Први мај
Први мај не е ден за скари! Први мај е ден за протести!
Оваа година, како и претходната, на 1ви мај се одржа протест против континуираното намалување и кршење на работничките права, организиран од Движењето за социјална правда – ЛЕНКА ( www.lenka.mk ) а оваа година и од Анархистичкиот Фронт. Покрај овие две организации, на овогодинешниот протест беа дојдени другари и другарки од Грција и Бугарија. Ваквиот солидарен чин докажува дека „најактуелната“ тема која се врти по медиумите – проблемот помеѓу трите соседни земји со историјата и уставното име е само вештачки наметнат проблем дизајниран единствено да ствара омраза и нетрпеливост помеѓу луѓето од трите страни на границите. Тој вештачки наментат проблем исто така служи за оттргнување на вниманието од вистинските проблеми на човештвото, а тоа се преголемата сиромаштија и невработеност, концентрација на моќта и богатството во 1% од светската популација, работници платени под минимална плата, постојано прекршување на работничките права, висока цена на образование, мизерни услови за студирање, дискриминација по разни основи итн.
Овогодинешниот првомајски протест докажа дека постојат луѓе чиишто мозоци не се испрани од властите преку медиумите, докажа дека постојат луѓе кои се концентрираат на, и се обидуваат да ги решат вистинските проблеми на општеството, и кои се солидарни а не себични. Но за жал вкупниот број на такви луѓе, вклучувајќи ги и другарите од соседните земји кои излегоа на овој протест во Скопје беше околу 70-тина луѓе од кои повеќето беа студенти. Останатите, работниците, чијашто класна свест е задушена благодарение на минатиот систем заедно со т.н. „транзициски период“, побитно им беше да се одморат на ливада и да јадат скари. За жал мнозинството од работниците забораваат дека денот за скари и ливади до пред неколку години беше 2ри мај, а не 1ви. Незнаат ни дека на 1ви мај 1886 година работниците во Чикаго се самоорганизирале и се кренале на протести со цел да се добие 8-часовно работно време! Ако не беа тие протести, денес сеуште сите ќе работевме по 17-18 часа на ден, немаше да бидеме осигурани и газдите на работа уште посурово
ќе се однесуваа кон нас.
Работници! До кога ќе трпите вашите права постојано да не се почитуваат, да бидете третирани како машина на вашето работно место, до кога ќе дозволувате вашите газди да се изживуваат со вас, да не ви ја плаќаат прекувремената работа? Кренете го вашиот глас! Здружете се, активирајте се, солидаризирајте се, зашто за вашите права се работи! Борете се за подобри услови, барајте ги вашите права!
NO PASARAN!
NO PASARAN!
-ReBeL
Анархизам и синдикализам
Кога потоа во периодот од 1864та до 1866та била остварена старата идеа на Роберт Овен и била формирана интернационална работничка организација, оваа нова организација ги усвоила двата горенаведени базични принципи. Меѓународното здружение на работници, формирано од страна на претставници на британскиот синдикат и француските работници (во главно следбеници на Прудон), прокламирало дека еманципацијата на работниците мора да биде дело на самите работници и дека против капиталистите треба да се борат со меѓусебно поддржани масовни штрајкови.
Покрај тоа, меѓународните работнички конгреси повеќе не се занимавале со безсмислени дискусии со кои владетелите ги забавувале своите нации во парламентите. Тие расправале фундаментални прашања за револуционерна обнова на друштвата и ја покренале идеата која се покажала плодоносна, идеата за генерален штрајк. Што се однесува до политичките форми кои друштвото треба да ги земе во тек на револуцијата, федерациите од латинска Америка отворено се спротивставиле на идеата за централизира-на држава. Тие јасно и гласно се изјасниле во корист на организирање кое е базирано на федерации на слободни заедници и земјоделски региони, кои на тој начин би се ослободиле од капиталистичката експлоатација и врз таа основа на федерално уредување би се ослободиле од експлоатација од страна на поголемите територијални и национални единици.
Двата основни принципа на модерниот синдикализам, принципот на директна акција и внимателното разработување нови форми на социјалниот живот, имаат своја основа во синдикалните федерации, од почетокот двата биле главни принципи во МЗР (меѓународното здружение на работници).
Дури и тогаш, меѓутоа, внатре во здружението се јавиле две различни струи што се однесува на односот кон политичките активности, струи кои ги поделиле работниците на различни нации, Латини и Германи.
