Слобода 9

Вести oд грчките улици
        Поздрав пријатели!
     
         Ви пишувам за демонстрациите, кои во изминатава недела се случуваат секојдневно низ цела Грција. Околу една година, после нашиот влез во меѓународниот монетарен фонд, на луѓето им е доста од сè.

     Секој ден се оддржуваат демонстрации во 60 градови низ Грција. Насекаде! Во Атина, вчера (10ти јуни), околу 200 000 луѓе го опкружија парламентот викајќи: „Крадци“ и ги именуваа политичарите. Донеле јаже, на кое обесиле кукла која ги претставува политичарите. Жени, деца, млади, стари, луѓе од сите општествени слоеви, дојдоа со метални плехови.

      Движењето се вика „Огорчени“, а исто така, постои и веб страна за ова движење, како и фејсбук страна, каде луѓето се приклучуваат, разменуваат идеји и се организираат.

    Ова движење повикува на директна демократија, на неотплаќање на долгот на ММФ, бара корумпираните политичари да одат во затвор, се залага за промена на Уставот, како и владата да поднесе оставка.

      Тие исто така кажуваат дека сакаат повлекување на еврата и повторно воведување на старите валути, драхмите. Почнале да ги повлекуваат своите пари од банките, што довело до концентрирано настојување за депонентите да ги повлечат своите пари од банките и кажуваат дека доколку владата не одбие да ги изврши обврските кон ММФ, тие ќе го срушат банкарскиот сис- тем. Се повикуваат луѓето, кои имаат сметки во банка, да повлекуваат секој ден по 100-200 евра, се додека владата не одлучи да ги одбие обврските од долгот на ММФ, или не банкротира, што и да е.

      Секоја ноќ, на градските плоштади се организираат собири на кои луѓето се собираат и на директен демократски начин дискутираат за новиот систем. Тие не сакаат присуство на никакви политички партии и кога ќе воочат некој кој сака да пријде со знаме или ознака на политичка партија, ги враќаат назад, барајќи од нив да се вратат без никаков партиски или било каков друг симбол на прпадност.

      До сега демонстрациите биле многу мирни. Движењето го основаше групата за обезбедување, која оддржува ред на демонстрациите, така да никакви провокатори не можат да се вовлечат и да створат проблеми. Пред парламентот отседнаа луѓе и тука се по цели денови и ноќи, исто така, основани се тимови кои се грижат за храната, како и тимови за пружење правна и медицин-ска поддршка итн.

      Луѓето се учат како сами да се организираат, а движењето се шири со брзина на светлината. Само вчера на Атинската фејсбук страница беа околу 90 000 луѓе, а денес ги има повеќе од 110 000.

      Граѓаните масовно ги повикуваат телевизиските стани-ци, прават сопствени веб страници, затоа што медиу-мите не ја пренесуваат вистинската слика, не известуваат за протестите и ги дезинформираат луѓето.

      Минатата ноќ, политичарите мораа да побегнат низ споредниот влез од марламентот, во мракот, низ паркот, каде ги пратеше обезбедувањето со ламби, затоа што луѓето го блокираа главниот влез. Подемот на луѓе беше толку голем, се проценува дека биле околу 200 000,така да ни полицијата не можела да ги запре.


      Нас веќе не можат да не запрат. Сите зборуваат за промените. Луѓе кои никогаш не зборувале за политика, сега отворено излегуваат и бараат директна демократија. Луѓето од владата се исплашени и не знаат што да прават. Премиерот со денови не се појавува и не дава никакви коментари. Сега станува општо познато дека работата со ММФ е голем скандал. Многу адвокати излегуваат на улица и им кажуваат на луѓето што навистина се случило.
      Тие нè принудија на условите кои се нелегални според меѓународните и Европските закони. Не ни дозволуваат да излеземе на избори. Во договорот со ММФ пишува дека Грчката држава не може да оди на грчкиот суд за да го поништи договорот или да го продаде својот долг за негова исплата. Ние моравме да одиме на Европскиот суд (кој е составен од 10-15 различни Европски нации, кои се доверители на кредитобарателот), каде законитоста за кредитирање ќе се преиспита на секој суд поединечно. Од друга страна, тие можат да го продадат долгот на некоја друга земја.


