до израз креативноста на човечките маси, се отвори и простор за понатамошно разгледување на стратегиите. За востанието да може да се развие во општествено движење со конкретни барања, цели и визии, треба да се бараат начини да се артикулираат барањата, кои се појавуваат во рамките на бунтот, т.е. организациски облик кој ќе го овозможи тоа. Без него востанието ќе се разреди, а работите ќе останат непроменети.
Во рамките на правење барања, треба да се оди чекор по чекор и да се почне со барањата, кои се веќе артикулирани во востанието. Треба да се одржи социјално, јавно здраство, образование и работнички права. Но тоа не значи дека се бориме за старата правда. Според тоа што не сакаме да се откажеме од правата, добиени со стотици борби, во умот, исто така, треба да имаме долгорочни перпективи. Додека постои држава и капитал, причините за експлоатациија и негирање исто така ќе се појават во рамките на јавното образование, здраство и социјална заштита. Затоа треба да се самоорганизираме во тие области и да почнеме да преговараме за права. Правата се изборени, а не доделени!
Можеби дел од корумпираната политичка елита ќе се помири со фактот дека е готово и ќе ја напуштат политичката сцена. Но, ќе ги заменат некои нови, кои одново ќе донесуваат одлуки во наше име, иако за тоа нема да им дадеме легитимитет. Нивните интереси не се наши и тоа секојдневно ни докажува со бројни примери на непотизам и корупција и усвојување на реформи и анти-кризни закони, кои уште повеќе нè буткаат до работ на општеството. Затоа мораат сите да отидат, од прв до последен. Наивно би било да се верува дека некаде постојат чисти, нерасипани луѓе, кои ни посакуваат само добро и кои ќе нè извлечат од кризата, а ние треба само да им ги дадеме нашите гласови. Политичко- економскиот систем, со својата авторитарност и хиерархија, оневозможува да живееме неотуѓени, во склад со нашите желби и потреби. Додека владее капитализмот, каде малцинството владее со мнозинството и потиснува на економска и социјална база, нашите животи ќе останат празни. Ако не се побуниме и избориме за алтернатива, секогаш некој ќе владее над
патријархот во домаќинството, деканот и студентските функционери на факултетите, шефовите на работните места и политичарите во владата. Лажната демократија, којa ни ја нудат на изборите, не е единствен можен облик на организација на оптествениот живот.
Се организираме каде што работиме, учиме, живееме
За востанието и барањата со него да произведат вистинска општествена моќ, потребно е да се самоорганизираме. Кога зборуваме за организација на востанието, се разбира дека мислиме на начините на организирање, кои ќе бидат поинакви од социо- политичкото организирање какво што го знаеме. Треба да се организира одоздола, без хиерархија и водич и секаде каде што сме искористувани и занемарени: во нашите соседства, на работните места, во образовните институции. Селаните треба да се поврзат со задругите, а задругите треба да се поврзат со урбаните околини. Самоорганизацијата, која е спонтана и креативна, развива најслободни односи и воспоставува структури кои ќе овозможат целосна еманципација на поединците. Неа ја следат принципите на директната демократија, заемната солидарност, нeaвторитарноста и антифашизмот.
За почетна метода на такво организирање, предлагаме институција за директно демократски собранија, кои во текот на овие години ja практикуваa разни бунтовнички движења низ целиот свет. Можеме да се организираме локално, во мали групи и заедно да ја обликуваме нашата иднина со препознавање на нашите потреби, така и за потребите на места, села и градови. Исто така, заедно можеме да даваме предлози и да ги откриваме нашите потенцијали, а во голема мера и да ги оствариме. Така ќе формираме сестринство и братство, како и единство, во кое за се’ постои се’, а за оние кои сакаат да владеат- ништо.
Затоа за следните чекори на востанието, предлагаме меѓусебно поврзување на групите и воспоставување на органи во овој расфрлан бунт во развој. Предлагаме врз основа на заедничките интереси, да се обединат групите, поединците и поединките. Така фронтот би бил идеолошки неограничен и инклузивен и ќе се темели врз основа на заедничките барања. Фронтот би бил организиран хоризонтално, без посреднички органи и функционери, базирајќи се на автономијата на групи и поединци, како и со директно демократско одлучување. Сите групи, организации, поединци и поединк, на кои ова им изгледа како добра идеја, ве поовикуваме да се организираате во своите локални заедници, преку отворени собири, кои подоцна ќе можат да се поврзат меѓу себе. Да ги вратиме заедно назад своите животи!
Од улиците и плоштадите, 6 декември 2012 година
Преведено од

Анонима
Човекот еволуирал?