Французите во Интернационалата биле воглавно следбеници на Прудон, чија главна идеа била следната, да се укине постоечкиот апарат на буржоаска држава и да се замени со сопствени работнички синдикални организации кои ке регулираат и организираат се што е од значење за друштвото. Работниците се тие кои мораат да организираат производство на животни добра, праведна и непристрасна размена на сите производи од човековата работа, дистрибуција и потрошувачка. И ако тие го направат тоа, многу малку останува на државата. Производство на се што е потребно и праведна распределба и потрошувачка на производите се проблеми кои само работниците можат да ги решат. И ако тие го можат тоа, што и преостанува на сегашната влада и нејзината хиерархија од чиновници? Ништо, што работниците не можат сами да си го организираат.
Но, меѓу француските основачи на Интернационалата имало такви кои се бореле за Република и за Комуна. Тие инсистирале на тоа,политичката делатност да не биде игнорирана, и дека не е небитно за пролетеријатот дали живее под монархија, република или комуна. Тие знаеле од сопствено искуство дека триумф на конзервативците или империјалистите значи репресија во сите насоки и огромно слабеење на моќта на работниците во борба против агресивната политика на капиталистите. Не биле рамнодушни кон политиката но одбивале да бараат во изборните агитации или изборните успеси инструмент за ослободување на работничката класа. Следствено на тоа, француските, шпанските и италијанските работници се сложиле да ги внесат следниве зборови во статутот на интернационалата, Секоја политичка активност е инфериорна во однос на економската.
Извадок од Синдикализам и Анархизам – Петар Кропоткин
„Човештвото е заробено во циклус на страв, апатија и омраза. Овие човекови инстинкти ги хранат хиерархиските политички системи и бирократии кио најчесто го ограничуваат основното човеково право - потрагата по среќа. Општество коешто е базирано врз страв, апатија и омраза поставува систем што ја поткопува среќата на индивидуата. Тоа го потиснуваn индивидуалниот развој и одржува циклична шема на однесување вклучувајќи супериорност и инфериорност и класно општество базирано на невистинити идеали.”
- Mark Zimmerman
Зошто анархист(к)ите се против државата?
Анархистите се спротиставуваат на сите облици на хиерархиски авторитет. Историски, тие најголемиот дел од своето време и енергија го минале во особено спротиставување на двата негови главни облици. Едниот е капитализмот, а другиот државата. Овие два облици на авторитет имаат симбиозна врска и не можат да бидат одделени така едноставно.
Што всушност претставува државата? Како што се произнесол Ерико Малатеста, анархистите „го користеле зборот Држава... за накратко да го означат севкупниот збир на политички, законодавни, судски, воени и финансиски институции преку кои управувањето со нивната работа, контролата врз нивното лично однесување, одговорноста за нивната лична сигурност, се одземени од народот и доверени на други кои, преку присвојување или делегирање, се привилегирани со моќта да прават закони за сè и сешто, и да ги обврзуваат луѓето да се придржуваат кон истите, ако е потребно и со употреба на колективна сила."
Владата (или државата) „е составена од сите владетели... од оние кои ја имаат моќта да прават „закони" кои ќе ги регулираат меѓучовечките односи и ќе се грижат тие да бидат исполнувани... (и) кои имаат моќ... да ја искористат општествената сила, со други зборови психичката, интелектуалната и економската сила на целата заедница, со цел да ги обврзат сите да ги исполнуваат нивните желби.“(Anarchy, p. 13, pp. 15-16 - исто види и кај Кропоткин "the State: Its Historic Role", p. 10)
Ова значи дека голем дел, ако не и сите, анархисти би се согласиле со карактеризацијата на државата од Рандолф Бoрн (Randolph Bourne) како политичко-воена доминација на одредена географска територија од страна на владеачката елита (види го неговиот "Unfinished Fragment on the State", во Untimely Papers, 1919). За оваа тема Мјуреј Букчин (Murray Bookchin) напишал:
„во најмала рака кажано, државата е професиона-лен систем на општествена принуда... само кога принудата е институционализирана во професионална, систематска и организирана форма на општествена контрола - ... поддржана со монополот на насилство – дури тогаш вистински можеме да зборуваме за држа-ва". ("Remaking Society", p. 66)
Според тоа, можеме да кажеме дека, за анархистите, државата се карактеризира со три елементи:
1. Со „монополот на насилство" во дадена територијална област;
2. Ова (т.е. тоа) насилство кое ја има „професионалната" , институционална природа; и
3. Хиерархиската природа, централизацијата на моќ и иницијативата во рацете на неколкумина.