      Тие бараа сите политички партии во Грција да ги прифатат ММФ и Европскиот долг како ефективни и тоа да го потпишат сите политички партии, или во спротивно нема да ја добиеме следната исплата. Од таа причина ни ги одбиваат дозволите да излегуваме на избори. Како можат тие да ни забранат избори во нашата земја? Па тој услов не постои во договорот за кредит. Да, тоа е незаконски и не постои ни еден меѓународен или европски суд кој го поддржува оваквиот услов. Но нашата глупа и корумпирана влада нема храброст.
      Ние имаме парламентарен систем, имаме претседател кој го избрале сите парламентарни политички партии и тој треба да служи како некој кој го контролира и урамнотежува нашиот политички систем. Доколку тој поднесе оставка владата се распушта, според нашиот Устав. Минатата недела, тој одбил да потпише било што, кое го изгласале парламентот или владата. Се надеваме дека ќе се направи она што е исправно и дека ќе поднесе оставка. Доколку тој не потпише договор или закон кој го изгласале уставните адвокати, тој не стапува во сила.

      Многу од тоа се случува. Лудо е тоа како луѓето, посебно младите, се организираат. Дури и црквата ги поддржува оние кои протестираат, иако тоа веројатно е политички потег за да ги освојат симпатиите од луѓето. Ќе пишувам наскоро повторно за новите настани, многу новости се случуваат, па не можам ни да почнам да ги прегледувам.
Истото ова движење, во текот на изминатите три недели, беше активно во Португалија, во текот на последните две недели, во Шпанија и сега во текот на тековната недела во Грција. Исто така се шири во Франција, Италија, Англија и други земји. Милиони луѓе излегуваат на улиците и во моментов се организираат ширум цела Европа.
      Оваа недела ќе биде оддржан голем протест пред Грчкиот парламент, каде ќе протестираат луѓе кои ќе дојдат од цела Грција. Ќе се бара од владата да поднесе оставка или ќе мораат да бегаат со хеликоптери, како во Аргентина.
Надвор со ММФ, еврото и Европската унија!
Директна демократија!
Многу љубов и мир
Преведено од страната www.kontra-punkt.info




Сведоци на бруталната пресметка,
Атина 29.06.2011

      Неколку стотици луѓе се собрале пред Парламентот рано наутро, тој ден, протестирајќи против програмата на ММФ. Ова беше вториот ден од 48 часовниот Генерален штрајк. Како и порано, повеќето од западните медиуми во вестите зборуваа за насилните демонстранти. Немаше извештаи за Грчката полиција која го започна насилството и чија тактика е слична на диктаторскиот режим.

      Исто така имаше очевидци кои тврдат дека имало маскирани полицајци кои се измешале со демонстран-тите, марширале заедно со нив и предизвикувале непотребни неволји за да се оправда пресметката против мирните демонстранти. Многу западни медиу-ми го инорираа фактот дека Грчката полициска сила користела застарен и недозволен солзавец кој е користен во окупаторските тери-тории и толку е јак што е забранет во Женевската Конвенција за употреба во невоени цели. Офици-јалните Метроа потврдиле дека полицијата употребувала солзавец дури и на вле-зот на Метрото на Синтагма, каде што доктори давале прва помош на жртвите на полициската бруталност.

      Вака напиша еден демонстрант, очевидец на многу брутални напади од страна на полицијата, за време на траењето на полициското насилство:


      „По првиот напад на солзавец, многу луѓе побегнаа од околната улица. Јас тргнав кон улиците Митрополеос и Никис. Гужвата беше толку голема, што веројатно бевме припиени едни до други. Луѓето ги преплавија улиците. Фрлаа солзавец на масата.             Неверојатна паника... Истото се случило и на улиците Ерму, Кар, Сервиас и Филели-нон, како што другарите ме известија по телефон.

      Потоа, нè нападнаа со палки. Две полициски единици, кои биле на улицата Никис, како и помеѓу улиците Ерму и Митрополеос, преплавија по улиците и почнаа безми-лосно да нè тепаат. Нè бркаа од улицата Никис до Ксенофонтова. Нè имаше многу и немаше места за сите. Некои не можеа да поверуваат што се случува. Отидоа до полицајците да разговараат со нив и беа претепани. Бевме принудени да ги вадиме камењата од улиците и масовно да ја напаѓаме полицијата. Сите фрлаа камења, не само другарите... сите! Но тие нè нападнаа повторно.


      Вртејќи се во круг, повторно стигнавме до улиците Никис и Митрополеос, каде започна безмилосното каменување. Некои другари ги палеа кантите за ѓубре за да го растераат солзавецот. Некои повраќаа, стари луѓе паѓаа во несвест... Стотина од нас се собраа на неколку метра на плоштадот, многу луѓе паднаа...

      Полицијата за разбивање на демонстрации употреби солзавец и не тепаше сите се додека не паднавме. Фрлаа шок бомби во контејнерите, кои би експлодирале со огромен прашок и потоа би се запалиле. Дожд од камења и два молотови коктела ги задржаа на дистанца некое време и така успеавме да побегнеме.