Но дали еволуцијата секогаш значи некаков напредок?
Можеби човекот се развил во поинтелигентно битие, но сепак избегал далеку од својата природа, т.е. човекот ја свртел еволуцијата кон погрешен правец, ја искористил и злоупотребил за свои хедонистички цели, мислејќи дека така се негува себеси, без да биде свесен дека на тој начин се оддалечува од она што претставува.
Сепак, степенот до кој стигнала човечката еволуција, колку што е негативен, толку е и позитивен. Имено, баш затоа добивам надеж дека нема да стигнеме така лесно до диктатурата како што е претставена, на пример, во книгата „1984“ од Џорџ Орвел. Овој народ нема така лесно да дозволи да биде угнетен. Затоа пак некој паметен измислил златни решетки, внатре во кафезот е фино и удобно, каде народот нема воопшто да ги примети решетките. Измислена е латентна опресија и диктатура. Морам да признаам, доста мудар потег. Ти го лишуваш од слобода, му ја уништуваш суштината, му ја труеш душата, а тој те сака!
Од човекот е создаден модерен роб. Зависен е од технологија и е неспособен да се справи и преживее без неа.
Контрола и перење на мозоците преку медиуми.
Насочување на „мислите“ кон погрешни цели, чувство дека се има потреба од материјални работи, навидум неопходни...
...Работи кои ќе ја окупираат човековата глава и ќе ја онеспособат да размислува за вистинскиот проблем. Токму тоа е и целта. Покрај толку удобства и „проблеми“ , нема да имаме време да размислуваме дали некој не‘ угнетува. Се живее во илузија дека живееме во демократско општество.
Иксуството ме научило дека оваа појава е почеста во поразвиените земји. Апаратура насекаде, удобен живот без финансиски проблеми, имагинарни права... Луѓето целосно и’ се имаат предадено на државата. Немаат потреба од многу размислување, тука се машините и државата. Можеби за некој ова ќе звучи добро, но напротив, овие луѓе се ладни, плашливи, параноични... Потребата за меѓусебно помагање и солидарност е изумрена.
Не знам за вас, јас сеуште ја чекам таа проклета човекова еволуција. Еволуција која ќе доведе до потреба за креативност, пронаоѓање на суштината, с а м о н а д г р а д у в а њ е . . . Еволуција кон подобро.


Ошовата книга „Бунтовникот“
Ошо за Бакуниновата филозофија за анархизмот


Прашање – Сакан учителе, која е разликата помеѓу индивидуалниот анархизам на Бакунин и бунтовното од твое гледиште?
Ошо – Азима, јас ги сакам Бакунин и неговата филозофија за анархизам, но тој исто така е еден непрактичен, непрагматичен филозоф. Тој едноставно оди на славење на убавините на анархизмот: нема власт, нема војска, нема полиција, нема судови. И јас апсолутно се согласувам со него. Но тој нема идеја и нема план за тоа како овој сон може да биде во реалноста.
Гледајќи го човекот, ќе има потреба од власт. Гледајќи го човекот, ќе има потреба од полција. Инаку ќе има манипулација на убиства, силувања, кражби... животот ќе биде хаос. Анархизмот нема да дојде, само хаосот. Луѓето ќе почнат да прават банди, тие банди ќе ги експлоатираат послабите луѓе и животот нема да стане подобар, ќе стане полош.
Бакуниновиот анархизам е утопија, одличен сон. Јас не зборувам за анархизмот. Моето лично мислење е ако можеме да го трансформираме човекот, ако можеме да донесеме се’ повеќе и повеќе луѓе до медитација, ако можеме да направиме се’ повеќе непотиснати луѓе, кои ќе живеат автентичен, природен живот, делејќи ја нивната љубов, имајќи големо сочувство за се што живее, почит за самот живот...
Овие индивидуални револуционери, овие индивидуални бунтовници не се само политички бунтовници, тие исто така се бунтуваат против сите минати условувања. Најчесто тие се религиозни бунтовници, го наоѓаат нивниот сопствен центар на постоење. Има се повеќе и повеќе луѓе кои стануваат индивидуалци, кои можат повторно да се радуваат и кои нема да ја предадат земјата, кои не се во корист на ниеден неприроден пат на живот кој е проповедан од сите религии. Ако овие индивидуалци се шират наоколу низ светот како пожар, тогаш анархизмот ќе биде нус-призвод, не цел.
За Бакунин е цел. Тој ја мрази власта толку многу и е потполно во право со неговата омраза, бидејќи власта направи толку многу штета на индивидуалноста на луѓето. Тој е против сите закони, судови и осудувања, бидејќи овие не се за да ја заштитат правдата, не за да ги заштитат слабите, не за да ги заштитат жртвите, тие се тука за да ја заштитат моќта, естаблишментот, богатите. Позади ова име на правда, тие донесуваат огромен заговор против човекот.
И Бакунин нема идеја зошто човекот станува силувач, тој не е психолог. Тој е одличен филозоф за анархизам. Иднината ќе поседува огромна почит кон луѓето како Бакунин, Букарин, Толстој, Ками, бидејќи иако тие не се многу научнички размислувачи, барем креираат идеја. Без обезбедување на основа, тие почнуваат да зборуваат за храмот.
Мојот цел напор не е да досадувам за храмот, туку да направам голема основа, тогаш, подигнувањето на храмот не е тешко. Анархизмот ќе биде нус- производ на општеството кое е ослободено од религии и религиозни суеверија, што е психолошки здраво, неугнетувачко, кое е спиритуално здраво, нешизофреничко, кое ги познава убавините на

надворешните и исто така и на внатрешните богатства на последици, свест. Освен ако овие луѓе не постојат прво, анархизмот не е возможен, може да биде само нус- производ.
Во Америка толку многу се плашат од анархистите, што кога ме интервјуираа за мојата емиграција во Америка, ова исто така беше прашање што јас требаше да го одговорам, пишувајќи, дека не сум анархист. На човекот кој го правеше интервјуто му реков: „Јас не сум анархист од категоријата на Бакунин, Букарин и Толстој, но јас имам сопствен анархизам. И ти не треба да се плашиш од тоа, бидејќи анархизмот не е моја цел, моја цел е да креирам индивидуални бунтовници.“
Идејата на бунтовноста не е нова, но затоа идејата за бунтовноста комбинирана со просветлување е апсолутно нова – тоа е мој допридонес. И ако можеме да направиме мнозинството од човештвото да биде посвесно, попретпазливо, со неколку индивидуи кои достигнуваат до највисокиот врв на просветлување, тогаш нивната бунтовност ќе донесе анархизам баш како сенка, само по себе.


