Слобода 10

(Карирана овца)
Жена без гради е како подрум
без ајвар
Жена без гради е како подрум без ајвар” - рече некој на Фејсбук и уште стотина други кликнаа “лајк” и потврдија пред сајбер-светот дека на жените гледаат како на секс-објекти. Други пак преку демотивациони постери се
изјасниле дека ако би требало да излегуваат со жена која има тело на 10-годишно момче, тогаш би излегувале со 10-годишно момче. Дали тоа значи дека текот на настаните и темите за разговор на едно рандеву со 10-годишно момче би биле исти како на рандеву со девојка која поминала низ фазите на пубертет и адолесценција, девојка чиишто мозочни клетки се поразвиени од нејзините гради?
Не верувам... Св.Тома рекол дека жената е несовршен маж. Кутриот. Си умрел во заблуда. Но и без Св. Тома, христијанството, исламот и овдешните традиции се трудат да ја држат жената под сенката на нејзиниот маж, нејзиниот татко, нејзините деца, нејзиниот брак и да ја гледаат како биолошка машина за производство на
нови генерации деца. Потоа тие генерации се воспитувани според идејата дека жената припаѓа во кујната и во креветот и притоа не смее да искажува незадоволство бидејќи живее во машки свет каде мажот е единственото суштество кое ги диктира правилата. Идеален брак во еден ваков свет е бракот кој се темели на зделката каде што мажот добива готвачка и
чистачка, а таа пак за возврат добива извор на пари за семеен буџет и хаус-мајстор. Во вакво традиционално семејство омилена занимација на мажот е гледањето фудбал пред коперација пиејќи пиво и јадејќи месен нарезак заедно со другите исти како него пријатели. Во меѓувреме неговата жена чисти, пере, пегла и готви за да може тој да се врати среќен и задоволен во чист дом со полна трпеза. Зарем не може сето ова да го прави придружен од жена му? Жените исто така се љубители на фудбал и алкохол. Ама нее... Мора да се придржува до правилата за машко-женските работи. Во српската емисија “Кефалица” интервјуираат деца на возраст од 5-6 години за различни теми. Она што мене ми го привлече вниманието е одговорот на едно мало девојче на прашањето за машко-женски работи во семејството. Вели: “Тато на пример гледа фудбал и пие ракија и вода кога ќе си дојде уморен од работа, мама готви ручек и јаде за утре, а на тато не му е гајле за тоа, него му е важно да го одмара газот.” Верувам дека ниту еден од нас не би сакал неговото
дете да има ваков поим за функционирање на семејство. Во повеќето од семејствата тука, синот ја добива целата почит и слобода само затоа што ќе ја продолжи лозата и еден ден нема да мора да се откаже од презимето. Со оваа способност пак се здобил благодарение на тоа што е носител на половиот орган кој е застапуван од “посилниот ” пол. Таткото на
еден ваков син ќе биде посебно горделив ако неговиот син има повеќе девојки на лагер. Но, ова не важи и за неговата ќерка. Како идна домаќинка таа мора примерно да се однесува и да има што помал број на момчиња, бидејќи во спротивно ќе ја етикетираат како лесна и неморална и ќе нема кандидати за брак. А таа бидејќи е припадничка на “понежниот ” пол, мора да го почитува ова. Како инаку ќе се снајде во животот без силно мажиште кое ќе стои зад неа?!
Значи имаме понежни и посилни полови. А извинете со што ја меревте јачината на половите? Да не измислиле некаков си “полометар”, а јас да не сум знаела? Факт е дека постојат многу јаки жени и многу слаби мажи и не постојат суштества како “женски петлиња” и “машкоданки”. Нема потреба од плексирење поради некои “телесни совршености” кои не одговараат на нечии очекувања или фантазии. Жената и онака не е само големи гради и полов орган. Подрум како подрум, ќе преживее и без ајвар. Кај некои ајварот стои на таванот.