      По некое време, стигнавме до плоштадот, низ улицата Ерму, која по целата своја должина беше исполнета со многу луѓе. Кога се чинеше дека ситуацијата е смирена, почна главниот напад од плоштадот Синтагма. Половина од нас најдоа засолниште во метрото, додека останатите се разотидоа во разни правци.“

      Откако поразговара со своите другари, продолжува:

      „Една другарка беше со друштво во кафич на плоштадот Св. Теодори. Ми се јави додека гушевме внатре во метрото. Триесет или повеќе полицајци од одредот „Делта“, биле на мотори, зуеле по плоштадот, превртувале маси и мотори. Пендраците ги отерале луѓето во аголот на кафичот. Жените плачеле додека полицајците извикувале смртни закани. Носеле солза-вец во конзерви, заканувајќи се дека ќе го фрлат во кафичот и ќе ги испотепаат како во Дахау. По 20 минути добив повик од другарката. Ми рече дека им ветиле дека ќе ги ослободат... само ако се согласат да бидат претепани. Во кафичот влегле толку луѓе колку што било возможно. Оние кои останале надвор биле сурово нападнати од специјалци.

      Луѓето беа похрабри одколку што очекував, но беа помалку отколку што се надевав.“

Преведено од страната
www.kontra-punkt.info


Грција: Атина повикува
Новости од Мениди и Кератеа

Мениди, 5/1/2011:

      Еден полицаец од „DI.A.S.“ мотоциклистичката сила прегази 6 – годишно девојче во областа Мениди во северо-западна Грција. Шест годишното девојче си пеело песнички со друго дете, бидејќи 6ти јануари во Грција е Водици и многу деца пејат песни. Според очевидци, тој го одвлечкал детето околу 150 метри и не ни запрел да ѝ помогне.

      Полицаецот бил заддржан во полициската станица во „Nea Ionia“. Областа експлодира! Околу 100 души се собраа на местото на ударот и ја нападнаа полицијата за немири.

      20:42 - Полицаецот е пуштен на слобода. Јавното обвинителство ќе спроведе прелиминарна анализа за да се утврди дали полицаецот ќе се соочи со кривична одговорност убиство без умисла и нанесување на телесни повреди, преку небрежност. Правното досие кое е отворено против полицаецот не ги вклучува извештаите на сведоците кои виделе како полицаецот го напушта девојчето.

      На Синтагма, на неколку пати влегувавме и излегу-вавме од метрото. Тоа беше полно со чад од солзавецот кој го фрлаше полицијата. Луѓето повраќаа на сите страни, едни на други. Просторот беше премал. Имавме чувство дека ќе има мртви.

      Отидов со воз во потрага за место каде што ќе се одморам. Каде и да го упатев погледот, имаше прете-пани луѓе. На Монастираки, Омоноиа, на плоштадот

      Ватхис... Морав да одам многу далеку за да најдам безбедно место.

      Кажано ми е преку телефон дека улиците 3ти септем-ври и Патисион се блокирани од страна на полицијата, со намера да го спречат доаѓањето на луѓето.

21:00 - Мал протест од околу 250 души се одржа во во вториот град по големина во Грција, Солун (Тесалоники), како реакција на убиството и имунитетот кој му е даден на полицаецот. Литијата започна од плоштадот Наварино, премина преку улицата Александроу Сволоу, плоштадот Аристотел, Метрополис, Аја Софија, авенијата Победа за да заврши назад на Наварино плоштадот. Протестантите извикуваа слогани против полициската бруталност. Минувачите не знаеја ништо за овој инцидент кој беше целосно замрачен од страна на најголемите медиуми.

Во меѓу време во Каратеа:

      Набрзо по 23:00 часот нови епизоди започнаа во селото Каратеа. Полицијата за нереди користеше разни хемикалии и солзавци за да ја растурат групата која се собра за да протестира против присуството на полицијата во нивната област. Треба да се напомене дека иако изградбата на гробницата во селото конечно се откажа по серија на протести од минатиот месец, полицијата за нереди сè уште остана во Кератеа. Локалните жители напаѓаа со камења и запаливи бомби, но полицијата одговори со водени топови.

      Според телефонски разговор со некои од локалните жители, припадници на специјалната полиција уништиле неколку паркирани автомобили, а жителите на тоа одговориле со напад врз локалната полициска станица, кршење на неколку прозорци и палење на неколку полициски комбиња. Во исто време, настанала чиста провокација: локалното школо било запалено веројатно од страна на членови на тимот на специјалната полиција, или полиција во цивилка.