Томислав Захов
Ревизионизмот како политичко левичарски идиотизам и опортунизмот како левичарска болест


Потребно е да се напушти комплетно, и во принцип и фактички, сé што се нарекува политичка моќ; бидејќи, сé додека постои политичката моќ, ќе постојат и владетели и владеани, господари и слуги, експлоататори и експлоатирани. Откако ќе биде напуштена, политичката моќ треба да се замени со организација на производствените сили и економските услуги.
М и х а и л Бакунин „Бездржавен социјализам:Анархизам“
Пролетерската револуција која сега започна не може да има друга цел и друг резултат од остварување на социјализмот. Работничката класа мора, пред сè, да тежнее да ја освои сета политичка моќ во свои раце. Политичката моќ, сепак, за нас социјалистите е само средство. Цел за чие остварување мораме да ја користиме оваа моќ е темелната преобразба на целокупните економски односи.
Уживачкиот живот каков што мнозинството богати експлоататори водат сега мора да престане.
Со подготвувањето способни борци за сегашната револуција, исто така ги создаваме идните социјалистички работници кои новиот поредок ги бара за да биде остварен.
Роза Луксембург „Пооштествување на општеството“.
„Комиунизмот се разликува од сите досегшни движења по тоа што темелно ги урива сите досегашни односи на производство и општење и за првпат свесно се однесува спрема сите стихијно настанати претпоставки како творби на достогашните поколенија, лишувајки ги тие претпоставки од нивнниот стихиен карактер и подредувајќи ги нив на власта на здружените индивидуи“
„комунизмот не е состојба која треба да се воспостави, идеал кон кој треба да стреми стварноста. Комунизам го нарекуваме вистинското движење кое ја укинува сегашната состојба. Условите за ова движење произлегуваат од постоечките претпоставки“
Карл Маркс и Фридрих Енгелс „Германската идеологија“.
Текстов е пишуван имајќи ја предвид ситуацијата на левичарските антикапиталистички сили во Македонија и насоката во која таа борбата се движи. Оттаму овој текст најмногу е наменет за луѓето кои се движат по овие кругови кај нас, во Македонија, а и пошироко. Но пред другарите да почнат со вреднување на тезите од текстов ги молам да расчистат неколку работи суштински и пресудно важни за антикапиталистичката борба. Прво, да размислат за тоа дали државата е неутрална самата по себе или таа отсекогаш била изум на, и инструмент во, рацете на владејачката класа? Историјата нè учи дека таа отсекогаш била инструмент и производ на владејачките класи со цел владеење со владеаните. Таа дури и да западне во чисти раце секогаш тие раце стануваат прљави од неизмерната кал која постои во овој буржоаски изум. За ова пример се буржоаската револуција, болшевичката, сафавитската држава па и модерната национална држава. Второ и многу важно, имено прашање на кое ќе се осврнам најповеќе во текстов е дали реформистите на левичарската револуционерна идеја се класи кои тежнеат кон општесвена преобразба односно кон уништување на самите класи или, прифаќајќија нужноста од постоењето на власт, се само едни од