Стоп за генетски
модифицираната храна
Генетски модифицираната храна се добива од генетски модифицирани о р г а н и з м и ( Г М О ) . Генетските модифицирани организми имаат одредени промени, воведени во нивната ДНК, преку генетски инженеринг (нова технологија која овозможува манипулација со гени) техники. Ова овозможило пренос на посакуваната карактеристика од еден на друг вид кои не се во сродство или можеби помеѓу животни и растенија. На пример, ген кој функционира како антифриз земен од поларна риба е вметнат во домати и јагоди за да им оневозможи смрзнување, свињи во кои е вметнат ген од човек за да растат побрзо...
Аргументите дадени од страна на М У Л Т И Н А Ц И О Н А Л Н И Т Е КОМПАНИИ, ГОЛЕМИТЕ П Р О И З В О Д И Т Е Л И , СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ПАТЕНТИ И ГОЛЕМАТА ПРЕХРАМБЕНА ИНДУСТРИЈА биле: намалување на гладот низ светот(овие растенија раѓаат повеќе плодови), и вториот аргумент бил намалување на отрови, пестициди, хербициди, фунгициди, затоа што се сади генетски отпорна храна на сите „штетници“ и „плевели“(кога оваа храна не ја јадат инсектите и не растат други растенија близу овие билки, замислете што се случува кога ја јадеме ние) , и не мора да се прска со отрови.
Вистинската цел на сите погоре споменати компании е монопол на светско производство на храна, контрола на производството на храна во светот, уништувањето на разновидноста на културите и воведувањето на монокултура (наместо од 20 видови на ориз, пченица, пченка само неколку видови). Друга цел е семе за оние неколку типа на култури малите производители мора одново да го купат од сопствениците кои имаат патент, бидејќи засадените растенија се стерилни, и не може повеќе на природен начин да се искористи семето за нови садења.
Бeз оглед на лажните аргументи кои се објавени во јавноста, сепак, се зголемила употребата на пестициди/ хербициди за ГМО култури. Ова укажува на тоа дека нивната функција да се избегне употребата на пестициди е лажна и неуспешна. Таа исто така покажува дека ГМО нема функција за да се намали токсичноста и заштита на животната средина но во спротивно нивната употреба е дури и зголемена.
Влијанието на користење на генетски изменети култури не е намалување на труење на луѓето, животните и почвата, него драстично зголемување на труење на луѓето, животните и земјиштето. Цела храна ГМО што се произведува на овој начин не само што е дискутабилна, бидејќи потрошувачката на генетски модифицирани производи, кои не се здравствено сигурни, но, и таквата храна е многу повеќе прскана со хемикалии, бидејќи инаку не би можело да се направи голема количина и профит.
Генетски модифицирана храна помина низ процесот на култивирање кој бара зголемување на прскањето со отрови, и затоа е повеќе отруена со овие супстанции (хербициди, пестициди,). Истата храна ја јадат и животни (говеда и живина), па покрај тоа добиваме храна збогатена со хормони, антибиотици, хербициди и пестициди.
Штетните последици од конзумирањето на оваа храна се многу: Ревматоиден артритис, воспалителна болест на цревата, Кронова болест, остеопороза, артериосклероза, различни видови на карциноми, алергии, проблем со инфертилитет... Може да предизвика дури и смрт, како што бил случајот со генетски модифицираниот компир, кој усмртил лабораториски глувци.
Ова е ново прашање кое бара промена во животниот стил и навиките за купување, зголемување на информации, критички оценки информации во медиумите бојкотот на одредени производи и фокусирање на локалната домашна , природно обработена и органска храна.


(Purple Mind)
Back to the roots


Живееме во модерно време.
Би требало да напредуваме.
Би требало работите да се одвиваат во позитивна насока...
Каде ли згрешивме?
Напредок на технологијата. Каков успех на човекот, нели?
Со ова требаше да ни се олесни работата. Претпоставувам за да имаме повеќе слободно време за да се изградиме себеси како личности, да работиме на себе, да се надградуваме умствено и духовно...
Каде по ѓаволите отиде успехот?
Се претворивме во машини.
Станавме робови на технологијата...
Некогаш имаше безгрижни деца, кои трчаа и си играа надвор, на сонце, на воздух... Сега, како производ на напреднатата технологија, имаме искривени ’рбети, недостиг на витамин Д, слаби мускули, зголемено ниво на стрес (ова се’ во „најмала рака“)...
Дозволивме медиумите да ни ги обликуваат мозоците. Преку нив ни се наметна слика за тоа како треба да изгледа една совршена жена или совршен маж, сексизам, национализам...
Способни сме да го мразиме и презираме нештото кое е дел од нас, наречено човек!
Дозволивме глад, геноцид...
Водиме нечии битки, си го убиваме својот род за профит (не наш!)...
Дозволивме да живееме во неправеден свет. Полн со зло! Јасно е дека за да постои добро, мора да постои и зло, но тука одамна се изгуби рамнотежата помеѓу доброто и злото.
Дозволивме секој ден да кркаме горчина, да се полниме со фрустрации...
Анксиозноста, депресијата и неурозите воопшто, ни станаа нормални појави.
Некому џебовите полни, нашето здравје нарушено.
Загадена вода, нездрава храна... Ракот не е случајност!
Добредојдовте во светот на корпорациите, каде вие како личности не сте битни, битни се вашите пари!
Излетите и прошетките во природа станаа реткост. Кај некои и не постојат, тие ти биле урбани луѓе... И’ ја расплакавме мајката и на природата... Сетете се од каде доаѓаме, кои сме и што сме! Не, не сме ние урбани луѓе! Ние само се претворивме во зависници од сивилото околу нас, зависни од смог, слаткиот воздух на градот!
Немаме никаква почит ниту према природата, ниту према животните. А ние сме едно...
Без нив целото не е цело, таму припаѓаме, ние сме дел од нив!