Од овие три аспекти, последниот – нејзината централизирана, хиерархиска природа (се мисли на државата - заб. на прев.) е најважен, едноставно заради тоа што концентрацијата на моќта во рацете на неколкумина осигурува поделба на општеството во власт и владеани (што го наложува создавањето на професионално тело кое ќе ја зацврсти таа поделба). Без таквата поделба, нам нема да ни треба монополот на насилство и едноставно ќе има здруженија на еднакви, кои не се обележани со сила и хиерархија (какви што постојат во многу бездржавни „примитивни" племиња).
Некои типови на држави, на пример, оние комунистичките и социјал-демократските, се директно инволвирани не само во политичко-воената доминација туку исто така и во економската доминација преку државното поседување на средствата за производство; додека пак во либералните демократски капиталистички држави, таквото поседување е во рацете на индивидуите. Во либералните демократски држави, сепак, механизмите на политичко-воената доминација се контролирани од и за корпоративната елита, и оттука, често се смета дека големите корпорации припаѓаат на широкиот „државен комплекс".
Бидејќи државата е делегирана моќ во рацете на неколкумина, очигледно дека таа се заснова на хиерархија. Ова делегирање на моќта резултира со тоа избраните луѓе да станат изолирани од масата на луѓе кои ги избрале и да бидат надвор од нивната контрола.
Покрај тоа, на веќе избраните им се дадени мноштво различни прашања и речено им е да решаваат за истите. Наскоро, околу нив се развива бирократија за да им помогне во нивното донесување на одлуки. Меѓутоа, оваа бирократија, заради нејзината контрола на информациите и нејзината перманентност, наскоро има повеќе моќ отколку официјалните избраници. Ова значи дека оние кои ги служат народните слуги имаат повеќе моќ отколку оние на коишто тие им служат, исто како што политичарите имаат повеќе моќ од оние коишто ги избрале. Сите форми на државни (или хиерархиски) организации неминовно ја мрестат бирократијата во себе. Оваа бирократија наскоро станува de facto фокусна точка на моќта во структурата, без оглед на официјалните правила.
Оваа маргинализација и обезвластување на обичните луѓе (а со тоа ополномоштување на бирократијата) е клучната причина за анархистич-кото противење на државата. Таквиот аранжман гарантира дека индивидуата е обезвластена, подложна на бирократска, авторитативна власт која ја редуцира личноста во објект или пак број, а не во уникатна индивидуа со желби, соништа, мисли и чувства. Како што Пјер Жозеф Прудон цврсто тврдел:
„Да се биде ВЛАДЕЕН значи да се биде набљудуван, посматран, шпиуниран, насочуван, озаконет, нумериран, запишан, индоктриниран, проповедан, контролиран, оценет, проценет, цензуриран, командуван, од креатури кои немаат ни право, ни мудрост, ниту пак доблест за тоа да го прават...
Да се биде ВЛАДЕЕН значи да се биде во секоја операција, во секоја трансакција, прибележан, запишан, пријавен, оданочен, обележан, измерен, класифициран, одреден, дозволен, одобрен, предупреден, забрануван, реформиран, поправан, казнет. Под изговорот на јавната корист и во името на сеопфатниот интерес да се биде ставен во прилог, во подготовка, откупен, експлоатиран, монополизиран, уценет, исцеден, мистифициран, заведен, ограбен; потоа, дури и при најмалиот отпор, првиот збор на жалба, да се биде потиснат, казнет, омразен, нападнат, прогонет, искористен, натепан, разоружан, задушен, затворен, осудуван, осуден, стрелан, депортиран, жртвуван, продаден, предаден; и, над сето тоа, излажан, исмеан, навреден, обесчестен. Тоа е влада; тоа е нејзината правда; тоа е нејзиниот морал". ("General Idea of the Revolution", p. 294)
Анархистите ја гледаат државата, со нејзиниот огромен делокруг и контрола на смртоносната сила, како „ултимативна" ( крајна, конечна - заб. на прев. ) хиерархиска структура која страда од сите негативни карактеристики кои се поврзани со авторитетот.
Заради нејзината централизирана, хиерархиска и бирократска природа, државата станува голем товар врз општеството, ограничувајќи го неговиот растеж и развиток и правејќи ја народната контрола невозможна. Како што рекол Бакуњин:
„Таканаречените општи интереси на општеството, наводно презентирани од државата... во реалноста се... главна и перманентна негација на позитивните интереси на регионите, комуните и асоцијациите, како и на бескрајниот број на индивидуи потчинети на државата... (со што) сите најдобри желби, сите живи сили на земјата се лицемерно жртвувани и погребани" (Михаел Бакуњин, "The Political Philosophy of Bakunin", p. 207).
- Skeletor
Што е анархо-феминизам?