Преведено од:
http://eagainst.com/articles/greece-policeman-of-the-dias
-motorcycle-force-runs-over-and-kills-6-year- old-girl/


V for Vendetta
Сцени кои ги немаше во филмот





По повод протестите против полициската бруталност:
МИГ СЛОБОДА, ПА НАЗАД ВО ПРАНГИ


      Историјата на независна Македонија немаше видено ваков граѓански револт се додека убиството на Мартин Нешковски не го прејде прагот на граѓанска толеран-ција и не изведе илјадници луѓе на улиците. Властите на оваа држава, независно чии газови седат на фотелјите, долги години ја имаа таа среќа да раководат со мирен, летаргичен и послушен народ.

      Протестите против полициската бруталност претставу-ваат преседан по многу основи; по масовноста, по спон-таната организација, по независноста од партис-ките канџи, по финансиската независност, но и по својата хоризонтална структура.

      Послушните робови решија да му плукнат во лицето на системот и тоа го направија оддолу, самоиницијативно и без ничија директива. Цели две недели, секој ден во 6, река луѓе, стари и млади, маршираа по скопските улици, храбри и неуморни. Баравме правда, плукавме по инсти-туциите, на сет глас извикувавме: „Во собрание сите сте исти!“ и „Алфашизам“. Гордо ги носевме транспаренти-те на кои пишуваше: „Партиски полтрони, одете си дома!“, а на трибините ги земавме мегафоните за да им порачаме на сите валкани јавни ликови кои излегоа со нас на улиците, да не ни го узурпираат јавниот простор и да се гонат во мајчината.

      Срочивме барања и сите се однесуваа на намалување на моќта на полицијата, која е основна државна алатка за контрола врз народот. Бевме бестрашни, обединети и независни. Немавме лидери, не сакавме лидери, оти македонскиот народ се умори од тоа некои да се поед-накви од другите.

      И тогаш опортунистите почнаа да ја преземаат палката. Тие беа тука од самиот почеток, но сеуште не претставуваа опасност. Револтот кај искрените луѓе беше пресилен, масовноста беше преголема на настаните. Па сепак беа овде меѓу обичните луѓе и чекаа прилика. Лесно беше да се препознаат: тоа се млади и амбициозни луѓе, соросоиди или членови на некој друг крај на НВО секторот, некои од нив афирмирани активисти, но повеќето свежи лица. Тоа се тие луѓе кои ги имаат контактите од сите медиуми, кои концентрираат на бркање поддршка од амбасади и од меѓународната јавност, кои трчаат први да дадат изјава на телевизија – тој благороден медиум кој ќе им овозможи да бидат забележани и да си го трасираат патот до успехот.

      Први меѓу сите, се обидуваа да задушат секаква поинтензивна дебата, обесхрабрувајќи дека го губиме времето на „неважни“ нешта – ајде да преминеме на практичното. Како контрол-фрикови не го испуштаа мегафонот и секојдневно го пасивизираа револтот на масата, трубејќи: „Не ги пцујте полицајците! Не поминувајте преку кордонот! Ние не сме насилни!“ Тие се расфрлаат со капиталистички термини, се изразуваат западњачки, тие се интелектуалци и ситни кариеристи со лична агенда.

      Ги нарекувам ЛИБЕРАЛИ, а во мојот речник тоа не значи ништо добро. Либерали – малодушни опортуни-сти, луѓе од кариера, поданици на системот што јавно (но одмерено) го критикуваат, творци не – ами негува-чи на репресивниот капитализам, деца на неолибера-лизмот. Тие отсекогаш биле во братски односи со Државата и нејзините институции, зошто се угнетувачи на секоја идеолошка мисла, прагматичари, војници на модерното време. Попрво тие, отколку партиските полтрони, ќе задушат секаков бран на незадоволство, сведувајќи го секое граѓанско движење на уредно, исправно, легално-правно (и сосем безопасно!) НВО. Тие ќе држат се под контрола, правејќи и огромна услуга на Државата која ги создала, маскирани како авангардни критизери.Ме боли што ќе кажам дека сево ова и се случи.
      Масовноста на протестите почна да опаѓа, волјата почна да слабее, оти луѓето беа уморни и затрупани во сопствените егзистенцијални проблеми. Либералите успеаа да ги пасивизираат масите и да го задушат револтот, па мотивот почна да слабее. Луѓето уморни, зафатени, изгубени во тампон зоната на сопствената (потиснувана) класна свест, сè помалку наоѓаа причини да излезат на улица. Па сега кога веќе немаше опасност да бидат распарчени од толпата луѓе уморни од индоктринации, либералите најпосле начекаа шанса да ја преземат контролата врз протестот. Тоа не беше нагла промена зошто тие ја наметнуваа својата агенда постепено, чекајќи, со трпение кое другите луѓе го немаат, зошто за разлика од другите, либералите имаат личен мотив и лична добивка. Тие се посветија на протестите со војничка дисциплина и невидена посветеност, вложија натчовечки напори да остварат контакти со сите виши инстанци на кои претходно им се умилкувале. Па веројатно и поради таа посветеност и активност, успејаа да ги освојат симпатиите на оние малкумина кои не се повлекоа, но токму поради таа доверба, сега е веќе лесно за либералите да дејствуваат без да бидат подложени на суд од страна на останатите, несвесни или премногу оптимистични протестанти.