(Toecutter)
Еден маж и една жена
Жан секојдневно нестрпливо гледаше кон реката. Се надеваше дека баш во тој момент ќе пристигне таа. Неговата една и единствена. Го знаеше секој детал од брегот, секоја сенка во пристаништето, во мозокот му беше врежан отсјајот на сонцето во водата, секој глас за доаѓањето на брод му беше пријател...
И сите го знаеја него лудиот Жан, оној кому надежта му го испила умот, целта за потсмев на морнарите кои се празнеа во локалните проститутки и иритација за вечните циници.
Секојдневно висеше на пристаништето како инвентар за закотвување на надежта, немаше никакви информации ни за неа ни за своите деца, неизвесноста секој ден му откинуваше по парче илузија дека среќата сепак не го напуштила и можеби сепак...има некоја шанса да се сретне повторно...со својата Изабел...
Често беше цел на кадарни и некадарни советодавци, повикани и неповикани гости на неговата совест кои папагалски повторуваа да ја заборави неа, да ги прежали децата и да се ожени повторно. Низ сите тие години убедија секого дека се во право. Освен него.
Од другата страна на Амазон беше Изабел. Четири илјади и осумстотини километри далеку од Жан, некогашната убавица низ чии вени течеше крвта на конквистадорите но и онаа на Кечуа индиосите, мешавина која не трпи неуспех, образувана и свесна за светот околу себе.
И таа го чекаше Жан за кого се омажи премногу млада, навидум неискусна...по своја желба и на неизмерна радост на Жан, петнаесет години постариот картограф дојден од Франција за да го мери обемот на екваторот и да и даде конечна димензија на нашава планета, во експедицијата на Ле Кондамин.
И таа секојдневно очекуваше новости и нејзе тагата и даваше тежок израз во очите, го знаеше секој детал од брегот, секоја сенка во пристаништето, во мозокот и беше врежан отсјајот на сонцето во водата, секој глас за доаѓањето на брод и беше пријател...
Помина осум години со него пред тој да реши да заминат за Франција... после смртта на нивната ќерка од вообичаените тропски болести сепак реши да одат. Но сега тој одби да ја поведе со себе. Ги знаеше ризиците на експедицијата, ја убеди да остане и да ги гледа децата, ионака нема да пројдат повеќе од неколку месеци...
Ако само беше свесен колку ќе се оддолжат тие неколку месеци...
А беше во право, скоро половината од експедцијата остана да гние во амазонските мочуришта, данок на откривањето и трасирањето нови патишта...the forgotten he­roes of a forgotten war... Сепак стигна на целта на брегот на Атлантикот, со груби мапи кои ги состави сам. Сега само требаше да прати порака до неа да дојде. Тоа и го направи. Писмото не стигна никогаш, се загуби во проклетството на човечката лудост и садистичките игри на случајноста. Шпанија и Португалија ја затворија областа за Французите, на пат кон уште една војна за глодање на Јужна Америка.
Патот се затвори. Немаше напред, немаше назад. Како да не беше доволна цела Амазонија сега ги делеа и локалните манијаци жедни за крв и злато.
Иднината не фати чекор со сегашноста... барем за Жан и Изабел...
Потребен беше заобиколен пат...Жан тргна низ бирократскиот лавиринт кој беше еднакво гаден како и амазонскиот. Пишуваше, молеше, бараше премин низ шпанско-португалските територии. Се обиде да ги совлада препреките, цинизмот, неразбирањето, отвореното непријателство...месеците се сменуваа во години. Жан реши дека е доста и дека е време да ја земе судбината во свои раце. Му помогна Ла Кондамин, неговиот ментор кој успеа да искористи некои негови лични врски со локалните португалски моќници.
Една работа не му оставаше мир на Жан...знаеше дека португалците се свесни за неговиот став кон нив, за кореспонденцијата во која ги обвинуваше за нивните колежи врз домородците... сомнежот полека му прерасна во параноја. Дали заборавиле?
Иако му гарантираа и Ла Кондамин и локалниот гувернер дека се е во ред... дури и му обезбедија брод за да стигне до Риобамба, до Изабел. После толку години невољи и апатија тој гледаше замка и таму каде судбината не намераваше да му постави. Се качи на бродот и тргна...секој шепот на морнарите му делуваше како завера и намера да го фрлат на пираните. Една вечер се симна од бродот во Ојапок, некакво гратче заборавено од сите па и од лудите богови на Кечуа индиосите.
Бродот продолжи и без него стигна до некое одредиште кое не беше Риобамба, по воља на капетанот. А до Изабел стигнаа гласини за некаков брод на кој се наоѓа тој, на неколку стотици километри од неа. Тие гласини и без доволни да тргне низ џунглата иако без никакво познавање на опасностите и покрај предупредувањата дека оди во сигурна смрт. Оние кои ја убедуваа беа упорни и ги убедија сите.
Освен неа.
Малата аматерска експедиција набрзина составена и финансирана од неа беше однапред осудена на пропаст. Никој не го преживеа патот сите завршија како што претскажуваа локалните циници, изигрувајќи птици злослутници во вечен страв да не бидат побиени. Маларијата и мочуриштето го сторија своето. Крајот на патот на една љубов.
Освен за Изабел.
Сама, полулуда од страв, разјадена од инсекти и очај, таа продолжи. Како нејзините претци кои одеа да го пронајдат Ел Дорадо и оставаа коски во некоја зафрлена јама, сонувајќи за градот од злато одеше и таа. Со магловитиот инстинкт наследен од нејзината друга страна, индијанската, таа го бараше својот Ел Дорадо. А тој беше некаков си Жан Годен, човек од крв и месо за кого не беше сигурна ни дали е жив.
На 22 Јули 1770 таа здогледа некоја населба. Со последен напор на вољата се довлечка до првите куќи на...Ојапок! Истото место до каде што стигна и Жан.
Конечно беа заедно...
За многу работи не може да се даде никакво рационално објаснување. Ова е еден од тие случаи. Два духа непробојни под жестоките удари на судбината.
Безначајна епизода од историјата на Јужна Америка, фуснота во наводните големи игри и настани.
Или нешто сосема друго...