класите кои сакаат да владеат? Свесен сум дека со задирање во овие прашања се отвораат многу рани на антикапиталистичките левичарски движења, исто така свесен сум дека ова може да води до дифузирање на левицата, но убеден сум дека треба да се направат вистинските чекори во оваа борба. Пред сè тоа е важно како би се заштитила историско материјалистичката вредност и релевантност на самата социјалистичка идеја, а и што би се рекло треба да се знае јасно кој на која страна од барикадите е застанат.
Кауцки, Бернштајн и компанија скоро да се многу малку познати денеска, дури и на оние од левичарските кругови. Но тоа не значи дека не е на место да се зборува за ревизионисти и опортунисти, напротив денес ги имаме многу повеќе а и многу поопасни, пред сè затоа што деншниве се ревизионисти и реформисти како би си го исчистиле и олесниле патот во опортунистичките делувања и цели. Тие не само што имаат име и презиме ами тие денес ги има и како официјални окружи- движења, во јавниот домен познати како противници на системот кој што не е во полза на сите–капитализмот. Овие се познати под разни префикси и суфикси како анти–глобалисти, нео, нови, пацифисти, зелени, сини какви ли уште не, ги има во разни бои и тонови. Некои пак се специјализираат и во сектори, како борба за права на деца, сексуални маргинализирани групи, некои дури се и професионални синдикалци, и разни други свештарии од „науки“ обидувајќи се да ги решат проблемите на општеството кои се директен нус продукт на социјалната состојба која пак е последица на економските односи во капиталистичкиот систем. Така сè се врти во еден магичен круг и системот готово да се репродуцира самиот од себе без да бидат свесни, и не само угнетените туку и владејачките класи. Така сите се согласни за бедата на повеќето.
Квази алтернативциве на капитализмот, оние кои критиката на системот им е само фетиш и ништо повеќе, вриштејќи извикуваат дека тие се единствената опција која потиснатите класи ќе ги спаси и општеството ќе го доведат во социјализам, и за сето ова тие се повикуваат на Карл Маркс. Но покрај што тие сакаат да политичката власт им се даде на нив како гуруата на работниците, претствувајќи се како водечки и единствен интелект на левицата а уште и притоа немаат никаква идеја за промена на еконосмките односи како главен постулат на марксистичката идеја за организирање на општество, згора на тоа и се спротивставуваат на директно марксистички идеи. Дури и со ароганција гледаат на темелот на социјализмот, односно тоа дека економските односи се корен на сите односи, збивања и појави во општесвото. Еве што Маркс опоменува во Граѓанската војна во Франција дека без економско ослободување, политичката власт за работниците би била деструктивна илузија и којашто многу наскоро би се демаскирала како диктатура на „авангардата“. Теза која впрочем историјата неколку пати ја потврди.
Интересно е како овие типци ја отфрлаат едноставно и со леснотија револуцијата како алатка за промена на системот. За нив револуцијата е ревизија, класната борба - социјален дијалог, ослободување на трудот - фер надница, укинувањто на државата - пацифизам. Но сепак тие за буржоазијата важат за радикални левичари па дури и за револуционери иако ја отфрлаат револуцијата. Се разбира такви револуционери се добродојдени за истата. За нив дијалектиката не е ниту со главата надолу, едноставно неа ја нема, таа нема глава.
Еве што Томислав Захов (Мара) му аргументира на самодекларираниот марксист, еготрипот Цуцуловски, кој не ја познава или не сака да ја види правилно дијалектика, затоа што највероатно не е спремен да ја испочитува во практика и да ги поднесе консеквенциите кои би прозилегле нужно ако се признае фактот дека социјализмот не е возможен без револуција:
„Ако марксистичката дијалектика е онаа дијалектика којашто тврди дека сè се развива според законите на преминот на квантитетот во квалитет, според законите на негација на негацијата, според законите на единството и борбата на противречностите, тогаш нема постепен развој, туку развојот тече во скокови. А од тоа следи дека основен закон на движењето на историјата е – револуцијата. Но, ако ја сфатиме историјата

направен на овој терен од општесвените збидувања, како еволутивно движење, без таканаречените револуционерни скокови, тогаш дијалектиката што ја имаме во Марксовото учење, како што сметаат теоретичарите на Втората интернационала, а посебно Бернштајн – е нешто што му е туѓо на марксизмот, и тоа треба апсолутно да се отфрли. Искуството покажува дека со просперитетот на капитализмот се развива и работничкото движење и дека тоа спонтано, самото од себе, со еволутивно движење, ќе го надмине капитализмот и ќе ја освои власта. Во таа смисла изјавата на Едвард Бернштајн во неговото дело „Претпоставки на социјализмот“ – „целта е ништо а движењето е сe“ – најдобро ја карактеризира ревизијата на г-дин Цуцуловски, којашто ја извршува на марксистичката дијалектика со што, свесно или несвесно, ја отстранува марксистичката теорија на револуцијата.“
Логиката и сфаќањето за дијалектиката пак, на некои потенцијални наследници на бедниот реформист Цуцуловски и опортунисти во развој, е крајно оксиморонска, тоест таа им се нарекува системска антисистемност, односно тоа би значело дека со механизмите на системот ќе го рушеле самиот систем. Покрај тоа што ова сфаќање има логичка контрадикторност во себе, туку и има една претпоставка која е типична за неолибералната пропаганда, а тоа е дека институциите на современото буржоаско општество како такви се во ред, тоа што доведува до непожелни појави за благосостојбата на општесвото во целина е поради неморалноста на личностите кои управуваат со нив. Па демек кога ние ќе ги преземеме тие ќе станат лулка на човековата благосостојба, замислете, буржоаските институци!?!?!? Со ова не би сакал да создадам впечаток дека целосно ја отфрлам идејата за преземање на пол. власт преу институциите како непогодна за марксистичката теорија и револуција. Напротив, тоа и засега се гледа како алтернатива со најголем потенцијал за изведбена можност и успех во мобилизирање на народните маси. Но тоа единствено ќе биде во склад со социјалистичката цел и револуцијата ако преземањето на власта преку институциите има една единствена, јасна и гласно кажана цел, а тоа е нивното укинување што би значело почеток на темелната преобразба на економските односи, а оттаму и целокупните односи во општеството. Оттука сакам да нагласам дека крајно време е да анархистите и вистинските марксисти ја скршат гибс таблата која се наоѓа помеѓу нив. Разидувањата нивни беа последица на личности не на идеи, а и тоа беше историско разидување. Конечно анархистите би требало да ги прифатат интелектот и учењата за политичката економија на Маркс и Енгелс како што впрочем Бакунин, Беркман и многу други водечки имиња на анархизмот ги прифатија, доколку пак следбениците на Маркс и Енгелс треба да прифатат дека идеалот на нивните учители беше анархизмот. Затоа сега би требало да се погледне во иднината преку прозорот на денешницава и да се обединат во вистинска сила на социјализмот.
Понекогаш пак овие наши „марксисти“, особено кога ќе се најдат во очигледна спротиставеност на марксизмот со нивните погледи, обично знаат да одекнат одма против концептот за анти-приватна сопственост како утописки, диктаторски и бла бла неолиберални тези. Но тие, како што и класичната политичка економија, како што вели Маркс, „принципиелно мешаат два сосем различни вида приватна сопственост, од кои едниот почива врз сопствениот труд на производителот, а другиот врз експлоатацијата на туѓ труд. Таа заборава дека последниов не само што е директната спротивност на првиот, туку и дека расте само врз неговиот грб“
Што се однесува за еден од столбовите на социјализмот - укинувањето на старата општествена поделба на трудот, а со тоа и разликата измеѓу производниот и непрозиводниот труд - не можат ни чекор да имагинизираат понатаму од оваа денешна постоечка поделба на трудот, уште повеќе ти се дел од самата таа па дури и нејзини бранители. Забораваат, или можеби не сакаат да се сетат, што Маркс вели во „Светото семејство“, дека работниците објективно се упатени кон револуционерно дејствување, без обѕир на тоа што мисли субјективно или чувствува