      Оние пак доблесните, кои успејаа да увидат уште на самиот почеток каков ќе биде текот на настаните, одамна се повлекоа пред Сизифовата упорност на опортунистите.

      И ете како по илјадити пат беше задушен и исконтроли-ран еден искрен оддек на граѓанска непослушност, и тоа одвнатре. А кутрата влада, трошеше напори, спину-вајќи со контра протести, ризикувајќи да бидат исме-ани од цела јавност, кога задушувачите на протестот беа во неговите сопствени редови.

      Зборувам за протестот во минато време, зошто тоа што се случува сега не е граѓански бунт против полициска бруталност, туку искомпромитирана и пасивизирана мала група ентузијасти, предводени од либералите, и сосем безопасни за општествената структура. Само до пред неколку недели бевме моќен фактор за промени, опасност за политичките структури во земјата, страв за анти-демократските политики. Разбременети одсекакви етикети, бевме обединети како луѓе, зборувавме за слобода, за правда, за мир, за еднаквост, за промени.

      Сега се зборува за тоа кој е најдобар PR за на ТВ, чија партиска поддршка треба да се бара, во која амбасада да се оди, да се основа координативно тело за избраници „од доверба“, па дури и да се основа НВО за да може да се земаат донации од странство.

      Сега се зборува за тоа каков бренд треба да изградиме за подобро да и го пласираме на јавноста по пат на герила маркетинг !

      Она што беше отпор кој создава, се претвори во „отпор“ кој продава. А што и продадоа либералите на јавноста?

      Баво спакувана граѓанска послушност, испорачана според сите правила на консумеризмот.

      „Драги граѓани на Македонија, ве охрабруваме да не молчите пред полициската бруталност и да ни се придружите во бескомпромисната борба! Ќе ги употребиме сите оружја! Ако треба ќе и се јавиме на холандската амбасадорка или храбро и без страв ќе организираме свирка пред Мајка Тереза.

      Ако продолжат да нè игнорираат ќе пратиме едно дрско писмо до МВР, во кое, драги граѓани, запомнете: ќе мора да бидеме политички коректни и да се воздржуваме од жешки дебати. Ќе го искористиме секое расположиво средство, па ако треба и ќе си го шитнеме газот на опозицијата, само ако ветат дека ќе ни испечатат маички и беџови со логото. И најважно од сè, воздржете се од секакви напливи на бес, за време на протестот уредно марширајте двајца по двајца за раче и одржете го протестот во рамки на законските норми, зошто инаку на вести ќе нè викаат анархисти и вандали! Ууууу!“

      Проклети либерали, гнасни поданици на системот, превртливи нео-либералски копилиња, плукам на вас! Честитам на успешната мисија: успеавте да припитомите уште еден разјарен тигар и да го престорите во мирно, умилкувачко маченце. Само една мисла ме теши: и вие, откако ќе си го проживеете удобниот платенички живот, на крај ќе умрете згазени од чизмата на вашиот сопствен господар.

Ива и Еци


Протест

      Поминаа денови. Недели. Месеци.
Свесноста на граѓаните во државава во врска со свирепото убиство кое полицијата го изврши врз младото момче среде плоштадот го достигна својот максимум.

      Демонстрации имаше насекаде и од секаков вид, во училиштата учениците одбиваа да им бидат исперени мозоците и ја бојкотираа наставата, се организираа петиции за собирање на потписи кои побаруваа оставка на власта, имаше зачестени поетски читања од антивладин контекст низ разноразните книжари и кафулиња, по улиците бројните млади луѓе, претежно студенти, го блокираа сообраќајот на најкруцијалните точки од главниот град оневозможувајќи им на несвесните и игнорантните кон проблематиката да стигнат навреме каде и да се тргнати, каде и да одат бесцелно да умираат бавно и полека слугувајќи, проблематика која требаше да ги засегне сите заедно за да како колективна групација го симне од тронотробовладетелот и да воспостави хаос и мир. Мир и тотална анархија. Власта својата валкана глувчешка опашка вешто ја криеше и прикриваше употребувајќи ги сите можни средства кои ги имаше на располагање.