(Ravachol)
Дијалектика во пракса? GTFO !!!
Балканската меѓуполова реалност е во многу нешта детерминирана од неколку поими.
Ќе се задржиме на два основни, Курва и Педер.
1. Машкиот припадник на хомо-сапиенс видот треба да е ебач, фраер, заводник, со еден збор да има висок двоцифрен а пожелно е и троцифрен број на вагинални, орални или анални апликации на курот...и тоа не во УСБ портови туку во различни сопственички на наведените дупки.
Во некои средини оралната апликација се вреднува како две или дури три вагинални, кај други пак се рачуна како пола вагинална. Аналната исто така има различни вредности. Нијанси.
Спротивноста на Догмата резултира со јасна пресуда... ПЕДЕР !!!
Тука нема нијансирања. Или е ебач или е Педер.
Во поново време поимите Папучар, Импотентен и Забеган малку по малку му конкурираат на ултимативниот израз... Педер. Но ништо не може да го замени ужасот,паниката и паранојата која ја сее синонимот за обратен, двоцефка, хомос, ауспух...
2. Женскиот припадник на хомо-сапиенс видот треба да е светица, поштена, прибрана, чесна, со еден збор да има екстремно низок број на вагинални, орални или (не чуо нас џаво) анални апликации на соодветните дупки со помош на различни курој.
Цифрата почнува од нула и со секои 50-60.000 жители на населеното место каде сопственичката на дупките живее, се наголемува по некој процент.
Така да во релативно голем град со делузии за метропола и менталитет на Касаба од Курдистан, зборот Курва може да се испили дури и по 3 до 4 изедени кура.
Откако ќе се надмине лимитот (кредитот)...таа е... КУРВА!!!
Ороспија, Дроља, Пачавра, Мивка.
И се би било добро, сонце би греело и под сенка, бимбиљи и други зверчиња би пееле низ расцветаните гори и ливади, а мајскиот бумбар весело би летал од цвет на цвет зуејќи низ крајот на пролетта и најавувајќи лето. Плодовите на утробата на некоја поштена и семето на некој фраер би трчкарале по овој рајски амбиент, сwатки на мама и обдарени на тато...
Но... Креаторите на оваа консензус реалити познати како наши предци нешто пропуштиле.
Не дека сакале да им се поткрадне некаква грешка, толку имале во умот. Кој ретко им служел за мислење повеќе како амортизиран инвентар, баласт во главата, терет или клетва.
Да не должиме...неписмени ретарди биле луѓето.
Таква им била и мудроста.
Во што е проблемот?
Тоа што секогаш (освен за време на долгогодишни војни) бројниот однос на мажи и жени е горе долу пола со пола. Што значи за да мажите се фраери мнозинството жени треба да се курви. А за да мнозинството жени се поштени, тогаш...
Бинго!
Мнозинството мажи треба да се Педери. Толку од логиката на предците и нивните денешни потомци.
Привремен спас бил најден во лажењето.
Така секој може да е ебач и секоја да е невина.
Но и тоа е само привремено (вербално) крпење на химен или на машко его.
Чаре ?
Либерализмот како Месија.
Дали е тоа птица?
Дали е тоа авион?
Дали е тоа ракета?
Не !
Тоа е либерализмот кој долета како ангел спасител да ги спаси сувите пички и потечени јајца!
Го има на телевизија!
Далечинското во раце и примете го во својот череп најновиот Месија, светлината на просветлението, прекрасниот либерализам!
Ако не сте задоволни со телевизорот, ако сте урбани интелектуалци за вас има и апдејтиран продукт, носи опаковка со филозофија, духовност и прогресивност.
Do what thou wilt shall be the whole of the Law, што би рекле ванаби троловите...
Само и овој концепт има една фатална фабричка грешка. Произведен е во стерилната утроба на некрофилскиот капитализам.
И таков му е и квалитетот.
Обична животинска себичност и бегање од одговорност, сведување на човекот на продукт од рафт на полица, и вечно незадоволство кое пак е генератор на обрт на капиталот...
Разводи, деца без детство, родители со деца како терет, бебе место барбика, вечен пекол меѓу сопружници или партнери, борба за надмоќ меѓу истите, деца како колатерала, кариера место дете, стари фраери, фасадирани екс- пичкетини и мувлосани ебачи осамени како шугав пес пред егзекуција. На Балканот ова не е резултат на Либерализмот. Таа лоботомија сеуште е нова и треба време да почне да произведува жртви. Не дека нема, ретки се. Конзервативизмот сега за сега вршеше работа за таа намена...штанцање мизерија.
Чаре.
Тролање.
Имаше еден сув, стар, закоравен Трол
од некое Шкотско село. Се викаше Александер Нил.
И проба да го трола системот. Да прави дечки и
девојки кои ќе се ебат дури не сфатат дека квалитетот не доаѓа од квантитет. Туку преку квантитет кој
подразбира и одговорност околу истиот. Кој не е цел
сам за себе. Но во пракса. А не со мудрувања.
Преку полигамија и полиандрија до моногамија?
Троловски концепт.Скроз.
За ретки среќници.... реалност.
За Балканот - утопија.
За останатите тука се Либерализмот и Конзервативизмот.
Не даваат резултати? GTFO!