Тешко прашање. Затоа можеби е најдобро да се тргне од почеток. На почетокот од приказната за анархо-феминизмот, анархиз-мот и феминизмот биле два, во главно, одвоени поими, но од секогаш биле тесно поврзано (на пример, еден од најстарите анархистички весници во светот, „Слобода“ ("Freedom"), во 1886 год. покрај останатите, го основала и една жена и феминистка, Шарлот Вилсон (Charlotte Wilson).
При крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век доста активни и забележани биле феминистките и анархистките, како на пример, Мери Волстенкрафт (Mary Wollstonecraft), Луси Парсонс (Lucy Parsons), Волтерин Де Клер (Voltairine de Cleyre) и Ема Голдман (Emma Goldman), кои ја популаризирале идејата за соединување на феминизмот и анархизмот. Можеби би можеле да ги наречеме зачетнички и пионерки на борбата за слобода на жените, а со тоа и на општеството, воопшто. Во дваесеттиот век идејата и движењето земаат замав и развиваат свои облици на организирање во независни групи. Тие се обележани со децентрализација, неструктурираност, отсуство на догмата, одбивање на една идеологија или линија и целосен презир спрема хиерархиските структури во групата, но и во целото општество. Таквиот облик на организирање и делување се одржал и до денес.
Анархо-феминизмот го препознава патријархатот како есенцијално оружје на модерното капиталистичко и хиерархиско општество, со чија помош го определува текот на секојдневниот човечки живот преку институциите и семејството како една од нив. Затоа сметам дека анархо-феминизмот како таков е поцелосно решение од самиот феминизам, затоа што не се фокусира само на промената на положбата на жените во општеството, туку на промената на положбата на СИТЕ луѓе во општеството, на целосна општествена промена. Проблемот на жените во општеството како граѓанки од втор (трет?) ред не е проблем сам за себе, туку е дел од целото проблематично општество на нееднаквост и авторитарност. И додека не се укине односот претпоставен/а и подреден/а од била која сфера на тоа исто општество, нееднаквоста помеѓу луѓето па така и меѓу жените и мажите ќе постои.
Системот кој се уште го одржува фетишот за женската инфериорност, тоа го прави затоа што најмногу од сè мрази кога се чепка во неговиот авторитет. Кога тој се предизвикува. Тоа е карактеристично за сите авторитети, без обѕир на тоа дали е тоа авторитетот на господарот над своите економски робови или е тоа авторитетот на мажот врз жената. Сепак, луѓето бегаат од своите кафези, напредувајќи со големи слободни чекори. Анархо-феминизмот е предизвик и за жените и за мажите во овај систем, но и човечки предизвик за самиот себе, затоа што сепак прво е нужна промената во себе а потоа околу себе.
- Преземено од http://terror13.anarhija.org
„Никогаш не очекувам мажите да ни дадат слобода. Не, жени, ние не сме достојни, сé додека не се избориме за неа.“
- Волтерин Де Клер
Општество
Живееме во систем во кој луѓе умираат секој ден без никаква сериозна причина. Премногу погрешни идеали и вредности, просто како целиот свет да полудел!
Ќе се запрашаш на момент: Дали сум сам? Дали се ебано сите против нас?
Во тој момент сфаќаш дека одговорот лежи во „одвратниот“, „омразениот“ и „најдолниот“ слој на луѓе. Сфаќаш дека всушност тие се оние кои сè уште имаат нешто бистро останато во нивниот ум. За нив може да се рече дека размислуваат со своја глава наспроти сите оние кои следат одредени празни верувања и догми.
Но што е тоа што треба да нè води напред?
На момент ќе доживееш шок и разочарување од сè. „Сфаќаш“ дека ништо не вреди и за џабе е целиот труд кој што си го вложил. Но тогаш всушност грешиш. Во тој момент само дозволуваш да бидеш изманипулиран од твоите чувства на самосожалување и илузијата која сам си ја креираш. Не си сам! Не си единствен! Никогаш не се откажувај, бидејќи тоа што треба да те води напред во животот е активизмот. Колку и да е, колку и да си сработил, макар и еден текст, цртеж, песна, бунт, протест, знаеш дека тоа си го сторил за подоброто утре, а не од корист и потреба како што и повеќето работи денеска и се прават. Покрај сè, што би правел во спротивно? Би се „зрачел“ пред компјутер, или би уживал во некоја друга „придобивка“ на капитализмот. Доколку тоа сакаш да го правиш – слободно, никој не ти брани. Но никој не ти брани ни да размислиш што е тоа што навистина го сакаш, а не слепо да се ограничуваш со својата рутина која можеби не ја ни сакаш. Понатаму, треба да се потпреш и на дружината, на луѓето што размислуваат како тебе, на солидарноста, поддршката, соработката и самиот факт што познаваш (или ќе запознаеш) луѓе кои имаат исти цели, идеи и интереси.