секој одделен работник.
„...Под претпоставка на приватна сопственост, мојот труд е оспособување за живот, зашто работам за да би живеел, за да би создал средства за живот. Мојот труд не е живот“. За да би прекинело човештвото со оваа мачна, егзистенцијалистичка филозофија, ќе мора, организирајќи го општеството на научни, комунистички основи, симултано да ја укине и разликата меѓу непроизводствениот и производствениот труд.“
Односно тоа е поделба на труд произлезена од и за потребите на капитализмот односно екплоатацијата на прозиводителите и одржувањето на профитната стапка како негов мотор, ова воедно е и синоним за приватната сопственост.
Овие типци „рационални марксисти“ и понатаму вриштат како платите на работниците се мали и треба да се зголемат, еве што вели за тоа истиот тој на кого тие се повикуваат: „Зголемувањето на цената на работната сила би било само подобро плаќање за роб, меѓутоа тоа нема да ја унапреди неговата човечка еманципација“. (Маркс). Сепак во ова крајно робовладетелско општество тие што ќе заговорат дури и беден лек за ситуацијата, каков што впрочем е идејата за прераспределба и поеднаква распределба на капиталот, дури и се сметаат за радикални левичари. Но, на луѓето на кои вистински им е позната критиката на политичката економија, треба да знаат дека тие на капиталот не гледаат ништо поразлично од неолибералите односно бранителите на капитализмот. Барањето распределба/прераспределба на капиталот имплицира дека тие што го бараат тоа капиталот го сфаќаат како предмет односно како сума од материјали и произведени средства. Но Маркс вели не, тој не е тоа, тој е одреден општествен однос на производство. Според ова тие сакаат да капиталот го одземат од едни и го префрлат на други без притоа ништо да изменат во целта и начинот на користење на тој капитал и произлезените економски резултати како причина за општесвените односи од таквиот однос на капиталот во призводсвото. Како што Томислав Захов во текстот насловен како „кон амбисот на левичарскиот популизам“ констатира дека „во време на криза да се бара намалување на цени или повишување на плати тоа е лудост за која се способни само левичарски популисти“. Имено со тоа само би се амортизирал гневот кај потиснатите класи и би се намалил потенцијалот за конечен бунт и конечно ослободување на народот и трудот. Ама очигледно тоа е и целта на нашиве „анти капиталисти“, и тие сакаат дел од благодетите на буржоазијата веројатно. А особено интересен е и нивниот омут и потркепа на сето ова, а тоа е дека со развивањето на техничко технолошките изуми тоест целокупниот технолошки развој на човештвото (тоа со јазикот на политичката економија би значело развој на призводните сили) ќе доведе до општа благосостојба. Па сепак од парната машина па наваму техничко технолошкиот развој се развиваше многу бр зо но сепак секој ден имаме сè повеќе луѓе без основни, дури и без најпримитвни средства за опстанок. А имено тоа Маркс го алудира на следниов начин:
„Никакво усовршување на машини, никакво применување на науката во производството, никакво подобрување на сообраќајот, никакви нови колонии, никакво иселување, никакво отварање на нови пазари, никаква слободна трговија, ниту сите тие мерки земени заедно нема да ја отстранат бедата на индустриските маси, туку на сегашната лажна основа секој нов развој на производните сили мора да води кон продлабочување на општествените разлики и заострување на општествените антагонизми.“ (Маркс).
Значи дијагнозата треба да биде насочена кон отстранување на самата болест, а не кон симптомите што таа ги произведува. Или како што тоа Маркс го истакнува велејќи им на Меѓународната работничка асоцијација дека тие треба да запишат на своите знамиња не „праведна надница за праведен работен ден“, туку „укинување на наемниот систем“. Но изгледа на нашиве левичари идејата за укинување на наемниот труд им изгледа премногу анти буржоаска па оттаму гледаат со одбивност кон неа, најверојатно затоа што не сакаат да ја расипат преќутната соработка со буржоазијата која очигледно