(Dictator of dreams)
Налутете се! Еден свет Eдна Борба!
Родени сме како борци. Оној првиот плач на бебето прв пат кога вдишува не е ништо друго освен крик на предизвик! Растеме диво и брзо, сакаме се’. Одземи му на дете чоколадо, само пробај! Пробај оттргни го од играта, како бран ќе те заплиска борбата на детските рачиња за она што им припаѓа.
Потоа не праќаат во школи. Ако сме немирни, велат – ќе ти викнам полиција! Ако сме послушни ќе добиеме награда. Не воспитуваат со шамар што ќе го добиеш пред да згрешиш. Добиваме титули – претседател на клас. Абе ајде! Авторитетите се наметнати уште пред да знеме што значат. Не замолкнуваат со трошки идеи, па не складираат во конзерви пред да ни светне дека знаеме да летаме.
Налутете се!
Налутете се на родителите, на професорите, на законите, на лидерите, налутете се на светот! Послушноста никогаш нема да донесе промени. Послушноста никогаш нема да даде нови одговори. Вистината е маслена топка во вода и ја менува формата како што ја тресете чашата. Не им верувајте кога ви раскажуваат за неа. Имате ваши очи, имате свој посебен поглед на светот. Не давајте да ви го одземат, да ви ги стуткаат идеалите и да ве заковаат како уште една шаховска фигура на црно-белото поле под вас. Откријте ги боите.
Ни отвораат само една врата – нозете на мајката. Потоа лажат дека се’ е пресметано и наше е да го обезбедиме клучот за единствената врата на нашите деца. Лажат. Лажат кога велат дека во ова време на прецизни пресметки кога се знае како се вика втората ѕвезда над нас од левата страна на месечината, не се знае што се крие во човековата душа. Лажат за да не си ги најдеме крилјата таму, да не им клизнеме низ раце, не им плеснеме в лице дека нивната сегашност е бајата риба на пазарот за преживување!
Не им ја давајте револуцијата. Револуцијата не е историски факт кој некогаш донел некакви си промени. Револуцијата е во нас, таа потреба од еволуција, потреба од креативност, уметност, слобода, среќа, љубов, живот.
И’ дадоа смешен призвук во 21 век, ко да сме деца во везени елеци и пушки на појасите. Одбивна за модерните уши врзани за слушалките на радијата кои ни пласираат стари вести, уши кои се плашат од нови мелодии.
За нив бесот е грев. Болката е патетична.
За нас, болката е шифра на новото време.
Ајде, да го разбудиме детето во нас. Нека се трча, нека се гребат коленици. Нека се лета, нека се рушат граници.
Еден свет – една борба!