      Полициски час во 11 пред полноќ и инстантно апсење, притвор и кривична пријава под обвинение за екстремизам, нарушување на јавниот ред и мир и непочитување на владините мерки за сигурност кон сите демонстранти кои ќе бидат затечени со пароли или слично по стапувањето на сила на полицискиот час, претплатени колумни и разноразни празно испишани страници низ скоро сиот дневен печат со цел на обичниот несвесен граѓанин да му пружат излишна пропаганда и еден куп изговори кои ќе го натераат без да размисли своеглаво да створи одбивност во себе кон дадената кауза, а таа кауза е слободата на правдата, корумпираните телевизиски медиуми влегоа во радиодифузна војна помеѓу себе околу прашањето на која партија или движење да ја префрлат вината за нивната некомпетентна надвласт и да се обидат да ја исполитизираат целата оваа хаварија за да можат без да изгубат жива глава да го спасат скапоценото столче на нивниот работодавач и угнетувач и да ја одржат, едвај некако, сегашната власт таму каде што е. Каде што е неправдата, таму се и немирите. Така барем мене ме научиле постарите.

      Денот вриеше во својата жештина исто како што превриваше котелот во кој се вареа сите подлости и лаги кое ги голтавме веќе со години. Убиството беше само изговор луѓето да го отворат својот видик кон коридорот и да ја видат вистинската слика, да ја слушнат вистинската песна, песната која се пееше едногласно, песната на слободата. Заедно со Ирфан го заземавме своето место во првите борбени редови на протестот наоружани до заби со гнев и револт и решени цврсто да го доведеме до крај теророт под кој секојдневиетого живеевме во страв и трепет, загрижени за својата иднина, засегнати за својата слобода. Се знаевме одамна, уште бевме разиграни деца на кои умот им леташе со гавраните и слично обоените.

      Слободата на изразување беше ускратена до крајност и јавно, надвор од протестите, несмееше да се зборува за даденото прашање за безбедноста на слободниот човек. Телефоните се прислушкуваа, интернет мрежите се набљудуваа, кодоши имаше во секој влез, секоја трафика, на сите тераси имаа поседнато исплашени пиони истрауматизирани од помислата за тоа што ќе се случи доколку хаос завладее со нивниот свет и го претвори во нешто непознато. Непознат беше исходот на активистичката делотворност, непознат беше крајот на сценариото чии реплики ги испишувавме ние самите, но непознатото влеваше надеж и борбена сила во искрените срца на слободоумната младина. Надеж дека можеме тиранинот да го натераме на колена да моли за милост, надеж дека тоталитарниот режим ќе биде урнат и здробен на парчиња, надеж за подобар сон и посветло утре.

      Десетици илјади гордо маршираа в рз врелиот асфалт скандирајќи, решителни во својот поход кон слободата која е на дофат, слободата за која треба с амо да ја испружим е раката високо рамни на и со цв рсто стегнати тупаници и крцкава вилица да извикаме “ СТОП” и да и кажеме “HE!!!” на лагата.
      Се прибли жувавм е полека, но сигурно, кон забарикадираната тврдина каде стаорците од власта се криеја позади своите скапи бироа од јас еново дрво, зад лакираните канцелариски врати со позлатени плочки со нивните имиња изграви рани на нив, зад своите функции на лицемери и крадци, зад стаклен ата врата н а влезот над која пишув аше “Влада на Република Македони ја”, зад кордонот наоружани во полн а воен а опрем а и спремни на наредба да уби јат специ јални едини ци, се кри еја дури и зад неколкуте облаци кои како вешти сеирџии го прекрија сонцето и не му дозволуваа да ги поздрави и пропрати во својата намера насобраните енергии ослободени од синџирите на системот.

      Сите што неког аш сум ги почитувал како рамни на себе, сите што сум ги сакал повеќе од с ебе, а себе се м разам, сите со кои некогаш сум го делел ши шето и блудничел во бескрајни искрени разговори доцна во ноќта, сите кои ме примиле во својот дом како свој и го с поделиле и он а малку што го имаат со мен е беа тука. Сите беа дојдени по истото парче од колачот, сите сакаа слобода. Го забележав Ушкото на неколку метри налево од м ене и се издрав на цел г лас кон него за да м е чуе и да погледне н авака.
      Со луѓето кои ги познав аш скоро како што се знаеш и себе е доволен само судир на погледи.
      Ми намигна и се насмевна благон аклон ето. Знаевме точно што сакаме. Знаевме зошто см е дојдени тука. Тука бевме да ги стопиме и запалим е синџирите кои не угнетуваа, тука бевм е да го ос лободим е нашиот артистички дух од загушливиот чад кој го ди шевм е секој ден, секој час, секоја с екунда под в ладеењето на виновниците за смртта н а еден невин м лад човек кој, исто како и нас тука насобраните, сакал да биде слободен. Развртувајќи се наназад ги забележав Мевот, Берберот и екипата од југозападниот дел од земјата.