ја имаат. Но тоа другари мои е и најголемиот грев тоа е нешто налик како што верските книги го опишуваат ересот направен од првите луѓе на земјава, казната станува твој живот, твое битосување. Исто и тука, борбата станала согласна измеѓу двете спротивставени страни, таа станала антипод на целта. Се прашувам дали се свесни дека со одрекување од револуцијата се ставаат на страната на контрареволуцијата, односно признаваат дека класно поделеното општество е нужност. Дел од овие „анти-системци“ пак за револуционерните потфати знаат да кажат, доста лицемерно, дека за револуција нема сè уште услови, можеби чекаат да робовладетелството се врати официјално со декрет или пак ОН да направат фонд за финансирање на револуционерни дејствија?! Што би рекол еден мој пријател „оди па му га знај“, демек сега не било време за револуција, како да таа е панделка па една сезона е во мода следната више не е! Очигледно за овие луѓе друго хумано општество евентуално е можно ама и не мора, тоа не им е императив, за нив и постоечково е добро само малку треба да се поправи!
Иако искажувајки ги моиве забелешки ја имам предвид ситуацијата на левичарските идеи и збидувања во Македонја сепак ова, за жал, важи и пошироко особено за Балканот. Но сепак нашиве имаат некои единствени специфично локални обележја како изигравање политички експерти кои даваат анализи за решавање на прашања како: спорот за името; меѓуетнички односи; меѓународно диломатски релации и слични општествни сфери на денешницава кои се директна последица на другарувањето на државата и екплоататорскиот економски систем. Притоа некои и се дрзнуваат да се пофалат дека нивните ставови се емпириски поткрепени односно во духот на неолибералната епистемологија која има хегемонија во општесвените науки како бесчуствителен, неидеолошки пристап (што значи неолиберално) и сувопарни. За нив левичарските политички идеи не се ништо повеќе освен привезок, алатка за поправање и критика на дел од проблемите на денешново општество кои, ќе повторам пак, се директна последица од постоење на капитал односот.
Опортунизмот и ревизионизмот, другари, се болест според тоа како и секоја болест подобро е да се спречат отколку да се лечат. Досега, во историјата нанесуваа многу штета на револуционерните покрети угушувајќи го, амортизирајќи го и одложувајќи го бунтот на масите. Можеби овие луѓе нанесоа поголема штета на револуцијата отколку и самите декларирани контрареволуционери. И нивното штетно делување постои и денес. Да земеме само пример од нашиве последни случувања, како што беа различните искажувања на отпор од работничките штрајкови, преку инцијативите за мир, полициската бруталност па и до сега најново поскапување на енергенсите. Може ли да замислите колкав потенцијал за промена имаа тие движења доколку се насочат кон вистинската цел на вистински, револуционерен начин. Само на вториот или третиот протест против полициската бруталност, на кој и јас бев присутен, имаше повеќе од 3 илјади возрасни луге. Тое не само што се доволни за комплетна реорганизација на македонското оштество туку и многу пошироко.
За крај во духот на слободата би сакал да истакнам дека како и сите така и нашиве ревизионисти и опортунсти ја имаат слободата да се декларираат како сакаат, но сакам да нагласам, другари мои, дека и нас слободата нужно ни налага да застанеме во одбрана на идеите за кои другари наши пролеале крв и оставиле животи вечни поради чистотата на идеите за организирање на хумана пол. заедница базирана на соработка, заедништво и изворната човекова природа.


Анонима
Не дискриминираме, сите се готови!


Во последниве денови, историјата со сите сили се урна и кај нас. Со востанието во Марибор се започна нешто, кое многумина мислеа дека е невозможно: луѓето се самоорганизираа, го притиснаа својот локален шериф во ќош и го принудија на бегство и истовремено предизвикаа поширок отпор против политичко- економските елити и капиталистичкиот систем. Немаме кристална топка со која ќе предвидиме што ќе се случи, но знаме дека романтизирањето и наивноста нема да ни помогнат, туку организираноста и храброста.
Од одоздола – нагоре и од периферијата кон центарот.
Протестот се рашири на сите страни и краеви на земјата и се разви во словенско востание против политичарите и владеачката класа. Од секој крај на земјата, со свој дијалект, им се кажува на политичарите дека се готови. Баш децентрализацијата на отпор и фактот дека истиот не е организиран одозгора, од страна на водачите, туку одоздола, од страна на луѓето кои никој не ги претставува, една од клучните карактеристики на актуелните случувања. Со цел да се одржи солидарност меѓу луѓето и да се спречи злоупотребата на востанието, од страна на политичката класа, децентрализацијата треба да се унапреди, зајакне и брани.
Полиција насекаде, а права никаде
Полициската бруталност над демонстрантите не е никакво изненадување. Она што изненадува е зголемувањето на илузијата дека полицијата ќе ни се придружи. Навистина, полицијата не е примарна цел на востанието и судирот помеѓу демонстрантите и полицијата не е конечен и единствен хоризонт. Целта во овој конфликт е капиталистичката и политичката класа и целиот систем како таков. Но, исто така е вистина дека полицијата не е наш сојузник, бидејќи таа ја врши својата системска улога и никаде и никогаш не е сојузник на востанието. Да се потсетиме: полицијата е репресивен апарат на државата, чија структурна функција е одбрана на владејачкиот поредок и интересите на владејачката класа. И тоа важи и покрај фактот дека под униформите исто така се наоѓаат искористувани поединци. Бидејќи сè додека ги исполнуваат наредбите на своите шефови, ќе бидат полицајци. Дури откако тоа ќе престане да се случува, можат слободно да станат дел од востанието. Верувањето во илузијата дека се на наша страна е крајно наивно. Дали нивната интервенција на досегашните протести навистина била толку примерна, како што некои ја прикажуваат, и дали навистина била во интерес на луѓето? Зар веќе заборавивме на бруталното разбивање на мариборските протести и заканите од министерот за внатрешни работи Горенак, дека ќе ги фати сите организатори на „нелегални“ протести? За жал не изненадува ниту морализирањето за „проблематичните“ и „насилните“, кое се рашири по виртуелните социјални мрежи. Власта и медиумите ни фрлија коска, која некои веднаш ја зграбија. Што се десет скршени прозори, скршената врата од општината, разглобените калдрми во споредба со државното структурно асилство? Безнадежна младина, невработеност, работните места, укинување на стипендиите, оброците, намалување на бројот на ннаставници во градинка,