(Rasta Punk)
Радикалниот активизам во Македонија
По смрта на Мартин Нешковски и масовните протести во Скопје работите навидум се смирија, но всушност единствената работа која што се смири е интензитетот на спектаклите. Радикални движења како и нивните подржувачи и понатаму продолжија да си делуваат како и пред немилиот настан. Како и сè во светот – настаните имаа падови и растежи и имаа моменти кога едни се поактивни од другите, и обратно.
Имено, во изминативе неколку месеци се одржаа голем број на проекции, се одржаа енормен број на интерни и неколку и н т е р н а ц и о н а л н и состаноци, културни манифестации како двете Урбани работни акции и Студентската пролет, се продолжи со преведувањето и пишувањето на дела и се организираа неколку протести.
Вакви настани ќе следат уште многу, но се разбира нивниот број секогаш ќе зависи од бројот на активни учесници, а тој па ќе зависи од нивото на апатија кај луѓето. Што значи, потребно е луѓето еднаш за секогаш да ја отфрлат апатијата и да почнат да делуваат во името на подобра иднина за себе и за своите поколенија.
Урбана работна акција
Во вториот број на Слобода веќе ги објаснивме основите на сквотирањето, што е сквотирање и во какви форми тоа се јавува.
Но интересното е тоа што и во Македонија веќе се јавуваат првите никулци, односно првите обиди да се сквотираат одредени простори. Конкретно во ситуацијава станува збор за движењето Урбана работна акција кое има за цел да сквотира напуштени простории кои никој не ги користи. Од веќе споменатите форми на сквотирање, она на Урбана работна акција спаѓа во сквотирање од убедување. Имено, УРА сака да ги претвори тие руинирани и напуштени простории во културни центри кои ќе се користат за развој на локалните иницијативи и пред се комуникација помеѓу граѓаните со цел развивање на свесност за значењето на заедничкото живеење, меѓусебна толеранција и разбирање. Освен тоа, ќе се користат за личен раст и развој и создавање на ликовна, театарска, филмска и музичка уметност, како и книжевност и литература, промовирање на здрава храна и животна средина, современи и традиционални дисциплини за одржување на ментално и физичко здравје, како и креативни работилници во сите горенаведени области.
До сега се одржани две културни манифестации во дворот на напуштената урбана месна заедница, која се наоѓа во Карпош позади основното училиште Коменски. На овие настани имаше најразни активности тргнувајќи од ликовна работилница за деца, па преку свирки, дискусии и собиранки, до танго работилница, презентација на разни боречки вештини, за кои исто имаше и мало предавање. Целта на овие настани е да се анимира што поголем број на активисти, да се зближат оние кои веќе се активни, како и да се приближи идејата до локалното население на кое ќе им се укаже дека ние не сме насилници и наркомани, туку сме обични луѓе како и сите други. Вакви настани се планираат уште многу, а наскоро најверојатно ќе се почне и со фактичко сквотирање.
Едукација
Со оглед на околностите, активизмот во Македонија е во голема мера сведен на едукација. Студентското движење, како и анархистичкото и движењето за социјална правда активно работат на тоа.
Еден од начините на ширење едукација всушност е преку проекција на филмови.
Кино Револуција е најактуелниот проект на движењето за социјална правда – Ленка. Всушност тоа е збир од проекции на повеќе филмови низ поголем период кои се од слична тематика – социјална, политичка, реалистичка и активистичка. Во последниов период беа проектирани филмовите „Manifactured Landscapes“, „The Yes Men“, „Capital­ism is the crisis“, „Tears of Gaza“, „RSAnimate – проекција на кратки анимирани филмови“, и слични. Можеби најбитниот сегмент од овие проекции се всушност дискусиите кои се водат после секој филм. Во тие дискусии се споделуваат мислења, се гради колективен заклучок, се дебатира за одредени филозофски гледишта во филмовите, за можности да се имплементираат позитивните, или спречат негативните работи од филмот во реалноста и слично. Всушност секое прогресивно активистичко движење зависи од вакви дискусии. Колку повеќе и почесто се прават – толку е тоа подобро за самото движење.
Понатаму, друг начин за ширење на едукација е преку текстови, есеи и книги и нивна промоција. Со вакви активности најмногу се занимава анархистичкото движење кое помалку или повеќе низ целиот период активно преведува и ги промовира преведените дела. Додека моментално не постои библиотека во која можат да се изнајмуваат книги (иако ќе се отвори истата во скоро време), сепак на крајот од весникот Слобода има контакти преку кои може да се дојде до Анархистички фронт од каде би можеле да се набави таа литература.
С т у д е н т с к а пролет
Додека светот го движат младите со сиот свој борбен и креативен капацитет (тука нема да зборуваме за протести и блокади, или какви било политички делувања, ами чисто за уметноста), Македонија, земја без студентски културен центар, ги чува младите во кафулиња, оттргнувајќи ги од самите себе, оттргнувајќи ги и од неа.
Оние кои создаваат и надвор од редовната програма на факултетите често се во неможност да ги покажат пред светот своите дела. Масовната приватизацијата на разни институции наменети за изложби, настапи и презентации, доведе до наплаќање доколку младите креативци се решат да ги реализираат своите настани. Самиот Универзитет како да ги маргинализира овие млади луѓе со тоа што не отстапува простор за културата и уметноста – независен, а во рамки на Универзитетот.
Плаќаме по 750 денари годишно за информатички, културни и спортски активности. На годишно ниво, тоа се над 40.000 евра од студентските џебови.
Универзитетот не вложува во никакви културни случувања.
И зошто сè уште немаме студентски културен центар и зошто е тешко да се добие дури и студентски културен простор?
Одговорот е многу краток и едноставен: културната револуција е дел од сите општествени движења. Сетете се колку книги и уметнички дела зборуваат за времето во кое биле создадени. Замислете ја таа енергија која ќе се создава и расте од умовите и рацете на една млада, но силна и критична студентска маса.
Поради овие причини, Слободен индекс се одлучи веќе по втор пат да го организира културниот настан наречен Студентска Пролет. Лани во парк, оваа година на платото на УКИМ. Беа испрезентирани најразлични ликовни творби, дела и креативни ракотворби. Се читаше поезија и се свиреше авторска и неавторска музика, а се изорганизираа и доста други активности како флешмоб, стрит перформанс, магионичарски трикови и слично.
Што значи, Студентска пролет е паралелно своевиден протест против дефицитот на независен културен центар, но и настан на кој сите креативни личности би можеле да се изразат.