      Меѓу своите сум, помислив. Низ устата ми излета едно гласно и разв лечено “СЛОБОДА!!!” на кое ост анатите се сложија во целост. Тој збор, тоа значење, таа целина, тоа чувство. Да можам вечно би останал тука, вака. Како армија Викинзи бевме тргнати да освојуваме, бевме тргнати да покоруваме, бевме тргнати да ослободуваме.
      Само н еколку метри не делеа од конфликтен допир помеѓу вистината и лагата, помеѓу љубовта и омразата, помеѓу црвено-црното и валканото бело. Морам да признаам дека стравот преовладуваше, се чувствуваше во мирисот на воздухот тоа.
      Сите беа загрижени околу тоа да не го загубат својот живот залудно и непотребно без да успеат во нивната намера да ја почувствуваат раката на слободата како ги тапка по рамењата во знак на сочувство за исходот, каков и да биде. Одпозади се слушна традиционален тапан кој тактираше како клип на штотуку загреана машина за уништување.

      Девет осмински ритам, рече Ирфан, панк е ова! Се насмевнав и ги погледнав редиците свињи пред себе. Од униформираниот простотилук што го гледав ми се згади толку многу што морав од себе со сета сила во грлото и јазикот да го исплукам најгнасниот темнозеленикав шлајм што некогаш сте го виделе во животот и тоа точно помеѓу војничките чизми на еден од специјалците.
      Ги изостри очите во негодување позади шлемот и го впери погледот без трепкање право во мене. Се фокусираше на мене, ме сакаше мене. Мртов секако. Доколку има срања типов тебе ќе те гони, рече Ирфан гледајќи го копилето право во очи. Знам, реков. Го сетив неговиот убиствен нагон кој како смрдеа од свинска кочина се ширеше насекаде околу мене.
      На себе имаше само пендрек за наоружување и штит, панцир и кацига за заштита. Беше крупен и цврст, но јас бев упорен во својата потрага по смртта и ја посакував повеќе од се. Слобода или смрт. Друго ништо не беше важно. Ништо не беше значајно, освен сега, тука.

      Скан дирањат а продолжуваа во н едог лед и с е чинеше дека вечно ѕидот од страв ќе стои помеѓу нас и слободата, како непремостлива пречка која неможем е да ја пребродиме и прескокнеме и ќе м орам е полубудно да го следим е серви раното на екранот и зад затворени
врат и ќе с и го креваме егото удирајќи се во гради и с илејќи с е на воздухот за кој пл аќаме данок.
      Данок со крв. Крв и солзи. Солзи ми навираа во очите дури урлав разгнев ен и раст роен. Само што помислив дека залу дно ќе помин е уште еден протест се случи нешто.
Сон цето како со еден зам ав со својот зрак да ги разбрка облаците настрана и ја осветли толпат а која ја сочинувавм е ни е остав ајќи го в ладиниот штит од неколку стотици пластифицирани касички кои личеа на розеви прасиња во сенката н а облаците, и ако беа на само неколку м етри од нас.

      И сонцето беше на наша ст рана, бев уверен во тоа. Сит е го почувствуваа тоа, сите посведочија на даденат а енергија од горе. Бевм е спремни, бевме сигурни во нашата нам ера да доби еме слобода по с екоја цена, без изговори и повлекув ања.
Незнам зошто и од која причина пог леднав нагоре кон калето, но почувствував дека нешто ме привлекува одтаму, нешто ме довикуваше. Неможев да им поверувам на сопствените очи. Зарем е вистина ова или само копнежлив сон?! Па тоа е тоа. Мојата св етлосина пеперутка.
      Со недели ја н емав видено, дури и помислив дека ја има зграбено н екое несмасно детишт е и ја имаше претворено во ништо, ја има убиено во неизмерн а болка и ст радање. Л еташе насм еан а и раскошн а во својот смарагден сјај кој блескаше под зрацит е на сон цето кое грееше сам о за н ас.

      Надлетуваше н ад мен е и како да с акаше да ми каже нешто, да ми шепне. Само што ја пружив раката да ја земам во дланките почувствував некакво буткање зад себе. Крај мене се пикн а ситно брадесто човече со очила и суканици на глават а и молотов во рацете кој г о означи почетокот н а сето она што беше неизбежно за да дојдеме до толку посакуван ата слобода.
      Како што тој зам авнуваше да го фрли кокт елот за да им гори под нозете на полтроните н а власт а така од никаде изникнаа уште дес етици решителни луѓе со истиот специ јален третман за законот во рацете. Рацет е одмерено и прецизно стрелаа како да имаа вежбано претходно на мети од стиропор. Огин. Почна. Сега. Тука. Веднаш.
      Масата с е втурна право во оганот на штитовите во обид да ги разоружа и поб еди заштитниците на неправдата и да го сружи режимот кој го убиваше чов ечкиот позитивен ду х во суштина.