А за системот... Ова не е ни капитализам, ова е хаос, тиранија, хегемонија! Да те фати страв од ваквото општество. Се будиме со страв секој ебан ден, иако повеќето од нас тоа не го ни забележуваат, а уште помалку го признаваат. Толку се навикнати на тоа, што не ни имаат волја да се борат против. Некои неспособници го водат светов, а ние тивко и некритично ги пратиме и ги слушаме. Една работа е како ние го дозволуваме тоа, а друга како тие имаат желба да го прават истото.
За што? Зарем не забележуваат колку животи се губат на празно? Зарем и таа мала искра на алтруизам не се активира кога масовно убиваат деца и жени. За која цел? За пари? За моќ? Каква е таа моќ? Моќ да убиваш луѓе? Моќ да крадеш? Кога мене би ме прашале: Не фала, не ми треба таква моќ! Мене ми треба моќ креирана со труд. Моќ да бидеш почитуван со тоа што чесно работиш и со тоа што им помагаш на оние што се помалку моќни.
И чекај, што се тоа пари? Илузија! Ништо повеќе од глупа илузија запишана на хартија! Си даваат за право да освојуваат земји, тие да бидат над сите и тие да го ценат трудот на другите, да поставуваат нивни закони и да прават промени како ним и одговара, па згора на сè да речат дека НАРОДОТ ГО ИЗБРАЛ ТОА! Да отидеш, да ги треснеш од земја и да не им кажеш зошто! Само за тоа вредат! Народот е единствено виновен за тоа што иако сите го знаеме ова, иако секој кој што ќе го прочита текстов ќе увиди дека е навистина така, ретко кој презема нешто во врска со тоа и многу малку се оние кои вистински се активираат!
Затоа, нареден пат кога ќе сакаме да го најдеме виновникот за сето ова и кога конечно ќе одлучиме да направиме промена треба само да се погледнеме во огледало. Ние самите треба да се смениме! Ние сме виновни што си дозволуваме да ни го прават сето ова! Радикална промена (пред сè во самите себе, а понатаму низ целиот свет): тоа е спасот, тоа е иднината и таму лежи целата скриена надеж!
Да живее слободата!
- Другар
Recesija - Dubioza Kolektiv
(Tekst)
Zajebano vrijeme ništa dobro da se desi
dobio si otkaz sutra hlijeba neces jesti
počni da se brineš neke odluke donesi
podjesi, podjesi!
Kako problem sam od sebe može da se rješi
Da l' će rođak iz daleka kesu da oriješi
dok je u dijaspori na drugoj adresi
bolesni ostani gdije jesi
Vlada uvijek isto svira
narod uvijek isto bira
a ovde nikad neće biti mira
u novčaniku pola marke sija
RECESIJA..
Mi bi da radimo, al' posla nemamo
ovo nam se ne sviđa
mi bi da kupimo al' ćime to da platimo
stigla je recesija
Vrijeme brzo prolazi ti zaglavljen u trenu
s ove mrtve tačke stvari nikako da krenu
ne radiš baš ništa a nadaš se na svemu
Sam si izrežir'o sebi ovu filmsku scjenu!
Borite se svi i dalje svak za svoju vjeru
nije bitno imate li šta u frižideru
masovna hipnoza danas prešla svaku mijeru
ruke peru, oni ruke peru
Vlada uvijek isto svira
narod uvijek isto bira
a ovde nikad neće biti mira
u novčaniku pola marke sija
RECESIJA...
Анархистички фронт
Анархистички фронт е организација која се залага за создавање на
бескласно и бездржавно општество, засновано на еднаквост,
солидарност, слобода, соработка, екологија, мир, без општествени,
економски и политички хиерархии. Ние сметаме
дека за постигнувањето на такво општество потребна е револуција.
За да има револуција потребно е да се создадат материјалните услови за истата.
Тоа може да се случи преку доброволно, хоризонтално организирање и
директна акција на луѓето за конечно отфрлање и уништување на капитализмот и државите.
Доколку си заинтересиран/а за приклучување,
информирање и сл. за активностите на
Анархистичкиот фронт посетете ја веб страната:
http://anarhija.tk
Или пишете на:
anarhisticki.front@gmail.com
Текстовите се лични мислења и ставови на авторите и немаат авторски права.
А.Ф. може, но и немора да се согласува со истите.
© Copyleft. Весникот може слободно да се препечатува, копира и споделува.