Анархистите: најважните активисти на еврејската израелска левица
Многу бесмислени обвинувања беа насочени кон израелските анархистички активисти – мала група на граѓани вклучени во граѓанска непослушност и ненасилни протести против окупацијата. Повеќето од нив се лаги. Всушност, факт е дека анархистите се единствената група во Израел вклучени во сериозен анти-окупациски активизам.
Ова е превод од еврејски од мојата неделна колумна во Time Out Tel Aviv. Ја бев напишал како одговор на етикетирањето на J14 активистите како „анархисти“ од страна на израелските Кнесет членови и новинари. Можете да го прочитате оригиналот тука. Благодарам до Лиса Голдман за преводот.
Израелската десница научи новзбор: „Анархисти“. МК Мири Регев ги нарече лидерите на Ј14 протестите „анархисти кои активно ја поткопуваат државата“; Репортерот за економија на Канал 10, Шерон Гал, кажа дека протестите се „на некој начин анархистички“; на нет, на Фејсбук статуси и коментари на сајтови за вести пишуваа слични тврдења. Сето тоа се глупости, се разбира. Движењето за социјална правда е предводено од израелската средна класа; и секогаш имаше повеќе просечни Израелци отколку професионални револуционери на демонстрациите.
Но ајде да зборуваме за самите анархисти. Во последните две – три години јас патував со нив на повеќе демонстрации на Западниот брег и имав прилика да запознаам голем дел од нив – најмногу членови на „Анархисти против ѕидот“. Нема да биде претерано да се каже дека моето познавање со нив фундаментално ми ја измени политичката перцепција.
Прво бев вџашен од тоа што анархистите отфрлаа настани кои на мене ми делуваа многу важно – како на пример изборот на Кнесет, или демонстрациите на плоштадот Рабин. А сепак, по некое време почнав да ја разбирам моќта на нивниот почитички активизам. Еден аспект на тој активизам е да се размислува политички за нашите животни избори – што јадеме, кого експлоатираме преку нашата работа и како ги угнетуваме другите. Другата страна е да се навлезе во постојана, детерминирана политичка акција. Нивниот активизам не е само за демонстрации: Анархистите ги сменија имињата на улиците од Тел Авив во имињата на улиците во окупираниот Хеброн; тие лепеа стикери осудувајќи ги „price tag“ акциите организирани
од наслениците против Палестинците; и тие исто така „враќаа“ кутии на потрошени, во САД изработени канчиња од солзавец кои израелската армија ги користеше на Западниот брег за време на демонстрациите против америчкиот амбасадор.
Сите овие се во основа симболични акции, дизајнирани така да ја покачат глобалната свест за нештата кои се случуваат во името на луѓето на само 20 километри од Тел Авив. Факт е дека оваа мала група на луѓе се единствените евреи Израелци кои се трудат да ѝ се спротистават на окупацијата со сериозен активизам, а не само даогромно се жалат за тоа на кафе или на Хааретз страните – тоа е непријатен коментар за израелското општество. 
„Блокада на патот“ поставена од анархистите воцентарот на Тел Авив, протестирајќи против ограничувањата на палестинската слобода на движење на окупираните територии (фото: Орен Зив/Активестилс)
Анархистите на број се неколку десетици, но тие извршија огромно влијание. Илјадници Израелци го посетија Бил’ин и за прв пат ја видоа израелската војска од перспективата на Палестинците – соочувајќи се со цевката од пушта, наместо со неговото чкрапало (ова е искуство кое го менува умот). Армијата ја промени рутата на бариерата за поделба во Бил’ин како резултат на демонстрациите. Но многу поважно, демонстрациите помогнаа да се накачи свесноста за окупацијата на една цела генерација.
Борбата во Шеик Јара настана од анархистички активизам. Дури и демонстрантите за социјална правда научија нешто од нив – и не зборувам за кршење на стакла од прозорците на банките.
Најголем дел од обвинувањата насочени кон анархистите се лаги. Присуствував на доста демонстрации кои они ги организираат и ни еднаш не видов анархист да фрли камен, или да нападне војник, или полицаец. За разлика од глобалното анархистичко движење, израелските анархисти го ограничуваат својот активизам на граѓанска непослушност и ненасилство – одбивање да се служи во армијата, блокирање на патиштата, бојкот и доброволен притвор. За овие акции тие жртвуваат навистина многу работи.
Дури и кога не се согласувам со нив и имам голем проблем со нивниот догматизам, останувам сигурен дека анархистите се најважната група на левичарски активисти кои Израел ги имал со декади. За неколку години, голем дел од луѓето кои сега ги отфрлаат ќе тврдат дека од секогаш ги подржувале анархистите. Како што еден од активистите напиша оваа недела на Фејзбук: Ако има толку анархисти колку што идиотите од Кнесетот тврдат, тогаш ќе имаше навистина многу помалку идиоти во самиот Кнесет.