      Неопишлив хаос завладеа пред вратите на владат а. Борба на живот и смрт. Копи лето кое г о маркирав со својот ркул очајно се бореше да го изг аси залепениот сапун од молотов н а својата униформа. Цврсто држејки се со Ирфан еден за друг, еден зад друг, со полна пареа залетани го оборивме н аземи за с екунда, обајцат а фрлајќи му фронтални удари со ѓонот од нозете во пределот на абдоменот кои неговата физичка неспремност и неспретност неможеа да ја издржат.
      Беше наземи и беспомошен како мало ци цалче. Изживувањето врз неговото торзо траеше десетина с екунди, дес етина удари од обете страни на грбот, градит е и главата. Пос ледниот удар кој Ирфан му го зададе му го исфрли шлемот од глав ата како тапа од ладно стаклено пивско шише. Се пог леднавм е еден со друг и се н асмеавме. Тука почнува слободата, а слободата почнува онаму каде што власта умира.

      Безбројнат а маса луѓе решителни во својата намера да дојдат до слободата т рчаше нас екаде наоколу и го ван дализираше се она што претставуваше дел од системот. Ја здогледав М ама како го симнува националното зн аме од јарболот и го зам енува со црв ено-црно. Високо се в ееше зн амето на победата, високо се гледаше знакот на триумф над тиранинот.
      Ушкото кој пред само неколку минути смирено стоеше од мојата лева страна с ега трчаше надесно и со пендрек позајмен од некој од кутрите имбецилни жртвени шаховски фигури го мав аше секое униформирано битие кое се оби дуваше да избега од ту паницата од слободата, н емилосрден и незауздан го покоруваше просторот пред себе и со сигурност се пог рижуваше да остан е така. Се пов лекув аа внат ре во ѕидините. Какви кукавици, си помислив.
      Не бев сигурен, но мислам дека го видов Влаот, пијани цат а од кафанчето крај реката, како со клоца ја урна конструкцијата од стакленат а врат а на влезот и влета внатре како Хунски војсководач со цел да покори. Сигурно беше наоружан со дес етици чашки раки ја во желудникот штом се појавил тука.

      Влетуваа ослободени м ладинци внатре во устата на држават а за да ги откорн ат сите гнили заби кои го влошуваа здивот на народот. Среде неком промис ен хаос се врт ев наоколу и гледав само насмеани лица, гледав само среќни гримаси, гледав само позитивна енерги ја, с лушав изви ци на радост и песни за слобода.
      Слобода на народот! Почувствував н ежен скокот во вратот и погледнав налево. Мојата пеперутка горда н а мен е стоеше в рз моето рамо трепереше со очи њат а. Здраво пак убави це, изустив и милозвучно.
      Слободни сме, знаеш тоа?! Замавна ветровито со крилјат а во знак на потврда. Зачекоривм е заедно напред ис полн ети со енерги јат а од попладневното сонце кое го огреа целиот комплекс во знак на почит кон своите слободни синови и ќерки. Тивко вет ре дувна за да го однесе во непов рат пепелот од страдањето на луѓето. Никогаш пов еќе. Никог аш пак.

РАСКАЗОВ Е ЧИСТА ФИКЦИЈА
КОЈА СЕ НАДЕВАМ ЕДЕН
ДЕН ЌЕ СЕ ПРЕТВОРИ ВО
РЕАЛНОСТ.

Жив мртовец


Анархистички фронт

Анархистички фронт е организација која се залага за
создавање на бескласно и бездржавно општество,
засновано на еднаквост, солидарност, слобода, соработка,
екологија, мир, без општествени, економски и
политички хиерархии. Ние сметаме дека за постигнувањето на
такво општество потребна е револуција. За да има револуција
потребно е да се создадат материјалните услови за истата.
Тоа може да се случи преку доброволно, хоризонтално организирање
и директна акција на луѓето за конечно отфрлање и уништување на
капитализмот и државите.

Доколку си заинтересиран/а за
приклучување, информирање и сл. за активностите на
Анархистичкиот фронт посетете ја веб страната:

http://anarhija.tk
Или пишете на:
anarhisticki.front@gmail.com

Текстовите се лични мислења и ставови на
авторите и немаат авторски права. А.Ф. може, но и
немора да се согласува со истите.

© Copyleft.
Весникот може слободно да се препечатува, копира и споделува.