намалување на правата од областа на здравственото осигурување, намалување на средствата за едукација и истражување, присилување на луѓето на предвремено пензионирање, снижување на платите, пензијата, бројот на слободни денови, недостаток на непрофитни станови, животот на младите во изнајмен стан или кај родителите до старост, кршење на правата на хомосексуалците, емигрантите, жените, припадниците на малцинските религии... Можевме и понатаму да ја продолжуваме оваа реченица, а сè уште не сме ни допреле до корупцијата, непотизмот, клиентелизмот и криминалот на владеачката елита. Нè присилуваа да работиме сè повеќе, а плодовите од таа работа секoгаш ги присвојуваше капиталистичката класа. Овој систем се темели на експлоатација. Сега кажете ни кој врз кого врши насилство? Како да бидеме луѓе со оние кои ни ја украдоа иднината? Младите се лути и немаат повеќе време за губење. Затоа престанете да ги осудувате, заедно можеме да го фокусираме вниманието кон вистинските проблеми .
Уште поопасно е повикувањето на саморепресија и соработка со полицијата. Зарем во денешното општество нема доволно надѕор, сигурносни камери и репресија? Зарем и ние сега ќе станеме оние кои ќе ѝ помагаат на полицијата да ги бара „проблематичните“, ќе им ги предаде нив и на тој начин многу млади ќе се откажат од бунтот? Соработката со полицијата е плукање во сопственото лице, осудувањето на младите, кои својот став го искажуваат на директен начин, води до блокирање на потенцијалните протести. Денес власта го смета за насилство кршењето на прозорите, а наскоро истата етикета за насилство може да биде залепена на било кој облик на протест, кој не би бил пријавен, пасивен и на тој начин целосно бенигнен. За систем кој со години нè понижува, ограбува и угнетува, сите ние сме прекршители.
Затоа овојпат повторно ја изразуваме целосната солидарност со затворениците, бараме нивно ослободување, крај на судскиот и медиумскиот прогон и поништување на сите казни, кои луѓето ги добиле поради учеството на протестите.
Власта на луѓето, не на партиите
Поради првичниот и спонтан жар на востанието, каде дојде до израз креативноста на човечките маси, се отвори и простор за понатамошно разгледување на стратегиите. За востанието да може да се развие во општествено движење со конкретни барања, цели и визии, треба да се бараат начини да се артикулираат барањата, кои се појавуваат во рамките на бунтот, т.е. организациски облик кој ќе го овозможи тоа. Без него востанието ќе се разреди, а работите ќе останат непроменети.
Во рамките на правење барања, треба да се оди чекор по чекор и да се почне со барањата, кои се веќе артикулирани во востанието. Треба да се одржи социјално, јавно здраство, образование и работнички права. Но тоа не значи дека се бориме за старата правда. Според тоа што не сакаме да се откажеме од правата, добиени со стотици борби, во умот, исто така, треба да имаме долгорочни перпективи. Додека постои држава и капитал, причините за експлоатациија и негирање исто така ќе се појават во рамките на јавното образование, здраство и социјална заштита. Затоа треба да се самоорганизираме во тие области и да почнеме да преговараме за права. Правата се изборени, а не доделени!
Можеби дел од корумпираната политичка елита ќе се помири со фактот дека е готово и ќе ја напуштат политичката сцена. Но, ќе ги заменат некои нови, кои одново ќе донесуваат одлуки во наше име, иако за тоа нема да им дадеме легитимитет. Нивните интереси не се наши и тоа секојдневно ни докажува со бројни примери на непотизам и корупција и усвојување на реформи и анти-кризни закони, кои уште повеќе нè буткаат до работ на општеството. Затоа мораат сите да отидат, од прв до последен. Наивно би било да се верува дека некаде постојат чисти, нерасипани луѓе, кои ни посакуваат само добро и кои ќе нè извлечат од кризата, а ние треба само да им ги дадеме нашите гласови. П о л и т и ч к о - е к о н о м с к и о т систем, со својата