Babylearn - Conquering Lion
Babylon school dem school of fools
Dem deny ya to hide the truth
Dem reveal ya to create madness
And burn your thoughts of righteousness
Destroyed, mindless, fulfilled with fear
Believing all the lies that you hear
You can’t tell what’s illusion what’s real
Another victim of this madness they deal
with
So much time is spent, nothing is learned
Life is passing on, the wisdom is burned
Right now, we gonna burn Babylon down
Right now, we gonna burn dem
Right now, we gonna burn Babylon down
Burn Babylon down to enlight the world
So I’m sick of this world full of spirit killing
Greedy people, wars, human blood spilling
Uniformed minds learned to losing up their
feelings
Too much destruction, I offer dem a healing
So, open up your eyes, you are not blind
I’ll tell you the truth, there’s nothing to hide
Blast the good vibes on every side
And let the Jah light be on your guide
Dem make you mean to be money greed
Good-prepared food for the system feed
Fooling your mind with destructive seed
Would you let the system destroy your
breed?!
Babylon control this ya money increase
Stealing the dream of justice and peace
Working up someone to reach wealth
You are a slave from birth to death


Анархистички фронт 
е организација која се залага за
создавање на
бескласно и бездржавно
општество, засновано на
еднаквост,
солидарност, слобода, соработка,
екологија, мир, без општествени,
економски и политички
хиерархии. Ние сметаме
дека за постигнувањето на
такво општество потребна е
револуција.
За да има револуција потребно
е да се создадат материјалните
услови за истата.
Тоа може да се случи преку
доброволно, хоризонтално
организирање и
директна акција на луѓето за
конечно отфрлање и уништување
на капитализмот и државите.
Доколку си заинтересиран/а за
приклучување,
информирање и сл. за
активностите на
Анархистичкиот фронт посетете
ја веб страната:
http://anarhija.tk
Или пишете на:
anarhisticki.front@gmail.com
Текстовите се лични мислења
и ставови на авторите и немаат
авторски права.
А.Ф. може, но и немора да се
согласува со истите.
© Copyleft. Весникот може
слободно да се препечатува,
копира и споделува.

2 comments:

  1. Све захваљујући овом великом човеку званом Др Агбазара, велики чаролија која враћа радост у мене помажући ми да вратим свог љубавника који раскине са мном Пре четири месеца, али сада са мном уз помоћ др Агбазаре, велика љубавна чаролија цастер. Захваљујемо му се и ви можете да му се обратите за помоћ ако вам је потребан за време невоља преко: ( agbazara@gmail.com ) ИЛИ Вхатсапп га на: ( +2348104102662 )

    ReplyDelete
  2. Обећавам да ћу ово сведочење поделити по целом свету када ми се дечко врати, а данас се искрено захваљујем ДР ВХИТЕ -у, што је донео радост и срећу мојој вези и мојој породици. Желим да вас обавестим да постоји прави и прави чаробњак. Никада нисам веровала у било шта од овога док нисам изгубила дечка, била ми је потребна помоћ док нисам нашла доктора ВХИТЕ -а, сјајног чаробњака, који ме је бацио љубавном чаролијом и уверио ме да ћу вратити свог дечка за 2 дана након бацајући чаролију, 2 дана касније зазвонио ми је телефон и тако шокантно мој дечко ме није звао последња 3 месеца. Извинио се због сломљеног срца и рекао да је спреман да буде моја кичма до краја живота са мном. Др ВХИТЕ, пустио га је да зна колико га волим и колико га желим. И отворио је очи да замисли колико заједно делимо. Док пишем ово сведочанство, ја сам најсрећнија девојка на свету. Др ВХИТЕ вам такође може помоћи. Пошаљите му е -поруку на: (вигхтмагицмастер@гмаил.цом) или његов ВхатсАпп на +17168691327

    ReplyDelete