авторитарност и хиерархија, оневозможува да живееме неотуѓени, во склад со нашите желби и потреби. Додека владее капитализмот, каде малцинството владее со мнозинството и потиснува на економска и социјална база, нашите животи ќе останат празни. Ако не се побуниме и избориме за алтернатива, секогаш некој ќе владее над нас: патријархот во домаќинството, деканот и студентските функционери на факултетите, шефовите на работните места и политичарите во владата. Лажната демократија, којa ни ја нудат на изборите, не е единствен можен облик на организација на оптествениот живот.
Се организираме каде што работиме, учиме, живееме
За востанието и барањата со него да произведат вистинска општествена моќ, потребно е да се самоорганизираме. Кога зборуваме за организација на востанието, се разбира дека мислиме на начините на организирање, кои ќе бидат поинакви од социо- политичкото организирање какво што го знаеме. Треба да се организира одоздола, без хиерархија и водич и секаде каде што сме искористувани и занемарени: во нашите соседства, на работните места, во образовните институции. Селаните треба да се поврзат со задругите, а задругите треба да се поврзат со урбаните околини. Самоорганизацијата, која е спонтана и креативна, развива најслободни односи и воспоставува структури кои ќе овозможат целосна еманципација на поединците. Неа ја следат принципите на директната демократија, заемната солидарност, нeaвторитарноста и антифашизмот.
За почетна метода на такво организирање, предлагаме институција за директно демократски собранија, кои во текот на овие години ja практикуваa разни бунтовнички движења низ целиот свет. Можеме да се организираме локално, во мали групи и заедно да ја обликуваме нашата иднина со препознавање на нашите потреби, така и за потребите на места, села и градови. Исто така, заедно можеме да даваме предлози и да ги откриваме нашите потенцијали, а во голема мера и да ги оствариме. Така ќе формираме сестринство и братство, како и единство, во кое за сè постои сè, а за оние кои сакаат да владеат-ништо.
Затоа за следните чекори на востанието, предлагаме меѓусебно поврзување на групите и воспоставување на органи во овој расфрлан бунт во развој. Предлагаме врз основа на заедничките интереси, да се обединат групите, поединците и поединките. Така фронтот би бил идеолошки неограничен и инклузивен и ќе се темели врз основа на заедничките барања. Фронтот би бил организиран хоризонтално, без посреднички органи и функционери, базирајќи се на автономијата на групи и поединци, како и директно демократско одлучување. Сите групи, организации, поединци и поединки, на кои ова им изгледа како добра идеја, ве поовикуваме да се организираате во своите локални заедници, преку отворени собири, кои подоцна ќе можат да се поврзат меѓу себе. Да ги вратиме заедно назад своите животи!
Од улиците и плоштадите, 6ти декември 2012та година
Преведено од http://www.a-federacija.org


Синдикатот на ОХИС во скутот на газдата владата




07.05.2013
Првиот протест на Охис оваа година. Работниците ја блокираа Првомајска улица иако нивниот синдикат сакаше пак да ги шета пред Влада. Мало потсетување - при крајот на минатата година работниците од ОХИС, два месеца стоеја пред глувата влада на инсистирање на синдикатот иако со тоа не им се реши статусот. На овој протест, откако завршија со блокирање на улицата (блокадата траеше 2 часа), синдикатот го собра своето стадо и им соопшти дека следниот протест е во петок. Протестираат само во вторник и петок затоа што тогаш имаат бесплатен превоз, во спротивно со оглед на тоа дека немаат земено плата 18 месеци, една автобуска карта за работниците од Охис е луксуз. Иако некои од работниците имаа предлози и сакаа да ги споделат, нивниот „преставник“ остана глув и едноставно не чувствуваше потреба да ги слушне предлозите на оние кои ги „преставува“.
10.05.2013
Денешниот штрајк започна во 07:00 часот и заврши во 09:00 часот. Работниците, во многу помал број пак ја блокираа Првомајска улица. Додека траеше протестот, атмосферата беше како на погреб. Луѓе со очај на нивните лица стоеја во неколку групи, додека синдикатот стоеше и делеше критики за одредени
транспаренти. Исто така не беше многу среќен што други луѓе решиле да се солидаризираат со работниците. Што е јасен показател дека тој протестот не го сфаќа како протест на работниците, туку како свој личен протест кој му служи за лична сатисфакција.


Generiss - Oil Policy
Everything burns as far as I can see,
everything because of your democracy.
Desecrate our rights,
the end it will be,
to all of your bullshit and
oil policy.
Starting to see,what’re you trying to claim.
Now feeling so blissful,
I can not see,
what becomes of me.
I can’t stand our governments oppressing those who oppose their lies.
Well desecrate our lives,
the end it will be,
to all of your bullshit and
oil policy.
I will say, the words of treason flowing in your veins.
I will say, the words of wisdom dying in yourself.
I can not see your oil policy!



Anarhisti~ki Front
е организација која се залага за создавање на бескласно и бездржавно
општество, засновано на еднаквост,
солидарност, слобода, соработка,
екологија, мир, без општествени, економски и политички хиерархии. Ние сметаме дека за постигнувањето на
такво општество потребна е револуција.
За да има револуција потребно е да се создадат материјалните услови за истата. Тоа може да се случи преку
доброволно, хоризонтално организирање и директна акција на луѓето за конечно отфрлање и уништување на капитализмот и државите. Доколку си заинтересиран/а за приклучување, информирање и сл. за активностите на Анархистичкиот фронт посетете ја веб страната:
http://anarhija.tk
Или пишете на:
anarhisticki.front@gmail.com
Текстовите се лични мислења
и ставови на авторите и немаат
авторски права.
А.Ф. може, но и немора да се
согласува со истите.
© Copyleft. Весникот може
слободно да се препечатува,
копира и споделува.

No comments:

Post a Comment